Контакт

Свет

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Објавено пред

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци.

Во едно писмо од Министерството, до кое дошла интернет-страницата, се наведува дека надворешни програмери имале неконтролиран пристап до 76 милиони полициски податоци.

Меѓу податоците до кои можеле да дојдат биле полициски пријави, протоколи за сослушувања сведоци и осомничени, тајни документи, национални и меѓународни криминалистички податоци, како и информации од шенгенскиот информативен систем.

Надворешните програмери, според писмото, можеле без никаков надѕор да ги гледаат сите податоците што сакале. Интересно е тоа што сите активности што ги следеле директно на датотеките останале без протокол и дека немало никаков надѕор од надлежните.

Многу административни програми на Министерството се поставуваат и сервисираат од страна на надворешни компании.

Регион

БиХ: Бројот на новороденчиња намален за 40 проценти во последните 20 години

Објавено пред

Минатата година во Босна и Херцеговина се родени 28.600 бебиња, што е за 40 проценти помалку отколку во 1997 година кога се родиле 48.300 бебиња, а во првите девет месеци од оваа година продолжува падот на новороденчињата.

Во Босна и Херцеговина, 20 општини претрпеле намалување на новороденчињата и повеќе од 40 проценти за 10-годишен период, пишува „Клих“.

Се наведува дека една од главните причини за ваквата состојба е иселувањето на населението, иако нема точни показатели за тоа.

Трендот на емиграција на граѓаните на Босна и Херцеговина, претежно во земјите од Западна Европа, трае од крајот на војните на територијата на поранешна Југославија, а најважните причини се недостатокот на перспектива, политичката клима и квалитетот на животот.

Се додава дека е особено загрижувачки што во последниве години заминуваат вработени лица, дури и лица со многу повисоки приходи од просекот во земјата.

Прикажи повеќе...

Свет

Борел и Столтенберг: ЕУ и НАТО ја засилуваат соработката

Објавено пред

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го потврдија продолжувањето на партнерството и соработката помеѓу Алијансата и Унијата во однос на прашањата од заеднички интерес и безбедноста.

„НАТО е најсилната воена алијанса во светот и ќе остане заеднички именител и основа на европската одбрана“, рече Жосеп Борел.

На својата прва средба како шеф на дипломатијата на ЕУ, Борел истакна со генералниот секретар на НАТО дека двете страни продолжуваат да ја зајакнуваат соработката.

„Градењето заедничка европска одбрана не е алтернатива, туку придонес кон односите НАТО-ЕУ“, рече Борел.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави Борел на новата функција и најави дека тој ќе продолжи да води политика на надополнување наместо на натпревар помеѓу НАТО и ЕУ.

„Безбедносните предизвици со кои се соочуваме се премногу сложени за секоја нација поединечно. Ниту НАТО, ниту ЕУ не ги имаат сите потребни инструменти потребни за безбедноста на нашите народи. Само со заедничко работење можеме да постигнеме многу “, вели Столтенберг.

Столтенберг рече дека сојузниците на НАТО на самитот во Лондон оцениле дека Алијансата и Унијата имаат извонредна соработка, особено во делот на миграциската и бегалската криза, и борбата против сајбер и хибридните закани.

Прикажи повеќе...

Европа

Холандија го намали нивото за опасност од терористички напад

Објавено пред

Холандската национална агенција за борба против тероризмот го намали нивото на тероризам во земјата, за прв пат од 2013 година.

Заканата е сега на трето ниво, на скала од еден до пет, што значи дека нападот е сè уште можен.

„Џихадистите продолжуваат да вршат напади на Запад, но ситуацијата не може да се спореди со периодот 2015-2017 година, кога имаше десетина напади во Европа секој ден“, наведе холандската агенција.

Минатиот месец, двајца мажи беа уапсени во Холандија под сомнение дека подготвуваат напад.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Прв состанок на Путин и Зеленски на Самитот во Париз

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за прв пат се состанa во Париз со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на самитот насочен...

Топ5 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија5 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија5 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија8 часа

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион9 часа

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт9 часа

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет10 часа

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Македонија11 час

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Свет11 час

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка...

Свет12 часа

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на...

Свет12 часа

(Видео) Ерупција на вулкан на Нов Зеланд, има и жртви

Едно лице загина, а 20-на се повредени во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација...

Регион1 ден

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ1 ден

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Регион1 ден

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради...

Топ1 ден

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на...

Топ1 ден

Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12...

Македонија1 ден

Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“. Според информациите од терен,...

Македонија1 ден

Османи: Венецијанската комисија не вели да се отфрли двојазичноста во судството, туку да се создадат услови

Секој обид за еднострано поместување на балансот во македонско-албанските односи кој е постигнат со многу труд, со многу жртва од...

Култура1 ден

Две престижни признанија за документарецот „Медена земја“ во Лос Анџелес

Документарецот „Медена земја“ освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди (ИДА), што се одржаа вчеравечер (7. декември) во...

Досие