Контакт

Европа

Принцот Чарлс ќе биде новиот лидер на Комонвелтот

Објавено пред

Принцот Чарлс од Велс е избран за нов шеф на Комонвелтот на нациите, јавува Би-би-си. Кралицата соопштила дека тоа била нејзината искрена желба, принцот Чарлс да ја наследи по нејзината смрт.

Лидерите на државите членки на Комонвелтот разговарале за ова прашање на состанокот зад затворени врати во замокот Виндзор, при што ја донеле одлуката за назначувањето.

Предлогот, раководството на организацијата да биде по ротациски принцип, меѓу 53-те држави членки беше отфрлен, а кралицата, британската влада и други лидери изразија поддршка за принцот Чарлс.

Комонвелтот на нациите е меѓународна организација во која членуваат Велика Британија и најголемиот број поранешни британски колонии.

Британската премиерка Тереза Меј и канадскиот премиер Џастин Трудо претходно ја дадоа својата поддршка на принцот Чарлс.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Салвини под истрага за злоупотреба на службени авиони

Објавено пред

Поранешниот италијански вицепремиер и претседател на Лига (партија од крајната десница), Матео Салвини, е под истрага за наводна злоупотреба на државни авиони и хеликоптери додека бил на должност, пренесува италијанскиот печат.

Државното обранителство во Рим достави документи до министерскиот суд – тело кое ги гони кривичните дела извршени од членови на владата – во врска со 35 патувања со летала на полицијата и противпожарната служба, пренесе „Кориере дела Сера“.

Од посебниот тричлен суд се бара да поведе истрага во врска со тоа дали ваквото користење на леталата било во согласност со закон.

Според истрагата спроведена пред неколку месеци од страна на левичарскиот дневен весник „Ла Репблика“, Салвини порано организирал собири на Лига непосредно пред или по официјални состаноци на државно ниво.

Државниот завод за ревизија, кој ја водеше истрагата за финансискиот аспект, во септември се откажа од тужба, тврдејќи дека овие патувања се чини дека не се поскапи од патувањата одобрени од владата за министрите и нивните соработници преку редовни линии.

Сепак, заводот ги оцени ваквите летови за незаконски затоа што според италијанското право, полициските и противпожарните авиони и хеликоптери мора да се користат исклучиво за институционални цели и за обука, а не за државни летови на министри.

„Колку повеќе не напаѓаат, толку повеќе напредуваме, со насмевка на лицето“, коментираше Салвини на „Твитер“ во врска со овој процес.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

„Дојче веле“: Орбан сака да владее вечно

Објавено пред

Унгарскиот парламент усвои измени на закони и на Деловникот, со кои практично се замолчува опозицијата, пишува „Дојче веле“, додавајќи дека Виктор Орбан е подготвен на сè, само за да не ја изгуби власта.

Како што се наведува, на унгарскиот премиер очигледно ништо не му е поважно од останувањето на власт, па затоа на изборен пораз гледа како на лична навреда.

По 13 години на власт, фактот дека тој ги загуби локалните избори во многу важни градови, вклучувајќи ја и Будимпешта, е доказ дека системот на Орбан, кој на сите начини е насочен против опозицијата, не е непобедлив, констатира германската медиумска куќа.

„Сега тој го возвраќа ударот со цел дополнително да се осигури против губењето на власта на национално ниво. Деновиве, парламентот усвои нови законски одредби, а планирани се и други. Тие се движат од ограничувања за формирање пратенички групи преку поголема контрола во културниот сектор до понатамошно намалување на даночниот суверенитет на општините“, пишува „Дојче веле“.

Пред пет години унгарскиот парламент го смени својот Деловник и стана гласачка машинерија, а опозицијата е само декорација, наведува „Дојче веле“ и додава дека претседателот на парламентот, Ласло Ковер, не пропушта можност да ги прекори опозициските пратеници или новинарите што известуваат за парламентарната работа.

Орбан постапуваше прилично умерено во последните неколку месеци и избегнуваше бранувања на политичката сцена бидејќи целеше на тоа за свој човек да обезбеди место на функцијата европски комесар за проширување. Ова место ѝ дава на Унгарија многу простор во нејзината политика кон Западен Балкан и поддршката на авторитарните лидери од регионот, оценува германскиот медиум.

Како што се наведува во текстот, од денот кога Оливер Вархели е именуван за комесар за проширување, Орбан повторно пука рафално – против американскиот милијардер Сорос, против граѓанското општество и опозицијата, против декадентниот Запад, што покажува дека не треба да се развиваат илузии за промени во неговиот начин на владеење.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Продолжува штрајкот во Франција: „Нема пауза за Божик, освен ако на владата не ѝ дојде паметот“

Објавено пред

Жителите на Париз денеска може да користат само две линии од градското метро бидејќи штрајкот на работниците поради пензиските реформи влезе во осмиот ден.

Тензии владеат во неколку региони во земјата, полицијата утрово употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во Нант, а на протестите во Марсеј беа запалени возила, објави агенцијата АП.

Синдикатите цврсто ги отфрлија новите предлози на владата на претседателот Емануел Макрон постепено да се спроведе план според кој најмладите работници во Франција, родени по 1974 година, би работеле до 64 години наместо до 62 со цел да дојдат до целосна пензија.

„Нема пауза за Божик, освен ако на владата не ѝ дојде паметот“, предупреди денеска Лорен Брун од синдикатот Конфедерација на трудот.

Отфрлањето на најновите предлози на владата упатуваат на тоа дека работничките лидери се решени да штрајкуваат без ограничувања.

Иако парижаните се најмногу погодени, со оглед на тоа што најмногу се потпираат на јавниот превоз, јавноста има разбирање за демонстрациите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ  да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и конечно да го промениме...

Македонија43 минути

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија2 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија3 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија3 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија4 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет5 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет5 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион7 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет7 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет7 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет7 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт17 часа

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион19 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија20 часа

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ23 часа

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија24 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија24 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија1 ден

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет1 ден

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Досие