Контакт

Вести

Пронајдени остатоци од исчезнатиот француски авион, пилотите се водат за исчезнати

Објавено пред

Во областа Жур по неколкучасовна потрага биле пронајдени остатоци од францускиот борбен авион „мираж 2000D“, кој рано утринава, по полетувањето, исчезна од радарот токму во оваа област.

За време на снежна бура авионот исчезнал од радарот во областа недалеку од границата со Швајцарија, а пилотите сè уште се водат за исчезнати, објавија француските медиуми.

„Се надеваме дека ќе ги пронајдеме живи, сега тие се исчезнати“, изјави портпаролот на француското воздухопловство на прес-конференцијата во Париз, пишува „Фигаро“.

Според портпаролот, со пилотите не бил воспоставен никаков контакт по исчеззнувањето на авионот ниту, пак, имало сигнал дека тие се катапултирале. Според него, не бил активиран механизмот за катапултирање под седиштето.

Неименуван воен извор изјавил дека е познато оти се случило нешто невообичаено, но не е прецизирано што точно.

Францускиот весник L’Est republiken објави дека падобрани и мапа биле пронајдени меѓу остатоците, но портпаролот на француското воздухопловство, иако потврди дека е пронајдена ткаенина што личи на дел од падобран, истакна дека е премногу рано да се каже дали тоа било падобран на пилотите или падобран од леталото.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Откриени 12 мигранти во камион ладилник со овошје и зеленчук во Белгија

Објавено пред

Белгиската полиција синоќа објави дека открила 12 мигранти скриени меѓу овошје и зеленчук во камион ладилник.

Mигрантите, од кои 11 сириски државјани и еден од Судан, биле пронајдени во вторникот вечерта во добра здравствена состојба.

Полицијата ја повикал возачот на камион кој се сомневал дека има скриени луѓе во возилото. Мигрантите биле откриени на патот што ги поврзува белгискиот град Антверп со Холандија.

Полицијата не соопшти каде оделе мигрантите.

Минатата недела во камион ладилник во Велика Британија беа откриени 39 тела на мигранти што смрзнале до смрт.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Големи пожари во Калифорнија, наредена итна евакуација

Објавено пред

Властите во Калифорнија наредија евакуација на неколку стотици луѓе од населбата Гејзервил, северно од Сан Франциско, поради големите шумски пожар во округот Сонома. Американските медиуми објавија дека 200.000 луѓе останале без електрична енергија.

Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија соопшти дека пожарот, кој се шири поради силните ветрови, досега има зафатено површина од речиси 10.000 акри.

Шерифот на округот Сонома нареди задолжителна евакуација за Гејзервил, во која живеат околу 900 луѓе.

Метеорологот Марк Шенард изјави дека ветерот ќе достигне најголема брзина во текот на вечерта и ќе продолжи утре. Тој предупреди дека Северна Калифорнија ќе ја погодат ветрови со брзина до 72 километра, кои нема да ослабат и за време на викендот.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Објавено пред

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во кои една зграда беше запалена, а метрото беше блокирано.

Протестите избувнаа поради незадоволството од поскапувањето на јавниот превоз во градот, а демонстрантите подметнале пожари во неколку метро станици, извршиле грабежи во повеќе продавници и запалиле градски автобус.

Во своето обраќање до нацијата, Пинера рече дека прогласува вонредна состојба во две провинции и две општини во поширокиот регион на Сантијаго заради сериозни и повторени напади на метрото, напади врз јавен и приватен имот како и за зачувување на безбедноста на граѓаните.

Претседателот на Чиле најави дека во наредните денови Владата ќе повика на дијалог со цел ублажување на последиците од поскапувањето на јавниот превоз за најсиромашните.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 часа

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија13 часа

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа14 часа

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ17 часа

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ18 часа

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Топ19 часа

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР...

Топ21 час

Притворен маж од Арачиново – убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот....

Спорт21 час

„Кориере“: Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за милијарда евра!

Иако на крајот на септември во отворено писмо, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаут демантираше дека ќе го...

Македонија22 часа

Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна...

Регион22 часа

Македонски шлепер се преврте на автопатот Ниш – Белград

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун...

Регион23 часа

(Видео) Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Издаден...

Регион23 часа

Вучиќ во болница поради кардиоваскуларни проблеми

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија....

Македонија23 часа

Приватните специјализанти најавија протест, бараат повисоки плати

За во понеделник (18 ноември) кофинансираните приватни специјализанти најавија на протест пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата...

Македонија24 часа

Независниот синдикат на полицијата на протест пред Влада

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем) со...

Свет1 ден

Протестите на „Жолтите елеци“ ја чинат Франција речиси три милијарди евра

Франција изгуби 2,5 милијарди евра поради протестите на „Жолтите елеци“, кои почнаа пред една година, објави француската радиостаница РТЛ повикувајќи...

Македонија2 дена

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија2 дена

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија2 дена

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ2 дена

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Досие