Контакт

Вести

Противниците на абортусот протестираат во Вашингтон

Објавено пред

Охрабрени од постапките на американскиот претседател Доналд Трамп, илјадници противници на абортусот започнаа во петокот да се собираат во сојузната престолнина Вашингтон, сакајќи да ја покажат сојата сила во новите политички состојби во САД коишто им одат во полза на нивните настојувања.

„Се надеваме дека ќе бидат донесени закони за заштита на неродените деца, закони коишто ќе водат сметка за сите жени кои минуваат низ бременоста, а не знаат кому да у се обратат и не знаат дека постојат и други можности, освен абортусот“, изјавила за AFP Керол Бракен, учесничка на собирот.

Таа е 57-годишна учителка од американската сојузна држава Конектикат којашто во Вашингтон допатувала со транспарентот на кој пишувало „Абортусот го прекинува отчукувањето на едно срце и го парчосува другото“.

Учесниците коишто допатувале од сите делови на САД, се подготвуваат во поворка да прошетаат од Белата куќа до Врховниот суд, двете институции од кои многу очекуваат.

Пред тоа ќе го сослушаат говорот на американскиот потпретседател Мајк Пенс, којшто, како што мислат, ќе го означи ова „Поворка за живот“, годишен собир кој многумина го сметаат за најголемото светско собирање против абортусот.

„Поворката за живот“ се одржува шест дена по „Поврата на жените“, на којашто според медиумите во Вашингтон учествувале половина милион жени и мажи кои протестираа против новиот претседател Доналд Трамп.

Трамп изјави дека противниците на абортусот би можело бројно да ги надминат оние кои се обидоа да ја попречат и засенат неговата инаугурација којашто се одржа претходниот ден.

Оваа 44-та „Поворка за живот“ се одржува во прилики кои се наклонети на ткн „Про-лајф“ движењето, како што се нарекуваат противниците на намерното прекинување на бременоста.

Поборниците на ова движење во понеделникот добија гаранции од американскиот претседател кој меѓу своите први извршни укази ја потпиша забраната за американското финансирање на меѓународните невладини организации кои го поддржуваат абортусот

Од говорницата на учесниците на маршот во петокот ќе се обратат и републикански пратеници, њујоршкиот кардинал Тимоти Долан и Келијан Конвеј, влијателна советничкана новиот претседател и мајка на семејство воспитувано во католичката вера.

Поворката којашто започна да се формира во близинана Националниот споменик, јужно од Белата куќа се упатуваат до возвишувањето Капитол Хил. На учесниците таму ќе им биде упатен повик да извршат притисок на своите претставници во Конгресот во кој републиканците имаат стабилно мнозинство.

Медиумите во САД истакнуваат дека активистите на движењето „За живот“ наскоро би можеле да имаат дополнителна причина за задоволство. Имено, Доналд Траммп на 2-ри февруари како деветти член на Уставниот суд ќе именува судија кој вети дека ќе го избира меѓу противниците на абортусот./крај/мф/сн

Најново

Македонија5 минути

Муцунски и Петрова-Чамова ќе се сретнат на маргините на конференцијата за Коридорот 8 во Софија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе оствари билатерална средба со бугарската министерка за...

Економија19 минути

Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија

Две различни интерпретации на врвот на BMW понудата, обединети во ново поглавје на дизајн, технологија и луксуз Името е познато,...

Македонија35 минути

Бугарскиот производител: Во два од четирите случаи со БСЖ-вакцината во Хрватска е наведена доза 10 пати над пропишаната

Бугарскиот производител „Бул Био“ тврди дека податоците за четирите пријавени случаи на остеомиелит по БСЖ-вакцинација во Хрватска не докажуваат проблем...

Спорт36 минути

Артета во Арсенал барем до 2030 година

Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, го продолжи договорот со тренерот Микел Артета. Арсенал секогаш сакал да има континуитет со...

Економија51 минута

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија57 минути

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт1 час

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт1 час

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија1 час

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...