Свет
Проверка на московските аеродроми поради дојави за бомби
Службите за итни случаи ги проверуваат сите четири московски аеродроми по добивањето анонимни закани за поставени бомби.
„Полицијата прими дојава за поставени бомби на аеродромите „Внуково“, „Шереметјево“, „Домодедово“ и „Жуковски“. Истрагата е во тек“, велат од службата, пренесува ТАСС.
Аеродромите продолжиле да работат нормално и не биле евакуирани.
Претходно, непознато лице исто така јави дека се поставени бомби во 10 суда и повеќе од 10 училишта во Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
