Контакт

Свет

Путин му предложи на јапонскиот премиер да потпишат мировен договор

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денес му предложи на јапонскиот премиер Шинзо Абе да потпишат мировен договор меѓу двете земји до крајот на годината.

Русија и Јапонија се во спор за синџирот на пацифичките острови и поради тоа официјално не потпишаа мировен договор по Втората светска војна.

„Една идеја ми падна на ум. Ајде да го заклучиме мировниот договор до крајот на годината, без никакви предуслови“, рече Путин свртувајќи се кон Абе додека одговараше на прашања на економскиот форум во Владивосток.

Абе, кој седеше до Путин, не одговори ништо.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во сообраќајна несреќа во Перу 21 лице загина, 15 се повредени

Објавено пред

Од

Најмалку 21 лице загина, а 15 беа повредени во сообраќајна несреќа во Перу.

До несреќата дошло откако автомобил се судрил со автобус. Автобусот по сударот се превртел и паднал во река на подножјето на кањонот во перуанските Анди, објавија официјалните лица.

Полициски официјален претставник изјави дека сеуште се истражува местото на несреќата.

Агенцијата „АП“ пишува дека во Перу се чести вакви сообраќајни несреќи.

Во објавениот текст се додава и дека во јануари годинава, во сообраќајна несреќа загинаа 52 лица. Несреќата се случи во близина на главниот град Лима. Тоа беше несреќен случај со најголем број жртви во последните четири децении во Перу.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пељешац

Објавено пред

Апокалипса на Пељешац по пожарот кој дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на ноќта е локализирана, но се уште гори во близина на Метковиќ.Неколкумина пожарникари се повредени.

По ноќната битка со огнената стихија на Пељешац се уште се чувствува мирис на чад, а на одредени места се уште тлее, но ситуацијата полека се стабилизира. Граѓаните се уморни и преплашени по целовечерната битка за да ги спасат своите домови од огнот кој се заканувал да ги зафати.

Според хрватските медиуми, ќе бидат потребни денови за ситуацијата да се нормализира и жителите во опожарените места да можат да се вратат во своите домови.

Шефот на противпожарната служба на Дубровачка – Неретванската жупанија Стјепо Симовиќ вели дека ситуацијата е подобра но оти пожарникарите се уште ќе останат на терен.

,,Мораме добро да внимаваме, на неколку места има помалку пламени кои ветерот лесно ги разгорува. Пожарот се уште е далеку од изгаснат”, додава тој.

Пожарникарите цела ноќ ја држеле линијата на одбрана долга три километри од Поступ до Глабалово, а нивната работа ја отежнувал силниот ветер. Меторолозите за денеска најавуваат умерена до силна бура, наместа со силни ветрови кои постепено ќе ослабнат.

На терен има повеќе стотици пожарникари од сите делови на Хрватска како и припадници на хрватската армија и други служби за интервенција.Пожарот на Пељешац вчера зафати и четири куќи во Станковиќи, на подрачјето на Оревиќ.Пожарникарите се обидуват да ги заштитат складиштата на нафта и нафтено масло.На терен се приклучиле и пожарникари од Вела Лука, Блато, Смоквица, Лумбарда и Корчула.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Шинзо Абе е подготвен за средба со Ким Џонг-ун

Објавено пред

Од

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе изјави дека е подготвен за нов почеток во односите со Пјонгјанг и состанокот со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун.

На заседанието на Генералното собрание на Обединетите Нации, Абе рече дека на состанокот би се разговарало за случаите со киднапираните јапонски цивили во 1970 и 1980 години.

„За да се реши овој проблем, подготвен сум да ставам крај на меѓусебната недоверба, подготвен сум за нов почеток и состанок очи во очи со претседателот Ким Џонг-ун“, рече Абе.

Подготвеноста за средба со Ким, Абе ја изрази по историскиот самит на американскиот претседател, Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер во јуни во Сингапур.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион32 минути

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пељешац

Апокалипса на Пељешац по пожарот кој дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава40 минути

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет44 минути

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион2 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет14 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион16 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија17 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија18 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток19 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток19 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ20 часа

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток21 час

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story23 часа

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток23 часа

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион23 часа

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија24 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет1 ден

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет1 ден

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ1 ден

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет1 ден

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Досие