Контакт

Европа

Претседателот на Полска позитивен на коронавирус

Објавено пред

Полскиот претседател Анджеј Дуда е позитивен на коронавирус.

Неговиот портпарол Блажеј Спихалски на Твитер напиша дека претседателот бил тестиран вчера и дека тестот бил позитивен.

Спихалски наведе дека Дуда се чувствува добро.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Велика Британија размислува да се повлече од Врховниот суд во Хонгконг

Објавено пред

Властите на Велика Британија размислуваат да ги повлечат своите судии од Врховниот суд во Хонгконг, бидејќи Кина продолжува да ги крши своите меѓународни обврски на таа територија, изјави шефот на британската дипломатија, Доминик Раб.

Велика Британија, која владееше со Хонгконг повеќе од 150 години, сè додека градот не се врати во надлежност на Кина во 1997 година, предупредува дека новиот закон за безбедност, што официјален Пекинг го наметна на Хонгконг на 30 јуни, ја крши заедничката кинеско-британска декларација која го трасираше патот за враќање на Хонгконг на Кина, објави „Ројтерс“.

Официјален Лондон се спротивстави и на воведувањето нови правила наметнати од Пекинг со кои се дисквалификуваат избраните законодавци на Хонгконг и се врши одмазда на извршната власт над политичката опозиција и неистомислениците.

„Овој период од историјата на Хонгконг, по враќањето на таа територија во Кина, е извор на најголемата загриженост“, напишал Раб во предговорот на најновиот, редовен шестмесечен извештај за Хонконг.

Раб најави дека ќе разговара со лордот Рид, претседателот на Врховниот суд на Велика Британија, дали е соодветно британските судии да останат на позициите привремени судии на Врховниот апелационен суд во Хонгконг.

Прикажи повеќе...

Европа

Папата Франциско жестоко ги критикуваше оние кои не носат маска

Објавено пред

Папата Франциско нема разбирање за демонстрантите кои се против ограничувачки мерки, особено против носењето маски.

За луѓето кои протестираа по насилната смрт на афроамериканецот Џорџ Флојд, вели дека изразиле здрав гнев против расизмот.

„Некои групи протестираа, одбија да се држат на дистанца, маршираа против забраната за патување – како да мерките наметнати од владите се еден вид политички напад врз личната слобода“, напиша папата во новата книга, пренесува „Гардијан“.

Тој го поддржа носењето маски како вид заштита од короната.

„Истите тие луѓе кои протестираа против ограничувачките мерки, никогаш не би протестирале против смртта на Џорџ Флојд, ниту пак би демонстрирале затоа што некаде во светот на децата им недостасува вода за пиење, образование или поради семејства кои ги изгубиле сите приходи поради пандемијата. Не, тоа не ги допира, тие не би протестирале затоа што не се во можност да излезат од нивниот мал свет на лични интереси“, додаде Франциско.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанскиот крал е во изолација поради контакт со заболен

Објавено пред

Шпанскиот крал, Фелипе Шести (52), во понеделникот почна 10-дневен карантин откога бил во близок контакт со лице заразено од коронавирус.

Кралот ги откажал сите јавни собири за време на карантинот.

Кралицата Летиција и нејзините две ќерки ќе продолжат со планираната кралска програма, пишува „Ројтерс“.

Шпанија од почетокот на пандемијата регистрирала 1,58 милион случаи на коронавирус, а починале 43.131.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против корона се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот за...

Македонија1 час

„Медиапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот сајт „Медиапул“ објави прашања до бугарската влада кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија2 часа

Веридба со 30 и свадба со 90 гости – парични казни за скопјани поради организирање на собири

Скопското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект, поради организирање на масовни собири...

Македонија3 часа

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60...

Свет3 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија3 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет4 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет17 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет18 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија19 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија22 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион23 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа24 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Досие