Свет
Путин предупреди никој да не се меша

Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за нападот врз Украина и рече дека секоја земја што ќе одлучи да интервенира ќе се соочи со огромни последици.
„Решивме да започнеме специјална воена акција насочена кон демилитаризација и денацификација на Украина“, рече Путин.
„За секој кој би помислил на мешање однадвор: ако го стори тоа, ќе се соочи со последици најголеми во неговата историја. Сите релевантни одлуки се донесени“, додаде рускиот претседател.
Руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот.
Набргу откако Путин зборуваше на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Песков: „Русија има план доколку НАТО се прошири“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руското Министерство за одбрана има планови за безбедноста на земјата доколку НАТО се прошири.
Песков денеска изјави дека Русија прави напори да ја обезбеди својата безбедност, особено во контекст на можното распоредување на оружје на НАТО во Финска и Шведска.
„Таквите опции се разгледуваат, а тоа не го прави Кремљ, туку Министерството за одбрана. Веќе кажавме дека имаат соодветни планови и се прават напори за да се обезбеди нашата безбедност“, изјави Песков на прашањето дали Русија разгледува опции за одговор на евентуалното формирање на базата НАТО во Финска недалеку од руската граница, пренесува ТАСС.
Прашан за коментар за процесот на приклучување на Финска и Шведска во НАТО, Песков рече дека претседателот Владимир Путин веќе ја разјаснил својата позиција „и нема што да се додаде“.
Шефовите на дипломатиите на Финска и Шведска и амбасадорите на 30 членки на НАТО рано денеска ги потпишаа протоколите за пристапување во алијансата.
Тие ќе можат да влезат во НАТО откако сите членки ќе ги ратификуваат документите.
Свет
(Видео) Шведска и Финска поблиску до НАТО, потпишан пристапниот протокол

Триесет сојузници на НАТО денеска го потпишаа пристапниот протокол за Финска и Шведска за да им се овозможи да се приклучат на алијансата откако парламентите на земјите членки ќе ја ратификуваат одлуката, што се смета за најзначајно проширување од средината на 1990-тите, пренесуваат агенциите.
„Ова е добар ден за Финска и Шведска и добар ден за НАТО“, изјави Столтенберг пред новинарите во заедничката изјава за печатот со шефовите на шведската и финската дипломатија.
„Ова е историски момент“
„Ова е навистина историски момент“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Со 32 нации на маса, ќе бидеме уште посилни, а нашиот народ ќе биде уште побезбеден бидејќи се соочуваме со најголемата безбедносна криза во последните децении“, додаде тој.
Протоколот значи дека Хелсинки и Стокхолм можат да учествуваат на состаноците на НАТО и да имаат поголем пристап до разузнавачките податоци, но нема да бидат заштитени со одбранбената клаузула на НАТО дека нападот врз еден сојузник е напад на сите до ратификација. Ова веројатно ќе потрае и до една година.
Генералниот секретар на НАТО зборуваше во пресрет на средбата на која амбасадорите на 30-те земји членки на НАТО ги потпишаа пристапните протоколи за двете нордиски земји.
„Ние сме исклучително благодарни“
„Ние сме исклучително благодарни за сета силна поддршка што ја добивме од сојузниците“, рече шведската министерка за надворешни работи Ен Линде.
„Убедени сме дека нашето членство ќе го зајакне НАТО и ќе придонесе за стабилноста во евро-атлантската област“, додаде таа.
По руската инвазија на Украина во февруари, Шведска и Финска истовремено ја објавија својата намера да се откажат од својот неутрален статус и да станат дел од НАТО.
Регион
(Видео) „Да станам да му го скршам носот“, избегната тепачка во собранието во Црна Гора

Во Собранието на Црна Гора беше избегната тепачка по жестока расправа меѓу пратениците, информираат тамошните медиуми.
Пратеникот Марко Милачиќ го обвини министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и вицепремиер Владимир Јоковиќ дека зел кредити и купил диплома на бензинска пумпа во Затон.
"Da se dignem bre da mu nos slomim." pic.twitter.com/5eLPCVH395
— Peruci (@Kardinal1876) July 5, 2022
На ова реагираше пратеникот на СНП, Драган Ивановиќ, кој изјави дека се работи за измислици.
Меѓутоа, по тоа дошло до расправија и закани, а за малку и до физичка пресметка. За да се избегне влошување на ситуацијата била дадена пауза, јавуваат медиумите.