Европа
Пукање на забава во Калифорнија: Еден загинат, осум застрелани лица

Во пукотницата на забава во Јужна Калифорнија, која се случила ноќта меѓу петокот и саботата, биле застрелани девет лица, од кои едно лице било убиено а останатите се ранети, пренесуваат американските медиуми.
Локалната полиција соопшти дека убиениот го пронашла пред трговскиот центар „Хајленд сквер“, каде се одржувала големата забава.
Повредите на останатите осум лица кои напаѓачот ги застрелал не се опасни по живот, додаде полицијата на квартот Сан Бернардино во Калифорнија, нагласувајќи дека повеќето од ранетите се пренесени во болница со сопствени возила.
Полицијата во Сан Бернардино додаде дека се уште никој не е уапсен и објасни дека пукањето се случило по расправија на забава, но се чини дека жртвите не биле намерно застрелани, пишуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Се откачи глечер во Италија, загинаа шест планинари

Шестмина загинати планинари е епилогот откако големо парче глечер се откачи од врвот Мармоладо во источните Доломити, објавија локални медиуми, пренесува „Ројтерс“.
Алпскиот национален спасувачки корпус на Твитер објави дека најмалку пет хеликоптери и кучиња спасувачи се вклучени во потрагата по повредените планинари, пренесува агенцијата АП.
Italy: Several dead in Alps glacier collapsehttps://t.co/tWPCMSLaVg pic.twitter.com/MEIMcrMOOM
— qwerty (@qwerty14117587) July 3, 2022
Диспечерите за итни случаи во североисточна Италија објавија дека околу 15 планинари се во погодената област.
This is horrible! At least 4 victims confirmed for the collaps of part of the Marmolada glacier in the Eastern Alps, Italy. https://t.co/XVbkTojcuq
— Paolo Gabrielli (@pa0l0_gabrielli) July 3, 2022
Мармолада е на 3.300 метри надморска височина – највисокиот врв во источните Доломити. Одвојувањето на глечерот се случило на патеката што ја користеле планинарите за да се искачат до врвот на планината, објави АП.
Европа
Медведев: Европејците повеќе не сакаат Украинци, уморни се од нив

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оценил дека „љубовта“ на Европејците кон Украинците пука, пишуваат медиумите во регионот.
„Се чини дека возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците е при крај. Европејците повеќе не сакаат Украинци, уморни се од нив. Гневните Полјаци се потсетија на нивниот луд национализам. Тие гласно потсетуваат на речиси четири милиони Украинци, кои се населиле во нивната земја, дека се во Полска“, напишал Медведев на својот канал „Телеграм“.
Како што пренесува Спутник, тој додал дека „слични процеси се случуваат и во други европски земји, кои започнале „љубовни игри“ со Киев“.
„Избледените чувства нема повторно да разгорат никакви ветувања за иден не толку близок и нерамноправен брак“, протолкувал Медведев.
Европа
(Видео) Најмалку три лица загинаа во експлозии во руски Белгород

Најмалку три лица загинаа во експлозии во рускиот град Белгород, кој се наоѓа во близина на границата со Украина, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на апликацијата „Телеграм“.
Најмалку четири лица се повредени, од кои две се хоспитализирани, меѓу кои и едно 10-годишно момче, јавуваат агецниите.
Експлозиите делумно уништиле 11 станбени згради и најмалку 39 куќи, кажал тој.
„Истражуваме што се случило“, додал тој.
Ројтерс, исто така, пишува дека не може самостојно да ги потврди извештаите.
Белгород, град со речиси 400.000 жители, на околу 40 километри северно од границата со Украина, е административен центар на регионот Белгород.
Откако Русија ја започна својата инвазија на 24 февруари, имаше бројни извештаи за напади врз Белгород и други региони кои граничат со Украина, а Москва го обвини Киев за извршување на нападите.
Украина не ја презеде одговорноста за претходните напади, но ги опиша инцидентите како одмазда и „карма“ за руската инвазија.
Москва своите дејствија ги нарекува „специјална воена операција“ за разоружување и „денацификација“ на Украина.
Украина и нејзините сојузници на Запад велат дека војната е неиспровоциран акт на агресија.