Контакт

Европа

Путин го потпиша законот за забрана на ЛГБТ-пропагандата

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува пропаганда на нетрадиционални сексуални односи, промена на полот и педофилија, се наведува во базата на податоци на долниот дом на рускиот парламент – државната Дума.

dobivaj vesti na viber

Направени се измени на законот за информации, информатички технологии и заштита на информации и други документи, пренесе ТАСС.

Според новиот закон, ваквата пропаганда е целосно забранета на социјалните мрежи, медиумите, филмовите и рекламите, пренесе „Блиц.рс“.

Европа

Зеленски: Украина заслужува оваа година да започне преговори за членство во ЕУ

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Беше објавено и дека земјите од ЕУ планираат да обучат 30.000 украински војници.

Шефот на Комисијата на состанокот во Киев рече дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за гонење на злосторствата во Украина.

Лидерите на ЕУ ја пофалија Украина за „значајните напори“ во напредокот кон членството, но Киев треба да спроведе повеќе реформи, се вели во соопштението објавено по самитот во Киев.

„Верувам дека Украина заслужува да ги започне преговорите за членство во ЕУ веќе оваа година. И благодарам на претседателката на Европската комисија, нејзините колеги и нашите пријатели во ЕУ за значајната поддршка на патот на интеграцијата и заштитата на нашата земја и народ“ – рече Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

Лавров до Молдавија: Може да станете следната Украина

Објавено пред

Додека водат освојувачка војна во Украина, од Кремљ им се закануваат и на другите соседни земји.

dobivaj vesti na viber

На прашањето која земја од поранешниот СССР „би можела да стане нов антируски центар“, првиот дипломат на Путин, Сергеј Лавров, кусо рече – Молдавија.

Според Лавров, „Молдавија може да стане следната Украина“.

Тој го обвини Западот кој, според него, „ја поттикнува Молдавија против Русија и има намера таа да игра улога во проектот против Русија“.

Лавров изјавил дека тенденцијата на сегашните молдавски власти „да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО сведочи за нивната антируска политика“, пренесува Јутарњи.

Инаку, Молдавија веднаш по руската агресија врз Украина побара прием во ЕУ, а во јуни 2022 година заедно со Украина доби статус на кандидат, но ниту побара, ниту најави прием во НАТО, особено што таму требаше да бидат направени измени на уставот според кој Молдавија е воено неутрална земја.

Лавров директно ја нападна молдавската претседателка Маја Санда, за која вели дека „ја турка Молдавија во НАТО“, дека е „романска државјанка“ и дека „подготвува обединување со Романија“.

Во Кишињев ваквите зборови на шефот на дипломатијата на Путин беа прфатени како отворена закана и сметаат дека тие можат да станат нова цел во воените планови на Путин за проширување на Русија.

Молдавија е една од најсиромашните земји во Европа, со силно проруско влијание, но сега на власт дојдоа прозападните опции, предводени од претседателката Санду, која сака да ја сврти земјата кон Брисел.

Молдавија бара од Западот да и помогне со вооружување, особено што молдавската армија е една од најслабите вооружени и опремени во Европа.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Анкета: Повеќето Финци поддржуваат влез во НАТО без Шведска

Објавено пред

Мнозинството фински граѓани се за продолжување на приемот на земјата во НАТО без Шведска, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Околу 53 отсто од испитаниците во анкетата на истражувачката компанија „Талоустуткимус“ биле против идејата да се чека Шведска, која би можела да се соочи со одложувања поради турското противење, објави весникот Илта-Саномат.

Околу 28 отсто сакале Финска да напредува само со својот сосед.

Општо земено, 82 отсто од испитаниците ја поддржале одлуката на Финска да стане дел од НАТО, а само осум отсто биле против, се наведува во извештајот.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за приклучување кон НАТО минатиот мај, напуштајќи го децениското воено неврзување, одлука поттикната од руската војна против Украина, која започна на 24 февруари 2022 година.

Сепак, Турција, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, искажува приговори, обвинувајќи ги двете земји дека ги толерираат, па дури и ги поддржуваат организациите, вклучително и ПКК и ФЕТО, групата која стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Лидерот на Левица во Кукуш: Нема родендени со премолчени места на раѓање

„Во пресрет на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Таткото на македонската нација – Гоце Делчев, официјална делегација на Левица,...

