Свет
Путин – Макрон: Москва и Париз ја делат загриженоста за безбедноста на Европа

Рускиот претседател, Владимир Путин, на почетокот на средбата со својот француски колега Емануел Макрон му порача дека Москва и Париз имаат заедничка загриженост за безбедносната ситуација во Европа.
Путин исто така му рекол на Макрон дека видел како француските власти прават напори за решавање на безбедносните прашања во Европа, вклучително и кризата во Украина.
Макрон, пак, му рекол на Путин дека и на Европа и на Русија им е потребен корисен одговор за ставање крај на тензиите за Украина.
„Корисен одговор е одговор што, се разбира, ни овозможува да избегнеме војна и да изградиме доверба, стабилност, видливост“, му рекол Макрон на Путин за време на разговорите во Кремљ за украинската криза.
Францускиот претседател пристигна во Москва на средба со претседателот Путин, на која разговараа за украинската криза.
Макрон изрази умерен оптимизам пред разговорите со Путин.
Двајцата на почеокот на разговорите еден на друг се обратиле со „ти“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пожарот кај Бар под контрола, огнот кај Котор се доближил до куќите

Пожарот кај Црвена плажа во Бар е ставен под контрола, изјави заменик-командантот на Службата за заштита и спасување на Црна Гора, Ацо Вулетиќ, посочувајќи дека две лица се повредени кои помагале во гаснењето. Во меѓувреме избувна пожар кај Котор, а пожарот над Каменар го гаси хеликоптерот на МУП.
Заменик-командантот на Службата за заштита и спасување Котор, Едуард Ковачиќ за Радио Котор изјавил дека на таа локација се испратени сите расположливи противпожарни сили и дека помош даваат и членовите на Доброволното противпожарно друштво „Богољуб Брезиќ“ од Пераст.
„Пожарот се доближи до куќите, но засега ситуацијата е под контрола“, рекол Ковачиќ.
Во моментов, освен во Дражин врв, активни пожари има и во Костањица, Мориње и Бијела, како и во пожарното подрачје над Каменар.
„Станбените згради во оваа област не се загрозени“, рече Ковачиќ.
Пожарот над Каменар во моментов се гаси од воздух со противпожарен авион од типот „Ер Трактор АТ-802“ на МУП на Црна Гора, бидејќи хеликоптерите ВЦГ кои вчера ги гаснеа пожарите во Бока утрово се пренасочени на гаснење на големиот пожар меѓу Сутоморе и Бар.
Големиот пожар кај Бар е ставен под контрола, пренесуваат тамошните медиуми.
„Нашите екипи се се уште на терен и ги држат под контрола граничните рабови на пожарот. Куќите се безбедни, луѓето се безбедни, нема материјална штета на објектите. Пожарникар и граѓанин се полесно повредени, нивната состојба е стабилна“, изјавил Вулетиќ.
Сообраќајот од Шушње кон Сутоморе е повторно воспоставен, јавува РТЦГ и потсетува дека во средата поголем пожар ја зафати областа над Црвена Плажа меѓу Бар и Сутоморе.
Во гаснењето на пожарот биле вклучени хеликоптери на Армијата на Црна Гора.
Вулевиќ за Бар инфо изјавил дека ситуацијата околу пожарот е „малку порелаксирана“.
„Благодарение на брзата акција и солидарноста, во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 100 пожарникари со 47 возила. Утрово ситуацијата е многу подобра од синоќа, пожарот е ставен под контрола освен во делот кој бара интервенција и гаснење од воздух“, изјавил Вулевиќ.
Европа
(Видео) Порака за жителите од село на Тасос : Евакуирајте се избувна пожар

На жителите на едно село на северниот егејски остров Тасос им е кажано да се евакуираат, пренесуваат медиумите во регионот.
Во четвртокот рано наутро жителите на Кинира добиле порака на итниот број 112 да се евакуираат кон селото Лименарија.
Пожарот избувнал во тешко пристапен дел од планината веднаш по самракот, поради што бил оневозможен летот на противпожарните авиони.
Tasos, požar krenuo, Golden Beach https://t.co/cI2WHZ9JPq pic.twitter.com/yq1R1NWeWh
— Pasji život (@Pasjisin) August 11, 2022
Противпожарната служба се засили во четвртокот рано наутро, испраќајќи 102 пожарникари со 33 возила и пет екипи кои дејствуваат како пешадија, а војската и доброволците беа мобилизирани, пишуваат тамошните медиуми.
Во некои извештаи се наведува дека на двајца пожарникари-доброволци им биле повредени нозете кога врз нив паднало дрво и дека им била укажана помош во локалниот здравствен дом, пишува „eKathimerini.com“.
Свет
Борел предупреди: Поддршката за Украина има своја цена

Европејците мора да бидат подготвени да ја платат цената за поддршката на Украина и зачувувањето на единството, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, во интервју за шпанскиот весник „Паис“. Според него, украинскиот конфликт директно влијае на Европа.
„Сите воени конфликти завршуваат со преговори. Тоа што воено и помагаме на Украина не значи дека не правиме се што е можно за преговори“ – подвлече Борел.
Тој додаде дека Европејците треба да бидат подготвени да се соочат со конфликт кој ќе трае долго во потрага по политички решенија. Шефот на европската дипломатија смета дека јужноевропските земји не треба да покажат недостиг на солидарност со северот на енергетски план.
„Шпанија може многу, бидејќи има една третина од целиот европски капацитет за природен гас. Шпанија може да стане порта кон Европа за гас што ќе биде алтернатива на рускиот гас“ – рече тој.
По почетокот на руската специјална операција во Украина на 24 февруари, голем број западни земји воведоа санкции кон Русија. Како одговор, Москва воведе и реципрочни мерки против соодветните земји.
Европската унија веќе воведе седум пакети санкции, вклучително и ембарго на јаглен и нафта.