Вести
Пулицерова награда за новинарите што го открија секс-скандалот во Холивуд

Весникот „Њујорк тајмс“ и магазинот „Њујоркер“ синоќа ја добија Пулицеровата награда за известување од јавен интерес. Тие ја добија наградата за нивното известување за холивудскиот скандал со продуцентот Харви Вајнштајн, кој е обвинет за сексуално вознемирување. Нивните извештаи го поттикнаа движењето Me too против сексуално злоупотребување и во други дејности, освен филмската.
Одборот за доделување на наградата ја опиша работата на новинарите што го разоткрија Вајнштајн како експлозивно и влијателно новинарство, кое разоткрило моќни и богати луѓе кои вршат сексуално малтретирање.
„Њујорк тајмс“ заедно со „Вашингтон пост“ доби награда за известувањето за наводната руска вмешаност во американските претседателски избори во 2016 година.
Пулицеровата награда е најпрестижно признание во американското новинарство, а ја воспоставил издавачот Јозеф Пулицер. Првпат е доделена во 1917 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Вести
Трамп: Далеку сме од ставање крај на севернокорејската нуклеарна криза

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди дека севернокорејската криза е далеку од својот крај. Ваквата изјава следува еден ден откако Пјонгјанг соопшти дека ги запира сите нуклеарни и ракетни проби.
„Далеку сме од ставање крај на севернокорејската криза, можеби работите ќе функционираат, а можеби и нема, времето ќе покаже“, напиша Трамп на Твитер.
Тој додава дека тоа што сега се случува требало многу одамна да се направи.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е предвидено во мај или јуни да се сретне со Трамп.
Вести
Макрон ќе му подари даб на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе му однесе еколошки пригоден подарок на неговиот американски колега следната недела кога ќе допатува во САД. „Асошиејтед прес“ наведува дека тој ќе му подари на Доналд Трамп садница даб.
Елисејската палата соопштила дека Макрон се надева дека дрвото ќе биде насадено во Белата куќа.
Макрон, кој утре ќе пристигне во Вашингтон, ќе биде прв државник кој ќе престојува во државна посета на САД од почетокот на мандатот на Трамп. Тој е прв претседател на САД во последните речиси 100 години чија прва година од мандатот завршува, а нема примено ниту еден странски лидер во државна посета.
Вести
Москва: Централната банка на Русија го чува златото дома

Централната банка на Русија своето злато го чува дома, затоа што само во Русија тоа може да биде сосема безбедно, соопштил претседателот на одборот за финансии во руската Дума, Анатоли Аксаков.
Одговарајќи на прашање за одлуката на Турција да го врати своето злато од Америка, тој рекол дека Русија нема резерви на злато во САД.
„Имаме само девизни резерви во странство. Никој не може да го допре нашето злато“, рекол Аксаков.
Руските резерви ги сочинуваат девизите, специјални хартии од вредност, резервната позиција во ММФ и златото. Количината на злато порасна за 52,88 тони и достигна 1,86 илјади тони. Русија е најголем светски купувач на злато и трет по големина произведувач. Во последните неколку годни земјата значително го зголеми купувањето злато.
- Македонија2 месеци
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news2 месеци
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура2 месеци
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story2 месеци
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија2 месеци
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“