Европа
Путин за руските разузнавачи: Tие се посветени и храбри луѓе кои ја чуваат Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја пофали храброста на руските шпиони, по повод 100-годишнината од Службата за надворешно разузнавање (СВР).
„Им посакувам успех на сите што ја штитат Русија и нашиот народ од надворешни и внатрешни закани, кои го бранат нашиот суверенитет и нашите државни интереси“, рече Путин во говорот во седиштето на СВР во Москва.
„Јас многу добро знам дека лојални и храбри луѓе работат во СВР, наследник на првата главна администрација на Советската служба за безбедност (КГБ)“, истакна тој.
Путин, и самиот поранешен агент на КГБ, кој во последно време ретко патува, положи венец на новиот споменик пред зградата на СВР.
„Се надевам дека Службата за надворешно разузнавање ќе продолжи активно да учествува во откривање и неутрализирање на можни закани за Русија“, рече тој.
„Успешната работа на безбедносната служба заснована врз законот и врз националните интереси отсекогаш била и ќе биде особено важна за Русија“, нагласи рускиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Силна експлозија во Мадрид, паника и рушевини на улиците

Силна експлозија одекна во Мадрид и се слушна во целиот град, се првичните информации на шпанските медиуми во однос на инцидент што попладнево се случил во главниот град.
Експлозијата разнела три ката од станбена зграда во центарот на Мадрид на улицата Толедо.
Засега не се знае дали има жртиви и која е причината за инцидентот.
JUST IN – Explosion in Madrid. The shock has been felt throughout the city. Emergency services have arrived. pic.twitter.com/H3sc3oOGS2
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) January 20, 2021
Европа
Курц лут поради градоначалниците што се вакцинираа преку ред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е лут поради градоначалниците на повеќе места, кои беа вакцинирани против коронавирусот иако не се на списокот на приоритети.
Во изминатите неколку дена медиумите објавија дека на некои места како дел од вакцинацијата на корисници на старски домови исто така биле вакцинирани и локални политичари преку ред и имало тврдења дека некои луѓе плаќале за да добијат вакцина.
Курц рече дека нема разбирање за градоначалниците што се имунизирани со преостанатите дози од вакцината иако сè уште не им е редот.
„Ако некој се вакцинира преку ред, тогаш тоа е морално разочарувачки“, нагласи тој.
„Доколку останат дози од вакцината, важно е тие да се дадат бргу. „Но, тие треба да им се даваат на постарите луѓе, а не на политичарите, нивните жени и на регионални истакнати личности“, рече Курц.
Министерството за здравство најави дека во иднина ќе го интензивира барањето за документација за вакцинација со цел да се запре злоупотребата и да се спречи некои да се вакцинираат преку ред.
Европа
Италија најавува правни постапки против „Фајзер“ поради доцнењето на вакцините

Италија има намера да преземе правни активности против американската лабораторија „Фајзер“ во наредните денови поради доцнење во испораката на вакцини против коронавирусот, најави шефот на италијанскиот кризен штаб, Доменико Аркури.
„За заштита на здравјето на италијанските граѓани не може да се преговара“, предупреди Аркури.
Тој додаде дека кампањата за вакцинација не може да се забави, а камоли давањето на втората доза на многу Италијанци, кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на „Фајзер“.
„Фајзер“ и германскиот партнер „Бионтек“ неочекувано објавија дека нема да може да ја обезбедат количината вакцини за кои се обврзале, што предизвика гнев кај европските земји, кои веќе се наоѓаат на критики поради бавноста на кампањата за вакцинација.
Лабораториите потоа ги уверија следниот ден дека имаат план да го ограничат одложувањето на испораките на вакцините на една недела.
Сепак, Аркури рече дека „Фајзер“ го известил Рим за понатамошното одложување на испораката на вакцините.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот