Европа
Путин по вакцинацијата: Кога ќе се развијат антителата ќе имам повеќе патувања и настани

Рускиот претседател, Владимир Путин, првпат се обрати до јавноста по приемот на вакцината против коронавирус.
Путин рече дека, кога ќе му се формираат антитела, тој ќе го прошири опсегот на патувања и посети на разни установи, вклучително и културни.
„Ќе ги проширам посетите на разни објекти, вклучувајќи културни установи, библиотеки и така натаму. Денес, патем речено, планирам да ја посетам новата зграда на еден од театрите во Москва“, рече Путин на видео-состанок со претставници oд културата.
Во Русија денеска се одбележува Денот на културните работници. Претседателот одржа настан преку интернет со добитниците на наградата за млади културни работници и наградата од областа на литературата и уметност за детски дела и за млади.
Да потсетиме, рускиот лидер во вторникот ја прими првата доза од руска вакцина која се прима во два наврата, а ќе биде повторно вакциниран за приближно две недели. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите изјави дека само Путин и неговиот лекар знаат која вакцина против вирусот ја примил рускиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Данска ги одби дозволите за престој на сириските бегалци, реагираа од ООН

Данска стана првата европска земја што ги одби дозволите за престој на сириските бегалци. Данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод сугерираше дека, иако граѓанската војна сè уште трае во многу делови на Сирија, постојат делови од земјата каде што ситуацијата е поинаква. ООН и Амнести интернешнл не се согласуваат со одлуката на данските власти.
Во последниве недели, 94 Сиријци беа информирани дека ќе им биде одземена дозволата за престој во Данска. Многу други се очекува да ја добијат истата порака во иднина.
„Сè уште има граѓанска војна на многу места во Сирија, но има делови од земјата каде што ситуацијата е поинаква“, рече данскиот министер за надворешни работи за весникот „Политикен“.
Данските власти веруваат дека тие области, вклучително и урбаната област околу Дамаск, се безбедни.Кофод објасни дека бегалците кои доброволно ќе се вратат ќе добијат финансиска поддршка и со тоа ќе избегнат присилна депортација. Сумата што досега бегалците ја добиваа со доброволно заминување се движеше помеѓу 16.000 и 32.000 долари.
Според Кофод, идејата е Сиријците кои ќе се вратат во својата татковина да помогнат во обновата на земјата. Неговото лично верување е дека тоа на крајот може да резултира со „оставка“ на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Сепак, плановите за одземање на дозволите за привремен престој на сириските бегалци наидоа на противење и критики од страна на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), кој инсистира дека областите за враќање не се доволно безбедни.
„Враќањето претпоставува дека условите се постојано стабилни. Не можеме да го видиме тоа никаде во Сирија “, изјави за весникот „Информацион“ портпаролката на УНХЦР во Данска, Елизабет Хаслунд.
Потегот на Данска предизвика слични забелешки од Амнести интернешнл, кој истакна дека Сиријците што се враќаат може да бидат во опасност од сериозно кршење на човековите права. Сепак, заканата за присилна депортација сè уште не е спроведена, бидејќи Данска во моментов нема договор со сириските власти.
Европа
Италија повлекува од употреба кинески маски бидејќи не штителе доволно

Околу 250 милиони медицински маски што Италија ги увезе минатата година од Кина, среде првиот бран на пандемијата, не филтрираат доволно, а вирусот минува низ нив, пишува весникот „Фанпејџ“, кој ја пренесува одлуката на властите за маските, веќе поделени во здравствените установи и старските домови, да бидат повлечени од употреба.
Според венсикот, Министерството за здравство испратило итно предупредување со точни ознаки за 12 вида медицински маски од сериите Ffp2 и Ffp3, со налог за повлекување на маските од употреба, бидејќи тие имаат десет пати помалку моќ на филтрација отколку што е наведено на производот.
Алармот го вклучила здравствена установа од Гориција, направени биле и тестови, при што било утврдено дека маските не штитат доволно, а потоа во случајот се вклучило и обвинителството.
Се испитува и одговорноста на поранешниот шеф на цивилната заштита, Доменик Аркури, кој ја одобрил набавката на медицинските маски, платени со милијарда и 250 милиони евра.
Минатата година кога беа увезени медицинските маски, Научниот и технички комитет на Владата, кој ја следеше и анализираше епидемиолошката состојба, ја одобри нивна употреба.
Европа
По скандалот „софагејт“, Шарл Мишел најави подобрен распоред на седење

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претстави план за подобрување на распоредот за седење и за еднакво право на говор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на меѓународните посети, во светло на инцидентот познат како „софагејт“.
За време на неговата прва средба со фон дер Лајен по инцидентот од минатата недела, на приемот кај турскиот претседател Таип Ердоган, Мишел повикал на заедничко разбирање во однос на билатералните самити на кои учествуваат двајцата претседатели, пренесува весникот „Политико“, кој имал увид во документот презентиран од Мишел.
Текстот на документот ветува дека поголемо внимание ќе се посвети на распоредот на места за седење, со цел да се обезбеди достоинствен третман на двајцата претседатели, почитувајќи го протоколарниот ред.
Протоколарните оддели на двете институции се исто така поканети да бидат вклучени во подготовката на состаноците.
Мишел и фон дер Лајен вчера се појавија пред политичките лидери во Европскиот парламент за да разговараат за скандалот со седењето.
Според парламентарните власти, Мишел неколку пати се извинил за своето однесување во Анкара, додека Фон дер Лајен изразила непријатност.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш