Европа
Прогласена воздушна закана во Киев, повик до граѓаните да се засолнат

Сирени за воздушен напад попладнево повторно се огласиле во Киев, а од жителите било побарано да одат до најблиските засолништа, соопшти градската управа на главниот град на Украина.
Според украинскиот „Интерфакс“, градската управа известила за воздушна опасност во Киев.
„Прогласена е опасност од воздушна закана во Киев! Ги замолуваме сите жители итно да одат во засолништата за цивилна заштита“, објави градската управа на својата веб-страница.
На социјалните мрежи се шири фотографија од урнат руски хеликоптер, кој паднал за време на борбите за аеродромот „Хостомел“ недалеку од Киев. Би-би-си потврди дека видеото е автентично иако изворот на фотографијата не е познат.
Командантот на украинската армија, генерал Валериј Жалузни, потврди дека борбата за контрола на аеродромот е во тек, пренесува „Ројтерс“.
Си-ен-ен, пак, објави дека аеродромот веќе паднал и е под контрола на руските сили.
Украинското Министерство за енергетика соопшти дека денеска имало експлозија во електраната „Трипилска“, недалеку од Киев.
Електраната продолжува со работа, велат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лолобриџида на 95 години ќе се кандидира на избори, сака да стане сенатор

Познатата италијанска актерка Џина Лолобриџида изјави дека ќе се кандидира на општите избори следниот месец затоа што „ѝ е доста од препирките на политичарите“.
Лолобриџида, кој наполни 95 години во јули, сака да стане сенатор во партијата Суверена и Народна Италија (ISP), нов политички сојуз на евроскептиците, сојуз кој се спротивставува на политиката на Марио Драги, испраќање оружје во Украина и „воинствениот атлантизам“.
Таа изјави за Corriere della Sera дека е инспирирана од Махатма Ганди, дека го цени неговиот „начин на работа, неговото ненасилство“ и дека е „голем пријател“ на првата жена премиер на Индија, Индира Ганди.
– Ја гледав секогаш кога доаѓаше во Рим. Беше извонредна жена – рече таа.
Лолобриџида беше меѓу најгламурозните актери во златното доба на Холивуд.
Таа минатиот месец изјави дека е „решена да остане креативна“ и дека сега сака да искористи дел од таа енергија „за важни работи, особено за мојата земја“.
Последен пат Лолобриџида се обиде да влезе во политиката во 1999 година, кога се кандидираше на изборите за Европскиот парламент како кандидат на Демократите на Романо Проди.
Европа
Шолц за барањето Германија да ги забрани визите за Русите: Ова не е војна на рускиот народ

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин нема да поддржи неколку европски земји кои ги повикаа членките на ЕУ да престанат да издаваат туристички визи за руските граѓани.
Земјите кои ја поддржуваат таквата забрана велат дека Русите не треба да можат да одат на одмор во Европа додека Москва е во војна во Украина.
Финска и Данска сакаат одлука на ЕУ, а некои земји од ЕУ кои граничат со Русија повеќе не им издаваат визи на Русите, јавуваат агенциите.
„Ова не е војна на рускиот народ. Тоа е војна на Владимир Путин и ние мора да бидеме многу јасни за тоа“ – рече Шолц.
Тој на прес-конференција на маргините на еднодневниот состанок на петте нордиски лидери во Осло рече дека е важно да се разбере дека има многу луѓе кои бегаат од Русија бидејќи не се согласуваат со рускиот режим.
„Сите одлуки што ги носиме во рамките на ЕУ не треба да го отежнуваат одењето до слобода, напуштањето на земјата“ – рече Шолц.
Се очекува прашањето за визите да биде покренато на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на 31 август.
Европа
Се удави 14-годишник во базен во Анталија

Момчето се удавило во базенот на хотелот во Анталија, а семејството со обвинувања дека на базенот нема спасувачи.
14-годишното момче, чие име не се соопштува, со семејството било во хотел во турското летувалиште Анталија, пишува „Дејли меил“.
British boy, 14, drowns in hotel swimming pool during family wedding at Turkish beach resort – Daily Mail https://t.co/2uJ9nXdEpg
— Swim Solutions (@swimmsolutions) August 15, 2022
Во хотелот со 311 соби како гости на свадбата престојувале неколку членови на исто семејство.
Момчето се удавило во еден од петте базени под сè уште неразјаснети околности, а очевидци велат дека шанкер го забележал во водата и го извлекол на суво.
На момчето му била укажана прва помош и вештачко дишење, и било пренесено во болница, но, за жал, починало.
Семејството и сведоците, пишува „Сан“, тврдат дека на базенот немало спасувачи иако било еден часот попладне. Спасувачите наводно отишле на ручек. Хотелот ги негира овие наводи.
„Со тешко срце потврдуваме дека нашиот млад гостин почина додека пливаше со тетка му на нашата главна плажа. Од почит кон семејството, нема да даваме дополнителни изјави додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата. Категорично ги отфрламе обвинувањата за немање спасители“ – изјавил портпаролот на хотелот.