Контакт

Свет

Пронајдени делови од паднатиот руски авион, се стравува дека нема преживени

Објавено пред

Остатоци од авионот „ан-26“, кој исчезна со најмалку 28 патници и членови на екипажот на пат кон Камчатка, се пронајдени на брегот кај Охотск. Според надлежното министерство, авионот паднал на приближно 4 километри од аеродромот.

Првичните процени се дека во несреќата нема преживеани.

Рускиот авион „ан-26“ ја згубил комуникацијата за време на летот над Камчатка додека летал од Петропавловск кон Палана. Авионот исчезнал од радарот околу 14.55 часот по локално време, а во леталото имало шест члена на екипажот и 22 патници, од кои две деца.

Руското Министерство за кризни состојби соопшти дека ги испитуваат деталите за да откријат што се случило со авионот.

Како што дознава ТАСС, авионот бил технички исправен, а пилотот наводно не пријавил дефект.

Спасувачките екипи сè уште не успеале физички да стигнат до леталото.

На местото на настанот времето било лошо, облачно и магливо. Паднатиот „ан-26“ бил произведен 1982 година, а неговиот сертификат истекувал на 30 август годинава.

Според службите за итни случаи, авионот бил технички исправен пред полетувањето.

Регион

На возачот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 патници му се закануваат 15 години затвор

Објавено пред

Возачот на автобусот, во кој загинаа 10 лица, а над 40 беа повредени вчера наутро во близина на Славонски Брод, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска, а е осомничен за предизвикување на сообраќајна несреќа, за која е предвидена максимална казна до 15 години затвор.

Хрватската полиција објави дека е утврден идентитетот на осуммина загинати, додека постапката за идентификување на остантите двајца починати патници продолжува.

Во соопштението од полицијата се наведува дека возачот, 52-годишен државјанин на Косово, со кривична пријава под сомнение дека предизвикал сообраќајна незгода, е предаден на надзорникот за притвор, а потоа ќе биде предаден на државното обвинителство во Славонски Брод за понатамошна постапка, пренесе хрватски „Индекс“.

Досега полицијата утврди дека 52-годишниот косовски државјанин, кој управувал автобус со косовски национални ознаки, не се движел по средината на обележаната сообраќајна лента, туку преминал во тревата покрај патот, а потоа автобусот се превртел на страна.

Во оваа сообраќајна несреќа загинаа 10 лица, 15 лица се здобија со тешки, додека 30 лица со полесни повреди.

Повредените биле пренесени во болница во Славонски Брод за укажување на лекарска помош, каде некои од нив се задржани на понатамошно лекување.

Прикажи повеќе...

Европа

Над 250 пресуди во Британија поради педофилија во извидничките организации

Објавено пред

Повеќе од 250 лица во Велика Британија и Ирска се осудени за злосторства за сексуална злоупотреба на деца, кои ги сториле додека биле на позиции на водачи меѓу извидниците или други одговорни позиции во извидничкото движење од 50-тите години на минатиот век.

Според анализата што отвора прашања во врска со заштитните активности на организацијата, многу деца биле малтретирани од некој на кој им била доверена нивната благосостојба, пишува „Гардијан“.

Пресудите во 255 случаи вклучуваат пресуди за силување, непристоен напад, воајеризам, создавање и поседување порнографски слики…

Случаите датираат од 50-тите години на минатиот век, но вклучуваат и современи примери, како Оливек Купер од Богонор Регис, кој во октомври минатата година беше затворен на шест години поради три точки за сексуален напад на две шестгодишни девојчиња, правење непристојни фотографии од деца и 13 точки за воајеризам.

Овие дела се случиле нешто повеќе од две години претходно.

Минатата година Грахам Ависон од Манчестер, откако се изјасни за виновен, беше осуден на пет години и седум месеци затвор во ноември, врз основа на четири точки за непристоен напад.

Аби Хиксон, соработник во тимот против злоупотреба на адвокатот Болт Бурдон Кемп (ББК), кој создаде интерактивна мапа на злоупотреба на извидници, рече дека Здружението на извидници треба да стори многу повеќе за да ја заштити безбедноста на своите членови од сексуални предатори и дека во моментов има показатели оти постои можност ненамерно да се олесни злоупотребата, наместо активно да се спречи тоа.

„Повеќето од нивните политики за заштита се потпираат на интегритетот на самите извиднички водачи и зависат од индивидуата која ќе избере или не да се придржува до нив. Важно е да се има предвид дека оние кои сексуално ги злоупотребуваат извидниците по својата природа се многу манипулативни, таинствени, изопачени опортунисти“, рече Хиксон, додавајќи дека мора да постои култура на транспарентност и доверба и мора да се преземат чекори на сите нивоа во организацијата за активно спречување на сексуалната злоупотреба на извидници.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Објавено пред

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што беа затворени осум подземни метростаници, а две болници побарале од пациентите да не ги користат нивните ургентни центри.

Болниците погодени од поплавите Випс Крос и Њухем во неделата на „Твитер“ побараа од пациентите да одат во соседните болници, доколку е можно, сè додека не ги решат оперативните проблеми предизвикани од поплавата.

Шокантно видео покажува дека станицата Падинг Мил Лејн е поплавена, пренесе британски „Експрес“. Станица во источен Лондон е под вода висока најмалку 30 сантиметри со силно струење.

На другите снимки се гледаат автомобили и автобуси заглавени по поплавените улици додека возачите очајно се обидуваат да поминат низ водата. Повеќе автомобили биле напуштени по патишатата како што се покачувало нивото на водата. На снимките се гледаат и пожарникари кои се обидуваат да минат низ водата до колената.

„Ова е најинтензивниот дожд што некогаш сум го доживеал во оваа земја“, објави на „Твитер“ жител на Лондон, а пренесе „Експрес“.

„Ова е лудо, на некои улици водата е до колена“, објави друг корисник на „Твитер“.

Противпожарните единици соопштија дека добиле околу 300 повици, главно од населени места каде се поплавени подруми.

Бројни патишта во главниот град се затворени, вклучувајќи ги тунелот Блеквол, патот А12 и делови од Северната обиколница. Голем метеж се создал и на други правци во градот, а осум метро станици се затворени.

Предупредување за можна бура и грмотевици е на сила за поголемиот дел од југоистокот на Англија, а во некои области се предвидува дека ќе наврнат 75 до 100 милиметри дожд.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија31 минута

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 час

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија2 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија2 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа3 часа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија3 часа

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет5 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија5 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија6 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија23 часа

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион24 часа

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија1 ден

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија1 ден

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија1 ден

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија1 ден

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија2 дена

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Македонија2 дена

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје...

Свет2 дена

(Видео) Илјадници луѓе излегоа на протест во Австралија поради карантинот

Илјадници луѓе се собраа денес во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против воведените рестриктивни мерки поради...

Досие