Контакт

Свет

Протести во Конго против електронски гласачки машини

Објавено пред

Поддржувачите на опозицијата во Демократската Република Конго излегоа на улиците со барање за повлекување на електронските гласачки машини кои се подготвуваат да се искористат на декемвриските избори во оваа африканска држава.

Властите ги дозволиле овие маршови, но безбедносните сили се секаде распоредени.

Претседателот Џозеф Кабила требаше да се повлече од функцијата пред две години кога и официјално му заврши мандатот, но бидејќи изборите беа одложени, неговата функција беше продолжена.

На двата главни опозициски кандидата, Жан Пјер Бемба и Моаз Катумби, им е забрането да учествуваат на изборите.

Двајцата ги повикаа своите поддржувачи да излезат и да протестираат против јужнокорејските гласачки машини.

Бемба изјавил дека тие треба да протестираат против најголемата изборна измама со електронски машини, кои сè уште не биле тестирани во ниту една друга држава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Италија наскоро можеби и граѓаните ќе предлагаат закони

Објавено пред

Претставничкиот дом на италијанскиот парламент, во кој доминираат популистите од Движењето 5 ѕвезди (M5S) и десно ориентираната Лига усвои предлог-закон кој им овозможува на граѓаните да предлагаат закони, можност што досега не постоеше во оваа европска земја.

Усвоениот предлог-закон предвидува дека предлозите на граѓански иницијативи кој имаат собрано најмалку 500 000 потписи мора во рок од 18 месеци да бидат прифатени од страна на парламентот, без притоа во нив да се внесуваат значајни измени.

Доколку парламентот не го усвои предлогот во овој рок или доколку истиот е значително променет, ќе се организира референдум.

Законот ќе се смета за усвоен во изворна форма ако повеќе од 25 проценти од избирачите се изјаснат и доколку опцијата за поддршка победи на референдумот.

Во моментов, италијанскиот Устав предвидува само поништувачки референдум, се кои законите се бришат целосно или делимно, со кворум од 50 отсто плус еден глас.

Новиот нацрт-закон на претставничкиот дом, со кој се менуваат два члена од Уставот, мора да мине преку Сенатот, а потоа се враќа во Претставничкиот дом, по што повторно во финална верзија се праќа до Сенатот.

Сите измени на италијанскиот Устав бараат двојно одобрување од страна на двата дома на парламентот.

Прикажи повеќе...

Регион

Дачиќ: Нема да дојде до договор бидејќи Приштина не сака

Објавено пред

До договор со Приштина нема да дојде бидејќи Албанците тоа не го сакаат, оцени министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Тој рече дека разграничувањето на Косово не е идеја од вчера, и за тоа се зборувало години наназад. Дачиќ вели дека Србија во 2005 година имала понуда од меѓународните организации за поделба на Косово, пренесе „Б92“.

„Треба да се води мирна политика. Сигурен сум дека Приштина нема да прифати, но тие ќе бидат одговорни“, рече Дачиќ и додаде дека САД најмногу се залагаат за постигнување договор.

Дачиќ образложи дека заложбите на САД се резултат на тоа што увиделе дека работата не е завршена.

Прикажи повеќе...

Европа

Војници на Хитлер и натаму примаат пензија

Објавено пред

Во Белгија, Велика Британија и некои други европски земји припадниците на хитлеровата паравојска Schutzstaffel (SS) и натаму добиваат германски пензии.

Како што пишува Ен-би-си, станува збор за 27 поранешни војници. Целата ситуација била откриена кога четворица пратеници во белгискиот парламент побарале прекин на исплатата на ваквите пензии и презинтирале докази дека истите постојат и натаму се исплаќаат.

Но, како што додава Ен-би-си, од правна страна нема неправилности во однос на исплатите.

Имено, Германија има наследено обврска од Третиот рајх во поглед на исплатата на пензии за војниците, што е наведено во декрет од 1941 година, потпишан од Хитлер. Тоа е единствената одлука на Хитлер која законски останала на сила и по Потсдамската конференција во 1945 година.

Белгиските власти не знаат точно за кои нивни граѓани станува збор бидејќи само Германците имаат информации за идентитетот.

Бидејќи нема обврска земјите членки на ЕУ меѓусебно да се информираат едни со други за прекугранични исплати на пензии, плаќањето се врши без оданочување. Пензиите за војниците на Хитлер изнесуваат од 425 до 1275 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Македонија37 минути

Регистрирани 2.943 заболени од грип

Во текот на изминатата недела, од 11 февруари до 17 февруари, во земјата се регистрирани 2.943 заболени од грип, што...

Европа1 час

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија2 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија2 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија12 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија14 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија15 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија16 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија17 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија18 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ19 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија19 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток20 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија21 час

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ21 час

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Досие