Контакт

Свет

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Објавено пред

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност. Лидерите посочија дека никогаш не смее да има нуклеарна војна и дека нема да има победници во неа.

„ Русија и САД покажаа дека дури и во време на напнатост, тие се во состојба да ги унапредат заедничките цели за да обезбедат предвидливост во стратешката сфера, да ги намалат ризиците од вооружен конфликт и заканата од нуклеарна војна“, се вели во документот.

Пример за таков пристап е неодамнешното продолжување на Договорот за офанзива за стратешко вооружување (СТАРТ 3).

„ Денес ја потврдуваме нашата посветеност на принципот дека не може да има победник во нуклеарна војна и дека таа никогаш не смее да биде покрената“, се вели во заедничката изјава.

Лидерите на двете земји најавија започнување на комплексен дијалог за стратешка стабилност, што треба да ги постави темелите за идна контрола на оружјето.

Регион

(Видео) Се шири пожарот во Бодрум, туристите се евакуираат со чамци за спасување

Објавено пред

Туристите во Турција денеска побрзаа кон чамците за спасување, откако им беше кажано да се евакуираат од хотелите во егејското одморалиште Бодрум поради непосредна опасност од пожар, објавија турските медиуми. Во гаснењето на пожарите учествуваат голем број пожарникари и хеликоптери, а се вклучија и доброволци.

Единиците на крајбрежната стража ја спроведоа операцијата, а властите побараа од сопствениците на приватни чамци и јахти да помогнат во евакуацијата поради непосредна опасност од нови пожари, пренесува АП.

Денеска околу пладне по локално време, избувна нов пожар во ридовите над Бодрум и брзо почна да се шири кон околните населби.

На социјалните мрежи се појавија снимки од густ црн чад што лебди над ова популарно летувалиште. На снимките што доаѓаат од Бодрум се гледа како туристите со куферите ги напуштаат хотелите, а пламенот се шири.

Според турските медиуми, градоначалникот на Бодрум, Ахмет Арас упатил апел до сите граѓани да не излегуваат на улица без потреба, освен во итни случаи, со цел да им се овозможи на пожарникарите брзо да реагираат за локализирање на пожарот.

На социјалните мрежи се појавуваат и снимки од животни кои бегаат во паника пред огнот што голта се пред себе.

Бројот на загинати во пожарите што беснеат во турските медитерански градови денеска се искачи на шест откако загинаа двајца шумски чувари, потврди турскиот министер за здравство.

Прикажи повеќе...

Свет

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Објавено пред

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката го очекува своето второ дете на Божиќ. На британскиот премиер ова ќе му биде седмо дете.

Двојката, која се венчаше на тајна церемонија во катедралата во Вестминстер, два месеци претходно, во април минатата година, го доби своето прво дете. Момчето го доби името Вилфред Лаври Николас Џонсон, во чест на лекарите кои го спасија премиерот од ковид.

Кери Џонсон (33) откри дека годинава имала абортус, поради што нејзиното срце било „скршено“.

„ Се чувствувам неверојатно благословена што сум повторно бремена, но се чувствував и како вреќа со нерви. Прашањето за плодност може да биде навистина тешко за многу луѓе, особено кога на платформите како Инстаграм може да изгледа дека се оди добро“, напиша таа.

Борис Џонсон зад себе има два неуспешни брака, кои завршија поради неговите афери. Од бракот со Марина, Борис има четири деца: Лара (26), Мило Артур (24), Касија (22) и Теодора (20).

Во 2009 година, тој доби вонбрачно дете со Хелен Мекинтајр. Следуваа години правна борба за да се сокријат тие информации од очите на јавноста. Меѓутоа, Апелациониот суд во 2013 година заклучи дека јавноста има право да биде информирана за тоа, бидејќи Џонсон е јавна личност.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Објавено пред

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши.

Планирани се големи демонстрации во повеќе од 150 француски градови, вклучувајќи ги Монпеје, Бордо, Марсеј, Ница и Нант.

Ангажирани се повеќе од 3.000 полицајци за обезбедување на „чувствителните локации“.

Пратениците донесоа закон за коронавирусот, со кој од 9 август се бара поседување на пропусница за влез во повеќе места, како на пример рестораните, бидејќи бројот на заразени лица се зголемува, а расте и бројот на хоспитализации.

Анкетите покажуваат дека повеќето Французи го поддржуваат усвојувањето на законот, но некои Французи се силно против.

За добивање пропусница потребна е вакцинација или брз негативен тест или доказ за неодамнешно закрепнување од ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

(Видео) Се шири пожарот во Бодрум, туристите се евакуираат со чамци за спасување

Туристите во Турција денеска побрзаа кон чамците за спасување, откако им беше кажано да се евакуираат од хотелите во егејското...

Свет2 часа

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката...

Свет2 часа

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши. Планирани се...

Топ3 часа

Нападната вработена во Ургентниот центар во Куманово

Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека додека била на работното место ја нападнало едно лице. Инцидентот се случил...

Македонија6 часа

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија7 часа

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет8 часа

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт9 часа

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија10 часа

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија10 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија11 час

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион24 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион1 ден

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија1 ден

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија1 ден

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија1 ден

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија1 ден

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија1 ден

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ1 ден

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ1 ден

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Досие