Свет
Путин до Западот: Живеете во илузии

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека владејачките елити на Западот живеат во илузии и не сакаат да ги забележат промените.
„Земјите од ‘златната милијарда’ сè уште ги сметаат сите други за свои колонии, друга раса“, рече Путин.
Според него, колегите на Запад се обидуваат да се спротивстават на текот на историјата и размислуваат во категориите од минатиот век.
Соединетите Држави ги прогласија своите интереси за свети објавувајќи победа во Студената војна, предупреди рускиот претседател, додавајќи дека во такви услови светот станал нестабилен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ердоган предлага смртна казна за оние што подметнуваат пожари

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи воведување смртна казна за одговорните за подметнување шумски пожари.
„ Каква казна треба да биде тоа? Смртна казна? Мислам дека тоа треба да се казнува со смрт“ изјави Ердоган пред новинарите собрани во одморалиштето Мармарис, погодено од пожар, во југозападната провинција Мугла.
Пожарот во Мармарис, кој беснее од вторникот, изгоре 4.000 хектари, а 435 луѓе се евакуирани.
Денеска судот во Мармарис испрати во затвор маж кој „признал“ дека го подметнал пожарот по семејна расправија, јави Анадолија.
Туркије ја укина смртната казна во 2002 година, па пред Ердоган да донесе конечна одлука, таа прво треба да биде изгласана во Парламентот.
Свет
Путин го нарече Западот циничен: Ако нема леб, јадете колачиња

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светот нема да има проблем да добие жито од Источна Европа, особено од Русија. Иако се соочува со криза и санкции, Путин рече дека Русија е подготвена да извезува жито на светскиот пазар.
„ Планираме добра жетва. Господ ќе ни дозволи да бидеме во ред. Ќе можеме да испорачаме педесет милиони тони жито на светскиот пазар“, рече Путин денеска за време на самитот на групата БРИКС плус.
Тој исто така нагласи дека Русија е подготвена да ги исполни сите свои обврски за житариците, како и за извозот на вештачки ѓубрива, земјоделски производи и енергија и покрај се потешките услови за извоз. Коментирајќи го извозот на жито од украинските пристаништа, Путин оцени дека Западот вештачки создава криза.
„ Многу пати сум го кажал тоа во јавноста, но овде уште еднаш нагласувам. Русија не го спречува извозот на украинско жито надвор од територијата на оваа земја и е подготвена да обезбеди слободен премин на бродовите со жито во меѓународните води. Се разбира, украинската армија мора да ги исчисти пристаништата од мини“, рече тој.
На крајот од своето обраќање тој објасни дека поскапувањето на храната најмногу ги погодило земјите во развој, каде лебот и брашното се неопходни за опстанок.
„ Меѓутоа, Западот е циничен за ситуацијата таму и постапува по принципот на зборовите на Марија Антоанета – ако нема леб, јадете колачи“, заклучи Путин.
Свет
Ватикан: Одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот е предизвик за светот

Папската академија за живот денеска ја пофали одлуката на Врховниот суд на САД да им дозволи на федералните држави да го забранат абортусот, велејќи дека пресудата е „предизвик за целиот свет“ за животни прашања.
Папската академија за живот, исто така, во соопштението наведе дека одбраната на човечкиот живот не може да се ограничи на индивидуалните права, бидејќи животот е прашање од „пошироко општествено значење“.
„Фактот што голема земја со долга демократска традиција го промени својот став по ова прашање е предизвик за целиот свет“, се вели во соопштението на Академијата.
Надбискупот Винченцо Паља, кој ја предводи Папската академија за живот, рече дека одлуката на судот е „силен повик за размислување“ за ова прашање во време кога „западното општество ја губи својата страст за живот“.
Врховниот суд одлучи дека поединечни држави сега можат да го ограничат или забранат абортусот.
Американскиот претседател Џо Бајден, католик, ја осуди пресудата, нарекувајќи ја „тажен ден“ за Америка.