Контакт

Европа

Претрес во 15 стана на радикализирани исламисти во Германија

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи на германската сојузна покраина Рајна-Вестфалија соопшти дека околу 250 полицајци го пребарале седиштето на Исламската заедница во Менхенгладбах, под сомневање дека членовите на оваа група учествувале во екстремистички активности.

Пребарување било извршено во 15 стана, во кои живееле членови на Исламската заедница, објави агенцијата АП.

Запленети биле лаптопи, телефони, хард дискови и документи.

Министерството соопшти дека Исламската заедница е осомничена за ширење исламистичка салафистичка идеологија.

Во акцијата никој не е уапсен, но во тек е истрага дали оваа организација треба да биде забранета.

Европа

Уапсено и петто лице поврзано со напаѓачот од Стразбур

Објавено пред

Петто лице од блиското опкружување на Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур е притворено, соопштиja од париското државно обвинителство.

Притворениот човек е близок до осомничениот кој се уште е во бегство, но не е член на неговото семејство, информираат изворите. Тој утрово бил уапсен во Стразбур.

Родителите на Шериф Чекат и двајцата браќа беа уапсени во средата. Во четвртокот попладне тие сè уште биле на распит во полиција, додаваат извори од државното обвинителство.

Покрај тоа, попладнево во квартот Нојдорф во Стразбур беше спроведенa голема операција во која учествуваше и елитната француска полициска единица, RAID. Акцијата завршила околу 17 часот по локално време.

Според полициски извори, рацијата била спроведена во рамки на истрагата, но нејзината непосредна цел не била апсењето на осомничениот.

Шериф Чекат со такси дошол до округот Нојдорф по пукањето во вторникот. По кратката престрелка со полицијата, му се губи секаква трага.

Прикажи повеќе...

Европа

Полициска рација во Стразбур, специјалци трагаат по напаѓачот на божикниот панаѓур

Објавено пред

Вооружени француски полицајци денеска почнаа рација во округот Нојдорф во Стразбур како дел од потрагата по напаѓачот што уби тројца луѓе на божикен панаѓур во овој источен француски град.

Елитната единица на француската полиција, RAID, е распоредена на една улица, а некои од вооружените полицајци претресуваат куќи во потрага по напаѓачот. Други го прошируваат безбедносниот периметар на соседните населби, објави агенцијата „Ројтерс“.

Засега не е јасно дали полицијата има информации дека напаѓачот се крие во оваа населба, каде што последен пат бил виден по нападот во вторникот вечерта.

По Шериф Чекат, напаѓачот во бегство, денес трагаат 720 полицајци низ источна Франција, иако не е сигурно дека тој уште е на територијата на оваа земја. Властите порачаа дека го бараат жив или мртов.

Чекат последен пат бил виден во населбата Нојдорф, од каде што му се губи трага. За Чекат денеска истрага отвори и германското обвинителство поради соменжите дека тој успеал да ја премине границата меѓу двете земји и дека сега се наоѓа на германска територија.

Чекат не им е непознат на германските власти. Во 2016 година тој бил осуден на две години и три месеци затвор поради грабежи, а таму бил нешто повеќе од една година пред да биде екстрадиран во Франција.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Не сакав да бидам претседател, им се довери Путин на руските ученици

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека не ја избрал професијата шеф на државата кога тоа му го предложил првиот претседател на Русија, Борис Елцин.

Како што рече тој, не бил подготвен за таква одговорност.

„Не ја избрав професијата претседател“, изјави Путин на отворен час во рамките на рускиот форум за професионална навигација „Пројекторија“ во Јарослав.

„Кога првиот претседател на Русија, Борис Николаевич Елцин, ме повика и рече ‘Сакам да ja претставам вашата кандидатурата во државната Дума да бидете премиер, а потоа ќе ви понудм да одите на претседателски избори. Дали се согласувате?’ Му реков – не“, раскажа Путин.

Тој посочи дека Елцин, кога го слушнал тој одговор, бил многу изненаден и заинтересиран и прашал зошто.

„Борис Николаевич, јас не сум подготвен“, му одговорил Путин. Сега актуелниот претседател на Русија пред присутните ученици на форумот објаснил дека тогаш веќе бил големо момче и веќе имал искуство со работа во разни структури на власта.

„Ви посакувам што порано да можете да донесувате важни одлуки во животот и да постигнете голем успех“, им рекол Путин на учениците што присуствувале на отворениот час.

Инаку, Владимир Путин на 31 декември 1999 година стана в.д. претседател на Руската Федерација, а на 26 март 2000 година беше избран за претседател на државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Штрајкот прекинат, затворениците ќе преговараат со Владата за амнестија

Затворениците што издржуваат казна во затворот „Идризово“ од утрово го прекинаа штрајкот со глад. Директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, вели...

Македонија2 часа

(Видео) Дебата: Секоја амнестија и насока за менување на обвинението е упад во правосудството

Секоја амнестија или аболиција претставува упад, односно мешање во судската власт бидејќи законите се обврзувачки за Обвинителството и за судствто,...

Македонија3 часа

(Видео) Анкета: Што ви значи датумот 27 април?

„27 април е обичен ден, мислам дека не е празник“, „ме асоцира на крв и насилство“, „фингирана партиска работа“, се...

Македонија4 часа

Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

До 20 декември „Транспаренси интернешнал – Македонија“ треба да ја заврши проценката на ризик за четирите компании добитници на грантови...

Македонија5 часа

(Видео) Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа на Клиничкиот центар

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10:30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат...

Европа6 часа

Захарова: Ќе се одмаздиме ако Киев не обезбеди сигурност за руските дипломати

Москва ќе преземе мерки и ќе се одмаздиме доколку Киев не обезбеди целосна сигурност и безбедност на руските дипломати во...

Екологија7 часа

(Видео) „О2 иницијатива“: Зошто нема казни за бурето со оган пред Собрание?

„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република...

Македонија7 часа

Папата ќе ја посети Македонија во мај

Македонската Влада и Ватикан соопштија дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година.  Претходно, минатиот месец...

Крвав четврток7 часа

Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

,,Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец...

Македонија8 часа

Во УБК билe следени телeфоните и на сопругата и братот на Мијалков

На денешното рочиште за предметот за масовното прислушување, „Таргет – Тврдина” продолжи да сведочи ексвработениот инеженер во МВР, Ѓоко Лазаревски....

Европа8 часа

Нов дипломатски скандал поради руски шпион

По одлуката на словачките власти за протерување руски дипломат од земјата, Москва реагираше со реципрочна мерка, објави „Спутник“. Минатата недела...

Европа9 часа

Меј: Ќе продолжам со мојата мисија за реализација на брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, по синоќешното гласање изјави дека сега ќе продолжи со својата „обновена мисија” да ја извади Велика...

Свет9 часа

Уште еден Канаѓанец исчезна во Кина

Канада соопшти дека се обидува да стапи во контакт со нејзин државјанин во Кина, кој исто така бил испитуван од...

Европа10 часа

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, според полицијата, станува збор за исклучително опасна личност

Француската полиција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур. Тој во...

Свет10 часа

(Видео) Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени кога брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за...

Македонија23 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет23 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски1 ден

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија1 ден

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Досие