Контакт

Европа

Претседателот на Австрија: „Путин ме измами“

Објавено пред

Претседателот на Австрија, кој се кандидира за нов мандат, Александар ван дер Белен, вели дека било грешка да не се диверзифицираат изворите на гас.

dobivaj vesti na viber

Тој истакнува и дека дозволил рускиот претседател Владимир Путин да го измами, како што го измамил целиот свет.

Ван дер Белен во интервју за телевизијата „Пулс 24“ беше прашан за претходните изјави дека е лесно да се разговара со Путин, тој објасни дека е лесно да се разговара со него бидејќи зборувал на германски и дека за време на посетата бил заинтересиран за неговата семејна историја, која е поврзана со Русија.

„Или тој веќе планира колонијалистичка агресивна војна или се промени во изминатите години. Секако, не е важно што, верувам дека Путин ме измами мене, како што го измами целиот свет“, објаснува тој.

Во врска со сè почестите критики за санкциите, Ван дер Белен рече дека сега не е време да се размислува за нивно прекинување.

„Овие санкции се ужасно штетни за Русија, а војната во Украина исто така влезе во фаза каде што е јасно дека Путин очигледно погрешно ја процени ситуацијата. На почетокот сигурно мислеше дека бргу ќе го освои Киев, а сега бележи загуби. Ситуацијата дополнително ја влоши делумната мобилизација во Русија поради што стотици илјади млади луѓе бегаат од земјата. Путин направи грешки во низа прашања. Не ми е јасно што прави руската разузнавачка служба или можеби Путин не им верува“, рече тој.

Ван дер Белен истакна дека ако Европа сега покаже слабост, подоцна ќе плати уште поголема цена. „Бидејќи тој има империјалистичка визија, единственото прашање е која ќе биде следната жртва на Путин“, предупреди тој.

Кога станува збор за зависноста на Австрија од рускиот гас и изјавата дадена во 2018 година за време на посетата на Путин на Австрија за „добро искуство“ со гасот од Русија, Ван дер Белен рече дека направил грешка со тоа што му верувал за рускиот гас.

„Во тој поглед, тоа не беа политички, туку комерцијални одлуки на ОМВ, што и јас го разбрав. Доколку имате деловен партнер со кој сте имале добро искуство повеќе од 50 години, кој нуди добар и поевтин гас од конкуренцијата, тогаш мислите што ќе ви се нови извори. Таквото размислување беше грешка што го направив, типична грешка на економист. Недиверзификацијата беше тешка грешка“, рече тој.

Европа

Зеленски: Имаме нешто што Русија го нема

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на зимата, апелираше на истрајноста и издржливоста на Украинците.

dobivaj vesti na viber

„Непријателот силно се надева дека ќе ја искористи зимата против нас: да ги направи зимскиот студ и тешкотиите дел од неговиот терор“, рече тој во својата дневна видео порака.

„Мораме да направиме се што можеме за да ја преживееме оваа зима, колку и да е сурова. Да се ​​издржи оваа зима, рече тој, значи да се издржи се.

Русија има предност во проектили и артилерија, посочи украинскиот претседател.

„Но, ние имаме нешто што окупаторот го нема и нема да го има: го штитиме нашиот дом и тоа ни дава најголема можна мотивација“, нагласи Зеленски.

Украинскиот народ се бори за слобода и ја брани вистината, вели тој.

„За да ја преживееме зимата, мора да бидеме поотпорни и обединети од кога било“, додаде Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш одржувам редовни разговори и директен контакт со претседателот Путин, бидејќи верувам дека ова е најдобриот начин да се продолжи интеракцијата за одржување на директен канал. Изолацијата е најлошата работа, особено за лидер како него“, рече Макрон во интервју за „CBS“.

Тој изрази мислење дека на 24 февруари, кога Русија одлучи да започне војна во Украина, направи огромна грешка, прво затоа што не го почитува меѓународното право и ги прекрши сите принципи, а второ затоа што „најверојатно направи многу грешки во нејзината проценка на нејзините и на украинските капацитети“.

„И сега се случува, да речеме, од септември, тие решија да бомбардираат многу цивилна инфраструктура. Ова е воено злосторство“ – рече Макрон.

Имајќи предвид дека војната во Украина предизвика скок на цените на храната и енергијата, како одговор на прашањето колку може да трае отворената поддршка на Западот за Украина, Макрон рече дека е исклучително важно „Европјаните, Американците и максималниот број од земјите во овој свет да ја поддржуваат Украина“.

Тој изрази мислење дека е важно да се пренесе пораката дека крајот на војната одлучуваат Украинците, а единствениот начин за решавање на ситуацијата во Украина би бил преку преговори.

Прикажи повеќе...

Европа

Украина прави сопствен дрон камиказа, ќе носи 75 килограми експлозив и ќе лета до 1.000 километри

Објавено пред

Украинскиот државен концерн „Укроборонпром“ изврши серија успешни тестови на украинско беспилотно летало со домет од илјада километри, изјави денеска портпаролката на компанијата Наталија Сад.

dobivaj vesti na viber

„Денес се завршени голем број фази на успешно тестирање. Во согласност со упатствата на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, преминуваме во фазата на тестирање на работата на авионот во случај на електронски напад“, рече Сад.

Таа потсети на недамнешните најави на концернот за развој на украински беспилотно летало кое може да носи до 75 килограми експлозив.

„Откако дронот успешно ќе го тестираме под електронски напад, се надеваме дека ќе можеме да го тестираме и во борба. Ветивме дека ќе го изградиме пред крајот на оваа година и се обидуваме да го исполниме тоа ветување“, рече портпаролката на Укроборонпром.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет31 минута

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа32 минути

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија1 час

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет1 час

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет1 час

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „ИзиЏет“ од Краков, Полска до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија2 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија20 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион21 час

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет22 часа

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија24 часа

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија1 ден

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет1 ден

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Предложени 458 проекти низ општините, граѓаните за првпат одлучуваат за што ќе се трошат нивните пари

„Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од...

Спорт1 ден

Австралија ги намачи, но Аргентинците закажаа дуел со Холандија

Аргентина е во четврт-финалето на Светското првенство и ќе игра против Холандија. „Гаучосите“ успеаја да ја победат Австралија со 2:1,...

Економија2 дена

Ковачевски: Повисоки пензии, повеќе пари за општините и здравството во буџетот за следната година

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на заедничка прес-конференција, го претставија Предлог-буџетот за 2023 година, оценувајќи...

Македонија2 дена

МВР: Немало закани кон полицајци во Арачиново, случајот е целосно расчистен

МВР тврди дека никој не им се заканувал на полициски службеници во Арачиново, а случајот е целосно расчистен. „По извршени...

Македонија2 дена

Украдено возило на Итната помош во Кочани, полицијата го пронашла по пет часа

Доцна синоќа околу 03.40 часот од Општа болница Кочани било украдено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска...

Свет2 дена

(Видео) САД го претставија новиот стелт бомбардер, може да носи и нуклеарни бомби

САД синоќа го претставија својот нов стратешки стелт бомбардер Б-21 Рајдер, авион што може да лета без екипаж и да...

Македонија2 дена

Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија сообраќаен софтвер, а Македонија ги има Трајчева и Русковска

Став на обвинетиот за предметот „Софтвери“ – поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкoвски: „Жителите на Сингапур од 2022 година...