Европа
Путин пред преполн стадион во Москва ја откри главната цел на воената операција

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека рускиот народ на референдум одлучил да живее во своја земја и да одлучува за својата судбина.
Тој го честита празникот на Русија на стадионот „Лужники“ во Москва, каде што се одржува концерт за одбележување на годишнината од анексијата на Крим и Севастопол.
Moscow’s Luzhniki stadium, which hosted the World Cup final in 2018, is packed out for a pro-war rally on the anniversary of Russia’s Crimea annexation.
Lots of reports of state employees being bussed in. They’re watching a video with Ukrainian flags being thrown to the ground pic.twitter.com/fIKEzD5WnV
— max seddon (@maxseddon) March 18, 2022
Во текот на своето обраќање Путин зборуваше и за целите на, како што ја нарекува, специјалната воена операција во Украина.
„Луѓето што живееле и живеат во Донбас не се согласуваат со пучот. Против нив веднаш беа организирани криминални воени операции, не само една. Тие веднаш беа потопени во блокади, подложени на систематско гранатирање од топови и воздушни напади. Тоа се нарекува геноцид“.
Како што нагласи рускиот претседател, главната цел на руската операција е ослободување на Донбас.
„Да се спасат луѓето од ова страдање, од овој геноцид, е главната причина и цел на воената операција“, рече Путин и укажа на единството на руските сили на бојното поле велејќи дека руските војници стојат рамо до рамо.
„Од Светото писмо доаѓаат зборовите: ‘Нема поголема љубов од тоа да ја дадеш душата за ближниот. Такво единство немавме долго време’“, посочи Путин.
Во моментот додека тој зборуваше пред полниот стадион телевизискиот пренос беше прекинат.
Here’s video of Putin suddenly vanishing mid-sentence. Where is he?! pic.twitter.com/c6VqE6GG3s
— max seddon (@maxseddon) March 18, 2022
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека имало дефект на серверот.
„Тоа беше технички проблем, веќе е потврдено со сигурност“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Велика Британија уапсени седум војници поради дрога и перење пари

Шест војници и еден ветеран во Велика Британија се уапсени под сомнение за дрога, позајмување пари и перење пари.
Министерството соопшти дека шест војници на ирската гарда и еден ветеран биле уапсени од припадници на кралската воена полиција како дел од планирана операција, пренесе Би-би-си.
Првиот баталјон на ирската гарда треба да учествува на платинскиот јубилеј на кралицата Елизабета на 2 јуни.
Министерството за одбрана соопшти дека ниту еден војник што е под истрага нема да може да учествува на церемонијата.
Ирската гарда е основана од кралицата Викторија во 1900 година, а гардата била распоредена во Ирак и Авганистан. Полкот, чиј дел е принцот Вилијам, има задача, меѓу другото, да ги чува кралските палати, каде што може да се забележат нивните војници облечени во препознатлива црвена униформа и капа од кожа од мечка.
„Во рамките на планираната операција кралската полиција уапси шест војници од ирската гарда и еден ветеран од Велика Британија под сомнение дека набавувале дрога, позајмувале пари и переле пари. Армијата не толерира никакво незаконско однесување. Сега ова е во рацете на независна истрага. Не е соодветно за Кралската воена полиција дополнително да коментира“, соопшти британското Министерство за одбрана.
Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.