Контакт

Европа

Путин и Ердоган на состанок за Сирија во Москва

Објавено пред

Рускиот и турскиот претседател, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, денеска во Москва ќе разговараат за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб, која ескалира минатата недела по смртта на 33 турски војници во воздушни напади од страна на сириските владини сили.

Претходно, Ердоган изрази очекување дека по денешната средба, ќе биде објавен прекин на огнот во Идлиб.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека Москва се надева оти Путин и Ердоган на состанокот ќе успеат да се договорат за сет мерки за решавање на кризата во Идлиб, јави агенцијата „Тасс“.

Турските медиуми објавија дека Турција ќе бара сириските владини сили да престанат да ги враќаат териториите во Идлиб, кои се во рацете на бунтовниците.

„Анкара смета дека тој услов е важен за стопирање на хуманитарната катастрофа и спречувањето нов бран бегалци“, соопштија турските медиуми.

Конфликтот во регионот Идлиб, кој остави раселени речиси милион луѓе, деновиве се засили меѓу сојузничките бунтовници, од една страна, и сириските владини сили поддржани од Москва и Техеран, од друга.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

На аеродром во Финска распоредени кучиња што откриваат коронавирус

Објавено пред

На главниот меѓународен аеродром во Финска се распоредени кучиња кои со душкање откриваат коронавирус. Четиримесечниот експеримент со алтернативен метод за тестирање може да стане прифатлив и брз начин за идентификување на заразените патници.

Четири кучиња од различни раси обучени од Финското здружение за откривање мирис започнаа со работа на аеродромот во Хелсинки, како дел од експериментот финансиран од владата.

Кучињата се распоредени на аеродромот во смени, а по две дежураат истовремено, додека останатите две одмораат.

„Тоа е многу ветувачки метод. Кучињата душкаат многу добро”, рече Ана Хиелм-Бјоркман, професорка по медицина за мали животни на Универзитетот во Хелсинки.

„Ако успее, тоа ќе биде добар метод за проверка (коронавирус) на кое било друго место“, рече таа, наведувајќи болници, пристаништа, домови за стари лица, спортски места и културни настани меѓу можните места каде што обучени кучиња можат да „започнат“ да работат.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија ја шири „црната“ листа

Објавено пред

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус и ги предупреди своите граѓани да не патуваат таму.

На таа листа се и округот Лика-Сењ во Хрватска и регионот Нотрањско-крашки во Словенија, пренесува хрватскиот портал „Индекс“. Нови на  списокот што е објавен денеска се Чешка и некои други региони на Франција и Португалија, пренесува „Ројтерс“.

Според Министерството за надворешни работи, германските граѓани се предупредуваат да не патуваат во Чешка, освен во регионите на Устецки и Моравија-Шлезија, во француските региони на долината на Лоара, Бретања и Нормандија и пошироката област на португалскиот главен град Лисабон.

Германија предупредува на опасноста од патување во области каде што бројот на заразени неделно надминува 50 на 100.000 жители.

Големи делови на Франција, вклучително и Париз, се ставени на списокот на области во коишто се предупредува да не се патува.

Прикажи повеќе...

Европа

САД не го признаваат Лукашенко за претседател на Белорусија

Објавено пред

САД сметаат дека Александар Лукашенко е нелегално избран претседател на Белорусија, изјави претставник на Стејт департментот за „РИА Новости“.

Официјалниот претставник рече дека изборите на 9 август не биле ниту слободни ниту фер.

„Објавените резултати беа измислени и не го одразуваа легитимитетот. САД не можат да го сметаат Александар Лукашенко за легитимно избран лидер на земјата“, рече портпаролот на Стејт департментот, коментирајќи ја инаугурација на Лукашенко.

Лукашенко ја презеде должноста претседател на Белорусија вчера, а инаугурацијата се одржа во Палатата на независноста, објавија белоруските медиуми.

На 9 август се одржаа претседателски избори во Белорусија, на кои, според Централната изборна комисија, победи Александар Лукашенко со 80,1 процент од гласовите. Сепак, по тоа започнаа масовни протести затоа што опозицијата смета дека изборите биле украдени.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа36 минути

Германија ја шири „црната“ листа

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус...

Европа1 час

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија2 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа3 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет3 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет13 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет14 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет17 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет17 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија17 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија19 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија19 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион19 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија20 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија20 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет21 час

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија21 час

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија22 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Досие