Контакт

Европа

Приведен осомничениот за хакерски напад на германски политичари

Објавено пред

Германските власти денеска објавија дека притворен е осомничениот за хакерскиот напад кој резултираше со објавување информации за стотици политичари и познати личности на интернет, пренесе агенцијата АП.

Се наведува дека Канцеларијата на федералната криминалистичка полиција објавила дека бил пребаран стан на осомничен 20-годишник од провинцијата Хесен во централниот дел на Германија. Засега не се соопштуваат повеќе детали, но за подоцна во текот на денот најавена е прес-конференција.

АП потсетува дека речиси 1 000 луѓе беа погодени од ова истекување на податоци и дека во повеќето случаи нападот се сведувал на објавување основни информации за тоа како да се контактираат тие луѓе, но и дека во околу 60 случаи биле откриени подетални лични податоци.

Агенцијата информира дека, според истрагата, биле објавени податоци на пратеници од сите партии во Бундестагот, освен на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АФД).

 

Вести

Курц: Одлуката на британскиот парламент е лоша и за земјата и за ЕУ

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц изјави дека би сакал да им остави време на Британците за да не дојде до премногу ненадеен излез од Европската унија и нагласи дека договорот за брегзит не може повторно да се преговара.

„Но, желбата за тоа мора да дојде од Велика Британија”, рече Курц.

Иако одлуката на британскиот парламент беше очекувана, таа е лоша и за земјата и за ЕУ, додаде Курц во својата изјава по седницата на австриската влада.

Британскиот парламент синоќа со 432 пратенички гласа „против“, и само 202 пратеници „за“ го отфрли договорот за брегзит кој премиерката Тереза Меј го склучи со Европската унија.

Прикажи повеќе...

Европа

Тереза Меј: Или договор или да останеме во ЕУ

Објавено пред

Британската премиерка, Тереза Меј, рече дека постојат два начина да се избегне ситуацијата во која не би бил договорот за брегзит – или да се избегне договорот или да се повика членот 50 од Лисабонскиот договор, што би значело останување во Европската Унија.

„Останување во ЕУ би значело кршење на резултатите од референдумот, а тоа е нешто што оваа влада нема да го направи“, рекла Меј во парламентот еден ден откако пратениците го отфрлија нејзиниот предлог-договор за брегзит.

Таа ги прашала пратениците кој вид договор за брегизт тие би поддржале.

Поради синоќешниот исход од гласањето, Велика Британија се наоѓа во најголема политичка криза во последните 50 години и размислува како и дали да излезе од ЕУ, на која ѝ се придружи во 1973 година.

Прикажи повеќе...

Вести

Полските пратеници му оддадоа почит на убиениот градоначалник

Објавено пред

Полските пратеници денеска му оддадоа почит на убиениот градоначалник на Гдањск, Павел Адамович.

Градоначалникот на Гдањск во неделата беше избоден со нож на добротворен настан. По нападот, тој беше пренесен во болница, каде што дежурниот лекар Јержи Карпински ја оцени неговата состојба како многу сериозна и беше подложен на операција, објави полската новинска агенција ПАП, но тој им подлегна на повредите во болницата.

Погребот на градоначалникот ќе биде в сабота, и тој ден претседателот Анджеј Дуда го прогласи за ден на жалост во Полска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија51 минута

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија59 минути

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија2 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија3 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија3 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија4 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија5 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија6 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион6 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести6 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија6 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет7 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет7 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет8 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет9 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет19 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион19 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион20 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет21 час

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Досие