Свет
Претседателот на Кина: Западот ги користи санкциите како оружје!

Кинескиот претседател Си Џинпинг остро ги осуди санкциите на Западот наведувајќи дека тие се користат како оружје во глобалната економија. Повика на единство при сооувањето со финансиските предизвици, јавува „CNN“.
„Трагедијата на минатото ни кажува дека хегемонијата, групната политика и конфронтацијата на блоковите не носат ниту мир, ниту сигурност, носат само војни и судири“ рече Џинпинг.
За украинската криза напомена дека е „уште еден повик за будење на сите во светот“ и потсетување дека „обидите за ширење на воени сојузи не ја обезбедуваат сигурноста“.
Си Џинпинг за санкциите на Западот прокоментира дека се „меч со две острици“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Рама: Не е само ЕУ виновна, ние сме луди на Балканот, сите мислиме дека сме најстар народ

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не е виновна само ЕУ што не му подаде рака на регионот на Западен Балкан на неодамнешниот самит во Брисел.
За време на дискусијата за потеклото и староста на балканските народи, Рама на шега ја спомна конкуренцијата на Грците и Албанците во тоа кој е најстар народ на Балканскиот Полуостров, пишува „Газета експрес“.
„На Балканот сите мислиме дека сме најстари. Ние Албанците мислиме дека сме најстари, дека сме настанале по мајмуните во еволуцијата на Дарвин. Ако ги замолите Србите да не ја напуштаат областа, оставете го тоа на Грците, кои мислат дека самите мајмуни настанале по нив. Турците може да предизвикаат голема кавга за тоа дали е турско кафе или грчко кафе. Истото важи и за Македонците и за Бугарите“, рече тој.
Рама изјави дека затоа не е виновна само ЕУ, но дека треба да бидат трпеливи со нас.
„Затоа, бидете трпеливи со нас, драги пријатели, и не заборавајте и покрај нашите проблеми, морам да ви посочам, бидејќи тоа не значи дека сме жртви на каква било неправда, не е толку едноставно, покомплицирано е. Сите сме жртви на нашата историја, а понекогаш и на самите ние, но ние сме добри луѓе, ние сме лојални луѓе и сме луди, затоа е подобро да нè имате со вас“, нагласи Рама.
Регион
Борисов: Нема да се повлечам и ГЕРБ да ја претворам во брош на Продолжуваме со промената

„ГЕРБ има лидер избран пред 3 месеци. Се повлеков од парламентот, да не иритирам, предложив кабинет без мое учество. Отсега да им свириш, да оставиш силна партија да стане брош на Продолжуваме со промената како ДБ, нема да се случи. Дефинитивно, избори“.
Ова за бугарски „Сега“ го коментира лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов по повод шпекулациите дека е подготвен да поднесе оставка од раководството на партијата во контекст на обидите за формирање кабинет.
Ваквите коментари доаѓаат по изјавата на поранешниот претседател Росен Плевнелиев за БТВ, во која тој вели дека „Борисов е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ. Борисов е подготвен да го стори тоа и тоа го изјави многупати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил за европскиот развој на Бугарија“.
Сепак, според Борисов, поранешниот претседател не бил правилно разбран.
Европа
Унгарскиот амбасадор во Германија: На Будимпешта никој нема да ѝ држи лекции за односите со Русија

Унгарскиот амбасадор во Германија, Петер Ѓоркеш, најави дека Будимпешта има намера да ја продолжи соработката со Русија на разни полиња.
Тој порача дека Унгарија ќе го стори тоа и покрај санкциите воведени од западните земји, пренесува „РИА новости“.
„Никој не треба да ѝ држи лекции на Унгарија за односите со Русија. Будимпешта зависи од руските суровини повеќе од другите. Нема да воведуваме радикални санкции“, нагласи дипломатот.
Дополнително, Ѓоркеш зборуваше негативно за обидите на Киев да изврши притисок врз својата татковина и за обидите на Берлин да снабдува оружје и да го транспортира преку Унгарија.
„Германија прави многу за Киев, но Украина одговори само со нефер критики. Ме нервира кога Украинците нè критикуваат. Русија јасно стави до знаење дека испораките на оружје ќе станат легитимни воени цели“, рече тој.
Петер Ѓоркеш стана амбасадор на Унгарија во Германија во 2015 година.