Свет
Пукање во САД: Три лица убиени пред црква, две лица ранети на гробишта

Маж со пиштол уби две жени на паркинг на црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа се самоубил, јавува „Ројтерс“.
Пукањето во Ајова се случило во четвртокот, пред црквата Корнерстон, фундаменталистичка христијанска црква источно од градот Ејмс, додека траела богослужбата, а кога полицијата пристигнала на местото, пронашла тројца мртви, соопшти канцеларијата на шерифот.
Во меѓувреме, имало уште едно пукање кога биле ранети две лица на гробишта во Рајсин, Висконсин, кога напаѓач испукал повеќе истрели кон луѓето кои присуствувале на погреб, соопшти полицијата.
Едната жртва била пренесена во локалната болница и пуштена, а другата е префрлена во болница во Милвоки, при што се здобила со сериозни повреди, изјави претставник на полицијата, истакнувајќи дека сè уште се трага по напаѓачот.
Соединетите Држави беа потресени од масовни престрелки во последните неколку недели, при што загинаа 10 Афроамериканци во северниот дел на Њујорк, 19 деца и двајца учители во Тексас и двајца лекари, рецепционер и пациент во Оклахома, пренесуваат агенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавено видео од нападот во Осло

Во главниот град на Норвешка две лица загинаа, а 19 се повредени при пукање во ноќен клуб.
Напаѓачот е уапсен во близина на клубот, а кај него било пронајдено оружје.
Како што беше наведено, утринава во 01:19 часот полицијата добила неколку пријави за пукање во центарот на градот, а по пристигнувањето на местото напаѓачот брзо бил совладан, пренесува Ројтерс.
Засега властите сметаат дека напаѓачот делувал сам.
Норвешката полиција го истражува пукањето во Осло како терористички напад
„Полицијата го уапси осомничениот. Инцидентот се истражува како терористички напад, се вели во соопштението.
Свет
(Видео) Возач удри во демонстрантите за право на абортус во Ајова, едно лице повредено

Во вториот по големина град во американската сојузна држава Ајова, Сидар Рапидс, возач влетал кон мирни демонстранти за правото на абортус, објавија локалните медиуми.
Полициското одделение на Фејсбук објави дека околу 19 часот и 17 минути по локално време возачот удрил во демонстрантите и дека едно лице е повредено.
This a video of a truck running down two peaceful protesters at a pro-abortion march in Cedar Rapids, Iowa pic.twitter.com/UX7xZfu8VU
— Lyz Lenz (@lyzl) June 25, 2022
Повредениот прво бил сослушан во полиција, а потоа со полесни повреди е пренесен во локалната болница.
Полицијата го испрашала и возачот, но засега не се познати повеќе детали.
На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки од инцидентот.
Свет
(Видео) Во САД протести поради забраната за абортус

Пресудата на Врховниот суд во САД со која се поништи правото на абортус предизвика протести во повеќе американски држави.
Стотици луѓе излегоа на улиците во Њујорк, а протести имаше и на Унион Сквер и Вашингтон Сквер, Бостон , Мајами Лос Анџелес, Тексас, Феникс, Аризона.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно вчера оцени дека одлуката им го одзема правото на жените самите да одлучуваат за своето здравје и живот.
„ Ова е тажен ден за судот и за нашата земја“, рече Бајден.
„ Тројцата судии назначени од Трамп беа во срцето на денешната одлука да се смени рамнотежата на правдата и да се отстранат основните права на жените во оваа земја. Оваа одлука е кулминација на една екстремна идеологија“, рече Бајден.
Тој повикува протестите да бидат мирни и луѓето да се воздржат од насилство. Бајден рече дека одлуката на Врховниот суд да ја поништи пресудата на Роу против Вејд го загрозува здравјето и животот на жените.
Бајден очекува гласачите на ноемвриските избори да гласаат за кандидати кои ќе се борат да го вратат правото на абортус.