Контакт

Европа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Објавено пред

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година поради нецелосниот одговор на пандемијата.

Дејвид Набаро, специјален претставник на СЗО, за швајцарски весник изјави дека владите во Европа ја пропуштиле шансата да ја изградат потребната инфраструктура во текот на летните месеци откако го ставија првиот бран под контрола.

„Сега имаме уште еден бран. Доколку не ја изградат потребната инфраструктура, третиот бран ќе го имаме на почетокот на следната година“, предупреди Набаро.

Иако веста за успехот на вакцините против коронавирусот е охрабрувачка, Европа сè уште се бори со вториот бран, што предизвика огромен број инфекции и повторно доведе до стотици смртни случаи дневно во најголемите економии на Западна Европа.

Набаро изрази загриженост за потегот на Швајцарија да дозволи скијање – со задолжителни маски на жичниците – а другите алпски земји, како Австрија, ги затворија одморалиштата, пренесува „Дејли мејл“.

Тој предупреди дека Швајцарија може да достигне многу високо ниво на болест и смрт.

„Треба да почекате додека не паднат бројките и да останат ниски. Реакцијата на Европа беше нецелосна“, заклучи тој.

Тој го пофали одговорот на азиските земји, како што е Јужна Кореја, каде што стапките на инфекции се релативно ниски.

 

 

Европа

Во Лондон растурена свадба со 400 луѓе, им се заканува глоба од 10.000 фунти

Објавено пред

Британската полиција денеска објави дека во Лондон растурила свадба со речиси 400 гости, организирана и покрај забраната за собирање голем број луѓе поради пандемијата на Ковид-19.

Според строгите мерки воведени на почетокот на годината, свадби може да се прават само во исклучителни околности и допуштено е собирање само шест лица.

Но, полицијата пронашла стотици луѓе во училиште во Стемфорд Хил во северен Лондон. Прозорците биле покриени така што не можело да се види што се случува внатре.

Организаторот се соочува со глоба во висина од 10.000 фунти.

Бројот на лица заразени од коронавирус во Велика Британија вртоглаво се зголеми кон крајот на минатата година по појавата на нов вид на вирусот, што доведе до повторно воведување карантин, вклучително и строги правила за свадби.

Дневниот број на нови инфекции се намали од речиси 70.000 на 8 јануари на нешто помалку од 40.000 во последните денови, но властите се загрижени дека многумина не ги следат правилата, па вирусот продолжува да се шири.

Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, во четвртокот предупреди дека прекршувањето на правилата се казнува со глоба и најави воведување нова глоба од 800 фунти за присуство на домашни забави.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Објавено пред

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на ЕК.

„Фајзер“ требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, компанијата објави дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирусот откога веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција воведува ПЦР-тест за сите патници што сакаат да влезат во земјата

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската Унија дека Франција ќе ги направи ПЦР-тестовите задолжителни за сите патници во Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, соопшти кабинетот на Макрон.

Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство, пренесува „Ројтерс“.

Тестот ќе треба да се изврши најдоцна 72 часа пред поаѓањето, беше речено по видеосамитот на лидерите на ЕУ, што се одржа во четвртокот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 часа

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Топ13 часа

Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на...

Свет14 часа

Скандал во Шпанија: Се вакцинирале војници и политичари, а не и приоритетните групи

Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор...

Топ15 часа

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж. Според информациите...

Свет15 часа

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија17 часа

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет19 часа

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Топ20 часа

Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во...

Топ20 часа

Пронајдено оружје и муниција во куќа во Скопје

Полицијата пронајде оружје во куќа во Скопје, а сопственикот е приведен. Според информациите на МВР, вчера бил приведен З.Д(49) од...

Македонија21 час

Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Свет21 час

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда кои беа на инаугурацијата заболени со Ковид-19

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се позитивни...

Економија21 час

РКЕ предлага проширување на листата на граѓани кои ќе добиваат финансиска помош за сметките за струја

Стартува дефинирањето на принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи со цел да се...

Регион22 часа

Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина...

Свет1 ден

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион1 ден

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет2 дена

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Свет2 дена

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија2 дена

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа2 дена

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија2 дена

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Досие