Свет
Путин во Индија: Вие сте голема сила и безбеден сојузник

Русија ја смета Индија за голема сила и безбеден сојузник, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по пристигнувањето во Њу Делхи.
„ Ние ја сметаме Индија за голема сила, пријателска нација и сигурен сојузник“, им рече Путин на новинарите пред средбата со премиерот Нарендра Моди.
Путин е во Индија за зајакнување на воената и енергетската соработка. Ова е второ патување на Путин во странство од почетокот на пандемијата на коронавирус.
Првото патување беше во јуни, кога тој замина во Женева на средба со американскиот претседател Џозеф Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЦРЕА: Нафтената војна на Западот против Русија го губи момент

Заработката на Русија од извозот на нафта е во пораст во последните неколку месеци и покрај ценовната граница наметната од Г-7 и другите ограничувања наметнати од Западот, покажува новата студија на Финскиот центар за истражување на енергија и чист воздух (ЦРЕА).
Според ЦРЕА, приходите од нафта на Русија почнаа да закрепнуваат во март по остриот пад во февруари кога на сила стапија ограничувањата на цената на нафтата и рафинираните нафтени деривати од Русија и забраната во ЕУ за увоз на руската нафта преку море.
Во април, приходите од нафта се зголемија за дополнителни 6 отсто месечно, достигнувајќи го највисокото ниво од ноември минатата година.
Податоците на ЦРЕА покажуваат дека откако стапија на сила забраната за увоз и ограничувањата на цените, Русија генерирала вкупно околу 58 милијарди евра приход од извозот на нафта.
Експертите велат дека иако тековните приходи на Русија сè уште се значително пониски од истиот период минатата година, трендот на пораст покажува дека западните санкции за извозот на руска нафта го губат моментумот.
„Приходите од извозот на Русија во април беа значително намалени, главно поради влијанието на забраната за увоз во ЕУ и пониските цени на нафтата. Сепак, Русија успеа прв пат да го извезе својот главен тип сурова нафта [Уралс], по цени кои беа систематски над нивото на ценовното ограничување“, изјави Лаури Миливирта, главниот аналитичар во ЦРЕА.
Миливирта истакна дека ова укажува на големи дупки во спроведувањето на политиката за ограничување на цените, додавајќи дека ако тие не се поправат „ова ризикува засекогаш да го наруши механизмот за ограничување на цените“.
Аналитичарите истакнуваат дека враќањето на приходите е поттикнато од зголемувањето на извозните цени, околност што може да му се припише на Западот, кој ги постави ценовните ограничувања премногу високо.
„Приходите на Русија можеа да бидат намалени за 22 милијарди евра (37%) со поставување на ценовната граница на сурова нафта на 30 наместо на 60 долари за барел, и со соодветно ревидирање на ограничувањата за нафтените производи“, напишаа аналитичарите на ЦРЕА.
Тие истакнаа дека натамошното закрепнување на приходите од нафтата на Русија „ќе ги наруши влијанието и кредибилитетот на санкциите“.
Свет
(Видео) Шефот на „Вагнер“ бесен: Зошто, по ѓаволите, пуштате дронови да летаат кон Москва?

По утринскиот напад со беспилотни летала врз Москва, Кремљ се обиде да го минимизира значењето на тој настан, уверувајќи ги граѓаните дека „нема закана“ и дека руската воздушна одбрана „работи како што треба“. Меѓутоа, многумина му замериле на руското Министерство за одбрана што дозволило војната да дојде во главниот град на Русија, а меѓу нив бил и основачот на платеничката група Вагнер.
„Вие смрдливи бедници, што правите? Зошто, по ѓаволите, ги пуштате овие дронови да летаат во Москва?“, праша Евгениј Пригожин на аудио снимката.
Terrorist Prigozhin commented the drone attack on Moscow region in his traditional diplomatic style.
His main points: a) the drones will burn residences of authorities at [elite realty town] Rublevka – that’s fine;
b) Russian people should have some difficult questions for… pic.twitter.com/fo4g5ZmWNY
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 30, 2023
„Што да прават обичните луѓе кога ќе видат беспилотни летала со експлозив како летаат кон нивните прозорци. Како граѓанин сум длабоко огорчен “, бесно продолжи тој.
Додека руското Министерство за одбрана потврди дека само осум беспилотни летала биле вклучени во нападот, локалните извештаи укажуваат на многу поголема бројка. Најмалку еден руски пратеник рече дека денешниот настан може да значи дополнителна ескалација на конфликтот.
Свет
Песков: Нема опасност за граѓаните на Москва

Рускиот лидер го почна својот работен ден „со добивање информации директно од Министерството за одбрана и сите релевантни агенции“ за нападот. Ова го изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин. Тој додава дека „системот за противвоздушна одбрана функционирал добро“.
„Беше апсолутно јасно дека последниот напад врз руската престолнина е одговор на режимот на Киев на руските многу ефикасни напади во Украина во неделата“, рече Песков.
На прашањето на „Асошиетед прес“ дали во Кремљ постои загриженост дека нејзината специјална воена операција ги загрозува руските граѓани, Песков рече дека нападите врз Русија „уште еднаш ја потврдуваат потребата од продолжување на оваа специјална воена операција и постигнувањето на поставените цели“.
Песков рече и дека „во моментот нема закана за жителите на Москва и Московската област“.