Контакт

Свет

Пропадна лансирањето на ракетата „Аријанспејс вега“ во Јужна Америка

Објавено пред

Лансирањето на ракетата „Аријанспејс вега“ пропадна рано изутрина и товарот што требаше да се транспортира беше изгубен, објавија официјални лица од европската компанија „Аријанспејс“.

Портпаролката на компанијата за лансирање ракети изјави за француската новинска агенција АФП дека проблемите се случиле две минути по лансирањето од полигонот Коро во францускиот прекуморски департман Гијана во Јужна Америка.

Тоа беше прв неуспех  во врска со ракетата, а компанијата се извини за губењето на товарот.

Вега ракетата требаше да го лансира набљудувачкиот сателит FalconEye 1 за потребите на Обединетите Арапски Емирати. Сателитите беа произведени од „Ербас“ и вселенската компанија „Талес аленија спејс“.

Сателитските снимки требаше да се користат за создавање мапи, контрола на земјоделско земјиште, урбанистичко планирање и граничен надзор.

Свет

(Видео) Папата им подари луксузна палата на сиромашните

Објавено пред

Папата Франциск одлучи палатата Миљори да ја претвори во дневен и ноќен прифатен центар за многумина бездомници и сиромашни, пишува италијанскиот весник „Ла Стампа“.

Се работи за луксузна градба, изградена во 1800-тите години во која живеело римското благородништво. Се наоѓа на неколку чекори од ватиканската базилика на Свети Петар. Четирите ката имаат вкупно две илјади квадратни метри, а има многу фасцинантен поглед на плоштадот Свети Петар.

Канцеларијата на делителот на милостини, која ја води кардиналот Конрад Крајевски, ја следи работата на реструктуирањето. Самата обнова ја извела група на бездомници од специјализирани компании, а работите се платени со прилози добиени на пергамент со апостолски благослов од  папата.

Прикажи повеќе...

Регион

Обид за киднапирање фудбалер во Нов Белград

Објавено пред

Белградската полиција уапси две момчиња во Калуѓерица под сомнение дека синоќа околу 3 часот по полноќ се обиделе да го киднапираат 20-годишниот фудбалер Алекса Терзиќ, млад српски репрезентативец и до неодамна играч на „Црвена ѕвезда“ , пренесе „Блиц“.

Според првичните информации, најпрво настанала расправија, а потоа и несреќа кога „ауди“ удрило во автомобилот на фудбалерот, марка „бе-ем-ве“, во кое бил сам.

Според „Блиц“, кога младиот фудбелер излегол од автомобилот, тие се обиделе да го стават во багажникот, меѓутоа тој успеал да се оттргне и да избега.

Двајцата млади момчиња потоа го зеле неговиот автомобил и избегале кон белградската населба Калуѓерица, каде подоцна биле уапсени откако фудбалерот случајот го пријавил во полиција.

Прикажи повеќе...

Регион

Продадена зградата на амбасадата на поранешна Југославија во Бон за 3,7 милиони евра

Објавено пред

Земјите наследнички на СФРЈ ја продадоа зграда на амбасадата на поранешна Југославија во Бон за околу 3,7 милиони евра, според новинската агенција СТА, повикувајќи се на словенечкото Министерство за надворешни работи.

Зградата на амбасадата, која зафаќа површина од 5.400 квадратни метри со градина, е изградена пред повеќе од 40 години, но не е користена во последните две децении, така што е во многу лоша состојба.

Амбасадата последен пат ја водеше словенечкиот дипломат Борис Фрлец како амбасадор на поранешна Југославија во Сојузна Република Германија меѓу 1989 и 1991 година.

Покрај резиденцијата во Бон, земјите наследнички на СФРЈ во текот на изминатата година и пол ги продадоа и поранешниот конзулат во Њујорк и поранешната амбасада во Токио.

На продажба се и зградите на некогашната мисија на Југославија во Њујорк и на поранешната амбасада во Берн, јавува словенечката агенција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија24 минути

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија38 минути

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука2 часа

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија2 часа

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа2 часа

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет3 часа

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија3 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион14 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија15 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа16 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија18 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет21 час

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија21 час

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија23 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ23 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија24 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија1 ден

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ1 ден

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Досие