Контакт

Вести

Присуството на Путин на свадбата на министерката ги скара политичарите во Австрија

Објавено пред

Очекуваното присуство на рускиот претседател, Владимир Путин, на свадбата на шефицата на австриската дипломатија, Карин Кнајсл, им создава проблеми на политичарите во Австрија.

Европратеничката од СПО, Евелин Регер, рекла дека се работи за провокација од европски размери и рекла дека присуството на Путин е срам за имиџот на Австрија. Исто така, опозициската Партија на зелените побара итна оставка од министерката наведувајќи дека Путин е најагресивниот непријател на ЕУ на полето на надворешната политика.

Карин Кнајсл (53), која за министерка ја именуваше десничарката Слободарска партија иако не е нејзин член, утре ќе се мажи за бизнисменот Волфганг Мајлингер.

Кремљ во средата потврди дека Путин ја прифатил поканата, пред средбата со германската канцеларка Ангела Меркел. Не е предвидено тој да дава изјави, а Виена ја нарече посетата на Путин „работна“.

Украина ја осуди посетата на Путин. Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на рускиот претседател не менува ништо во надворешнополитичката позиција на Австрија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Саудијците една година пред убиството на Кашоги барале платени убијци

Објавено пред

Истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги сè уште е во тек, но новите информации што ги објави „Њујорк тајмс“ дополнително го продлабочуваат сомнежот дека наредбата за неговото убиство во конзулатот во Истанбул доаѓа од самиот врв на саудискиот режим.

Саудиските разузнавачи блиски до принцот Мухамед бин Салман наводно лани прашале група бизнисмени со кои договарале соработка дали за нив би извршиле атентати на непријатели на монархијата, објави „Њујорк тајмс“.

Саудиска Арабија досега традиционално избегнувала тајни операции во странство, ликвидации и воени интервенции од страв дека авантуристичката надворешна политика би можела да доведе до нестабилност и изолација и така да ја загрози позицијата на најголемиот светски извоник на нафта. Но, судејќи по сè, тоа се сменило како што се зголемиле овластувањата на престолонаследникот, принцот Мухамед бин Салман.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Три лица избодени со нож на улица во Мелбурн

Објавено пред

Три лица се избодени со нож утринава во центарот на австралискиот град Мелбурн. Полицијата го застрелала напаѓачот и во критична состојба е пренесен во болница.

Локалните медиуми јавуваат дека од тројцата избодени едно лице е во критична состојба, друго има повреди на главата, а состојбата на третото лице не е позната.

Пред инцидентот, полицијата била повикана поради возило што горело во улицата Бурк. На видеоснимките објавени на интернет се гледа како мажот ѝ се заканува на полицијата со нож во раката.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Апокалиптични сцени од Калифорнија: Десетина илјади луѓе евакуирани поради пожар

Објавено пред

Десетина илјади луѓе се евакуирани на северот на Калифорнија поради голем шумски пожар. Загрозени се неколку населби, а засега не е познато дали има жртви или повредени.

Полицијата соопшти дека евакуацијата важи за целиот град Парадајз, кој има 27 000 жители и се наоѓа на околу 300 километри од Сан Франциско.

Пожарот се шири брзо поради силниот ветер, сувата трева и ниската влага во воздухот. Над Парадајз се издигнал густ црн чад кој можел да се види од оддалеченост од неколку километри.

Затворен е и автопатот во тој тел, а националната метеоролошка сллужба издаде црвен аларм за опасност од пожарите во повеќе делови на Калифорнија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Регион6 часа

(Видео) „Гардијан“: Хрватската полиција ги тепа барателите на азил

Британски „Гардијан“ објави снимка на која тврди дека се прикажани барателите на азил во Хрватска и на која се гледало...

Македонија8 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија8 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија9 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија11 час

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија11 час

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија11 час

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија13 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија13 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија14 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија15 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија15 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија15 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет16 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија17 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија17 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија18 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија1 ден

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија1 ден

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Досие