Контакт

Европа

Принцезата Марија Тереза почина од коронавирус

Објавено пред

Принцезата Марија Тереза од Шпанското кралско семејство, почина вчера откако беше дијагностицирано дека е позитивна на коронавирусот.

Веста ја потврди нејзиниот брат, Сиктус Хнери Бурбон-Парме. Таа починала во Париз, Франција, на 86-годишна возраст. Таа е прва жртва на коронавирусот која припаѓа на европската кралска куќа.

Марија Тереза е родена во 1933 година.

Таа не се омажила, ниту имала деца, а живеела подолго од шест нејзини внуци. Таа е родена во Франција, а цел живот го поминала во Шпанија, каде се занимавала со пишување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Втор ден без нови заболени во Шпанија

Објавено пред

Во Шпанија нема починати од коронавирус веќе втор ден по ред, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Вкупниот број на починати е непроменет од неделата и изнесува 27.127, наведе Министерството, пренесе „Ројтерс“.

Со 27.127 жртви на Ковид-19, Шпанија е на шестото место во светот по бројот на починати.

Бројот на новозаразени од коронавирус се зголеми во однос на вчера за 137. Вкупниот број случаи изнесува 286.718, според податоците на порталот „Ворлдометерс“, со што Шпанија е на четвртото место во светот според бројот на заразени од коронавирус.

Прикажи повеќе...

Европа

Шефот на германската дипломaтија ги поддржа протестите во САД

Објавено пред

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, ги поддржа протестите во САД поради убиството на Афроамериканецот за време на брутално полициско приведување и поради поширок проблем на системскиот расизам.

„Протестите против расизмот се разбирливи и се повеќе од легитимни. Се надевам дека тие нама веќе да бидат насилни, но уште повеќе се надевам дека ќе влијаат на состојбата во САД“, рекол Мас.

Смртта на Џорџ Флојд ја нарече грозна и шокантна и побара разјаснување на неговата насилна смрт. Тој побара и истрага на нападот на телевизиската екипа на „Дојче веле“ во Минеаполис.

„Секое насилство кон новинари мора не само да се критикува туку и да се истражи и разјасни за новинарите да бидат заштитени за време на вршењето на својата работа“, додал Мас.

Прикажи повеќе...

Европа

Пожар во тунел во Германија, неколку лица завршија во болница

Објавено пред

Неколку лица се хоспитализирани поради вдишување чад во пожарот што избувнал во тунел на автопат во јужна Германија во близина на границата со Швајцарија, соопшти денеска полицијата.

Автомобил што минувал низ тунелот се запалил, а пожарот се проширил понатаму. Причината за пожарот сè уште не е утврдена, велат од полицијата.

Тунелот е евакуиран и затворен. Полицијата не го откри бројот на повредени, но рече дека никој не е сериозно повреден.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет6 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет7 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија7 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија9 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија11 час

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија11 час

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија12 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион14 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија15 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион15 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет16 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет17 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт17 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа17 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет18 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет1 ден

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет1 ден

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија1 ден

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Досие