Македонија8 часа

Ноќна стража кај гробот на Гоце Делчев, граѓани со знамиња, столици и транспаренти ќе останат до сабајле

Со македонски знамиња, знамето со сонцето од Вергина и транспаренти, група граѓани се собра на улицата „Самоилова“ која води кон...

Македонија9 часа

Пациент со цистична фиброза: Состојбата на пациентите им се влошува, до кога ќе го мерат во цена мојот живот?

Пациентите со цистична фиброза кои ја чекаат државата да им го набави скапиот лек, утре излегуваат на протест, во 12...

Македонија13 часа

МВР направи план кого ќе пушти на граница: на секој што пријавил делегација, ќе му биде дозволено да оддаде почит

Министерството за внатрешни работи при одлучувањето кому ќе му биде дозволен влез во државата за да оддаде почит на гробот...

Македонија14 часа

(Видео) Сведок на Рашковски: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи

Зорица Стојановиќ, вработена во Владата, сведочеше во случајот „Софтвери“, каде што обвинет е Драги Рашковски. Таа работела како помошник-раководител на...

Македонија15 часа

Нема плата за Пендаровски и Кабинетот: образложението од Министерството за финансии е неосновано

Претседателот Стево Пендаровски и неговиот Кабинет немаат земено плата за јануари, потврдуваат од таму за „Макфакс“. Тие велат дека претседателот...

Македонија15 часа

Антикорупциската побара кривично гонење на Мојсовски поради злоупотреба на системот за финансирање спортски клубови

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побара кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче...

Македонија15 часа

Дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје

Денеска, околу 11.40 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на електронските адреси на осум средни училишта во Скопје е...

Македонија15 часа

„Надлежните да земат цевка и да дишат низ неа за да ја сфатат итноста на состојбата“, велат пациентите со цистична фиброза и излегуваат на протест

Пациентите со цистична фиброза велат дека се разочарани од изјавите на министерот за здравство и од министерот за финансии. Тие...

Економија16 часа

Синдикатот на УПОЗ: Бесими го остави и претседателот на државата без плата

Министерот за финансии ,Фатмир Бесими, спротивно на сите норми, не ја одобрил платата на вработените во Кабинетот на претседателот, вклучително...

Економија16 часа

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија17 часа

(Видео) Полиција околу „Св. Спас“: пристап до гробот на Гоце Делчев имаат само лица со дозвола

Полициско обезбедување на улицата Самуилова има и утринава, а во пресрет на утрешното чествување на Гоце Делчев во црквата „Свети...

Македонија17 часа

Мора да има забрана за вршење лекарска дејност за гинекологот Асани, апелираат од Платформата за родова еднаквост

Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на...

Економија17 часа

Бектеши им се извини на новинарите

„Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и...

Македонија18 часа

Од 130 заболени, првин осум пациенти ќе добијат лек за цистична фиброза, па потоа ќе се набави за уште 22 лица

Министерот за здравство, Беким Сали, рече дека скапиот лек „трикафта“ првично ќе биде набавен за осум пациенти, кои се во...

Македонија18 часа

Болните од цистична фиброза ќе чекаат законски измени за да го добијат лекот

Болните од цистична фиброза, на кои им е потребен лекот „трикафта“, ќе чекаат измена на законите за тој да биде...

Свет18 часа

Помпео: Џјинпаинг е поголема закана од Владимир Путин

Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео изјави дека верува оти кинескиот претседател е поголема закана за светот од рускиот претседател...

Европа19 часа

Орбан ја нарече Украина ничија земја и го повика Киев да се предаде

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нарече Украина ничија земја и го повика Киев да се предаде. „Владимир Путин нема да...

Македонија20 часа

Најчевска бара разрешување на Бектеши: Што си замислуваат функционерите, дека новинарите служат да ги рекламираат?

Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека министерот за економија, Крешник Бектеши, треба веднаш да биде разрешен. Според неа, неговиот...

Македонија1 ден

(Видео) Првиот човек на амбасадорите: Бугарија нè призна, ама како втора бугарска држава

Бугарија ја призна Македонија како независна, но ние ги заборавивме нивните тврдења зошто ја признаа Македонија. Нивниот тогашен премиер се...