Контакт

Свет

Претседателот на Египет стои зад мерките за штедење

Објавено пред

Египетскиот претседател Абдел-Фатах ал-Сиси изјави дека стои поазди најновите мерки за штедење на неговата влада, чија цел е повторно градење на слабата економија на земјата, во време на бран апсења откако тој беше реизбран за претседател.

Владата ја зголеми цената на електричната енергија и водата за пиење, како дел од програмата за економски реформи дизајнирана да се квалификува за тригодишен заем од 12 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд, кој Египет го обезбеди во 2016 година.

Доцна во вторникот во телевизиско појавување Ел-Сиси рече дека владата троши вкупно 330 милијарди евра египетски фунти, 18,6 милијарди долари годишно.

“Ние треба да ја платиме цената заедно” изјави тој.

Тешките мерки за штедење најмногу ги погодија сиромашните и египќаните од средната класа.

Египет ја интензивираше својата остра кампања против кои не се согласуваат со ставовите на владата откако Ел Сиси беше реизбран на изборите во март, во кои тој не се соочи со сериозни кандидати.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Објавено пред

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека останките на Моника Билен (62) биле откриени откако добиле нови, клучни податоци од нејзиниот телефон за да ја откријат нејзината локација.

Нејзиното тело било пронајдено на околу три километри од Емили Геп, место популарно кај туристите во еден изолиран природен резерват познат по своите карпести клисури во близина на Алис Спрингс во Северната Територија. Полицијата верува дека Германката отишла дотаму со стопирање и со пешачење

Полицијата започна потрага по копно и воздух откако Билен беше пријавена за исчезната на 11 јануари, но ја прекина потрагата пред да ги добие новите информации.

Температурите во централниот пустински регион на Австралија летово се над 40 степени Целзиусови, а полицијата соопшти дека Билен имала само жолта кашмирска шамија за да заштити од жешкото сонце.

Прикажи повеќе...

Свет

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Објавено пред

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде претставен во наредните месеци, пренесува „Спутник“.

Според планот, Палестина ќе добие двојно повеќе територија од онаа што ја контролира во моментот, но историскиот центар на Ерусалим, вклучувајќи ги и верските објекти и околните области, и западниот дел на градот, ќе останат под израелски суверенитет.

Покрај тоа, Израелците ќе можат да ги припојат главните населби на Западниот Брег и да ги задржат изолираните населби под своја контрола без да можат да ги прошират, но ќе мора да ги евакуираат т.н. нелегални населби. Планот, исто така, сугерира дека загубите ќе се компензираат со механизмот на територијална размена.

САД, наводно, очекуваат Палестинците да се откажат од своите барања за целата територија на Западниот Брег и Источен Ерусалим, вклучувајќи го и историскиот дел од градот. Покрај тоа, Вашингтон очекува некои отстапки и од Израел, кој се спротивставува на поделбата на Ерусалим и на палестинската државност.

Американската администрација планирала да го објави документот пред неколку недели, но одлучила да почека до парламентарните избори во Израел, закажани за 9 април. Специјалниот пратеник на САД, Џејсон Гринблат, во средата го критикуваше неодамнешниот извештај во медиумите, како неточен.

Администрацијата Трамп веќе неколку месеци работи на мировен план за израелско-палестинскиот спор. Палестинците одбија мешање на Вашингтон во решавањето на нивниот конфликт со Израелците откако Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел и ја премести Американската амбасада од Тел Авив во Светиот Град и покрај осудата на муслиманскиот свет и препораките на ОН да се воздржат од отворање дипломатски мисии во градот се додека не се реши неговиот правен статус.

Прикажи повеќе...

Свет

Речиси половина од младите Швеѓанки се чувствуваат небезбедно поради криминалот

Објавено пред

Статистичките податоци објавени од шведската агенција за криминални статистики „Бре“ покажуваат дека 42 отсто од жените на возраст од 20 до 24 години се чувствуваат небезбедно во секојдневниот живот, стравувајќи дека би можеле да станат жртви на разни кривични дела.

Новите статистички податоци се дел од Анкетата за национална безбедност на агенцијата од 2018 година, која покажа дека жените ги менуваат или секојднавната рута на патување пат или начинот на превоз поради страв од криминал. Марија Седерстром, истражувач во „Бре“, ги коментираше резултатите, велејќи:

„Животот на многу луѓе е ограничен од фактот дека треба да ги променат своите секојдневни навики на патување и рутини е сериозна последица на несигурноста и вознемиреноста поради злосторствата што младите жени велат дека ги доживуваат”.

Извештајот доаѓа по уште еден извештај од „Бре“ објавен во јули, во кој се вели дека скоро половина од жените кои живеат во „ранливи области”, честопати нарекувани ‘забранети зони’, се чувствуваа небезбедно во нивните соседства по стемнување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет59 минути

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион10 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа12 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија13 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија16 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија16 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија16 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија18 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија18 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија18 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија19 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија20 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија20 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија20 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија21 час

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија22 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион23 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести23 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија23 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Досие