Контакт

Свет

Путин не го покани украинскиот колега на Парадата во Москва

Објавено пред

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не е поканет на Парадата за Денот на победата во Москва на 24 јуни.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како причина навел дека Украина не е членка на Заедницата на независните држави и зошто не сигнализирала желба за да ја сподели радоста на прославата.

„Колку што знам, покана за Зеленски не е испратена“, рекол Песков одговарајќи на прашањето дали Москва испратила официјална покана до украинскиот претседател, пренесе ТАС С.

Тој нагласил дека е многу важно повторно да се испратат покани до шефовите на државите на ЗНД.

Свет

Кремљ: Засега нема решенија за повторно отворање на руските граници

Објавено пред

Русија разговара со одредени држави за повторно отворање на границите кои беа затворени поради пандемијата на коронавирус, но досега не се донесени конкретни решенија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Контактите продолжуваат со одредени држави, но досега не се донесени конкретни решенија“, рече Песков.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Објавено пред

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“.

Пожарникари и амбулантни возила беа испратени во фабриката на периферијата на градот Хендек, Сакарија. Фабриката е далеку од станбените области.

Гувернерот на Сакарија, Четин Октај Калдрм, рече дека во моментот на експлозијата во фабриката работеле околу 150 до 200 луѓе. Фабриката имала 110 тони распрскувачки материјали во својот магацин. Повредените се хоспитализирани, нема загинати.

„Сите мерки за безбедност беа преземени околу фабриката. Бидејќи станува збор за фабрика за огномети, а експлозиите продолжуваат, во моментот не можеме да интервенираме“, рече Калдрм.

Во меѓувреме, шефот на турската Црвена полумесечина, Керем Кнк, ги повика жителите на Хендек да останат дома и да ги затворат прозорците и вратите за да спречат вдишување на токсичните гасови. Кнк рече дека хемиските испарувања од експлозијата може негативно да влијаат на здравјето на луѓето.

Видео од инцидентот прикажува голем облак од чад во форма на печурки што се издига од фабриката. Експлозијата се слушнала и во други провинции како Коџели и Дузџе.

Министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за здравство, Фахретин Коџа, и министерот за труд и социјална заштита, Зумрут Зехра Селчук, се на пат за Сакарија по налог на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Британците можат да одат на одмор во странство од 10 јули

Објавено пред

Британската влада донесе одлука да го укине задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои се враќаат од патувања од ризични земји од 10 јули.

Ова важи за сите оние кои доаѓаат од една од 50-те земји кои се обележани како ризични поради коронавирусот, објави „Ројтерс“.

Според таа одлука, милиони Британци можат без рестрикции да се упатат кон популарните европски летни дестинации за да го поминат својот годишен одмор.

„Патување без ограничувања ќе биде дозволено во 50 или повеќе земји, а денешните одлуки се чекор кон целосно отворање на нашата славна нација“, рече британскиот министер за транспорт, Грент Шапс.

Сепак, премиерот Борис Џонсон апелираше до Британците да бидат внимателни и во иднина и да го почитуваат правилото на физичка дистанца.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија55 минути

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Македонија2 часа

Во функција тестовите за брза дијагностика на Ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и истите почнуваат да...

Свет2 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија2 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија2 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион3 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа3 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет4 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија4 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет4 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија5 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион6 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија16 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет19 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт19 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија20 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија21 час

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија22 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија22 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Досие