Контакт

Свет

Путин и Зеленски телефонски разговараа за нова размена на затвореници

Објавено пред

Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, разговараа за нова размена на затвореници, соопштија украинските власти.

Првата операција од овој вид се случи во септември, а втората во декември, но меѓу Украина и проруските бунтовници.

Путин и Зеленски во телефонскиот разговор споменале ослободување затворени украински државјани на истоткот од Украина, подрачје под контрола на проруските бутновници, како и на црноморскиот полуостров Крим и во Русија, се наведува во сооптшението од кабинетот на украинскиот претседател.

Тие исто така разговарале и за новиот состанок во форматот на Нормандија по таквата средба во декември во Париз со посредство на Франција и Германија.

Путин и Зеленски првпат се сретнаа во Париз, а потоа следуваше размена на речиси 200 затвореници меѓу Киев и проруските сепаратисти, што претставуваше операција во ново смирување на конфликтот меѓу двете страни, а во која од 2014 година настрадаа над 13.000 луѓе.

Во септември Киев и Мосва разменија 70 затвореници, а Русија на Украина ѝ ги врати запленетите воени бродови.

Регион

Во Хрватска вкупно петмина заразени од коронавирус

Објавено пред

Во Хрватска се потврдени два нови случаи на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број заразени се искачи на петмина, соопшти министерот за здравство Вили Берош.

Новите два случаи се лица кои биле во контакт со првозаразениот односно третозаразениот.

Од двајцата нови заболени, едниот е во Загреб, а другиот е во Риека и тие се хоспитализирани последниве неколку дена.

Според хрватски „Индекс“, едниот од нив бил хоспитализиран во Клиничкиот болнички центар Риека и тој е на средовечна возраст, а другиот е помлад пациент кој се наоѓа на Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Раководителот на Клиниката за инфективни болести рече дека новозаразениот во Загреб веќе бил во карантин, поради тоа што се работи за личност блиска со првозаразениот во земјата.

Ист е случајот и со пациентот во Риека.

„Сите случаи во Загреб се поврзани со првозаразеното лице, а случајот во Риека е поврзан со првото заразено лице во Риека и сите веќе биле под надзор како мерка за претпазливост“, рече министерот за здравство.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Грција потврден четвртиот случај на коронавирус

Објавено пред

Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција.

Нејзината состојба е стабилна и внимателно се следи, соопштија здравствените власти.

Станува збор за 36-годишна жена која е примена во болница во Атина, јавуваат грчките медиуми.

Прикажи повеќе...

Свет

Руските власти тврдат дека убиените 33 турски војници во Сирија не требало да бидат во нападната област

Објавено пред

Според информациите од руската новинска агенција РИА, на 27 февруари екстремистите на терористичката група „Тахрир ал-Шам“ се обиделе да ја нападнат сириската армија во областа Бехун.

Сириските сили одговориле со воздушен напад, а од гранатирањето погодени биле и турски трупи, кои, како што се пренесува, биле во формацијата на терористичките групи.

Покрај тоа, според турската страна, ниту една единица на турската армија не требало да се наоѓа во областа, пренесува РИА врз основа на информации од Министерството за одбрана.

Министерството, исто така, соопшти дека руските воени авиони не извршувале напади во областа каде што биле турските трупи и дека Русија сторила сè за да ја спречи сириската војска во вооружениот одговор со цел да дозволи трупите да бидат евакуирани.

Синоќа, гувернерот на турската погранична покраина Хатај, Рахми Доган, изјави дека 33 турски војници загинале, а 36 се повредени во воздушниот напад на сириската армија.

Потоа Анкара најави почеток на копнени и воздушни напади на позициите на сириските трупи.

Омер Челик, портпарол на турската владејачка Партија за правда и развој, го нарече инцидентот напад врз НАТО и најави консултации со Алијансата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион34 минути

Во Грција потврден четвртиот случај на коронавирус

Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција. Нејзината состојба е стабилна...

Топ45 минути

Скопјанец украл паричници од факултет и приватна болница, па со картичките пазарел во маркети

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 40-годишен скопјанец кој крадел паричници, а потоа правел трансакции во маркети. Како што јавија од...

Македонија1 час

Обвинителството нема да покрене постапка за продажбата на МРП-вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по...

Свет2 часа

Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија

Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија,...

Свет2 часа

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната...

Свет2 часа

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик, изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане...

Европа12 часа

Канада веќе нема да ангажира тимови за обезбедување на Меган и Хари

Канада веќе нема да врши безбедносни услуги за британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската влада, откако двојката...

Европа13 часа

Рочиштето за екстрадиција на Асанж во САД одложено за мај

Британскиот суд денеска го одложи разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж за 18 мај, а кого САД го...

Регион14 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа16 часа

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија16 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија19 часа

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија20 часа

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија21 час

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија22 часа

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија22 часа

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија22 часа

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија23 часа

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ24 часа

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија24 часа

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Досие