Контакт

Свет

Путин: Русија знае кои се осомничените за инцидентот во Солсбери

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин апелира до двајцата што Лондон ги осомничи дека се вклучени во случајот со Скрипал да се појават и да разговараат со медиумите, пренесува „Спутник“. Руските власти ги идентификуваа двајцата осомничени за труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери, изјави во средата Путин.

„Ние знаеме кои се, ги најдовме“, изјави Путин на пленарната сесија на Источниот економски форум (ЕЕФ) во Владивосток.

Рускиот претседател истакна дека осомничените се цивили.

„Се надевам дека тие ќе се појават и ќе кажат сè за себе. Нема ништо особено криминално, ве уверувам“, рече тој и ги повика двајцата да разговараат со медиумите.

Минатата недела британската полиција соопшти дека идентификувала двајца руски државјани за труењето на Скрипал, а британската премиерка Тереза Меј ја обвини руската воена разузнавачка служба за организирање на труењето по наредба на централните руски власти. Русија, од своја страна, рече дека фотографиите и имињата на осомничените, Александар Петров и Руслан Боширов, не докажуваат вмешаност на Москва во нападот.

Обидот за труење на поранешниот руски шпион Скрипал и неговата во британскиот град Солсбери на 4 март предизвика тензии помеѓу Русија и Обединетото Кралство бидејќи Лондон и неговите сојузници ја обвинуваат Москва дека го организира нападот, а Москва го негира тоа. Неодамна, властите на Велика Британија тврдеа дека двајца руски државјани, осомничени за нападот, биле поврзани за руската разузнавачка служба ГРУ.

Инцидентите ги поттикнаа САД да воведат нови санкции против Русија на 27 август, а голем број земји од ЕУ ги протераа некои од руските дипломати.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Харадинај: Границата со Албанија ќе ја отвориме за Нова година

Објавено пред

Од

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, објави дека од Нова година нема да има физички пречки на границата на Косово и Албанија, пишува приштински „Зери“.

Овие медиуми објавија дека надежта на Харадинај се базира на разговори и планови со албанскиот премиер, Еди Рама.

„Зери“ потсетува дека Харадинај претходно во интервју кажал дека кога патувал во Тирана чекал половина час за да влезе во Албанија и половина час за да влезе во Косово.

Според изјавата на новинарите дека „во сите други земји на ЕУ нема граници и дека границите остануваат само урнатини од минатото” и прашањето што Приштина ќе стори за да ги отстрани, Харадинај рече дека тој и премиерот Рама и другите негови колеги зборувале за отворање на границата некаде на преминот од една година во друга.

Прикажи повеќе...

Европа

Неуспех на неформалниот самит за брегзит

Објавено пред

Од

Првиот ден од неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Салцбург заврши без некој значаен чекор кога станува збор за можностите за договор меѓу Велика Британија и Унијата, во врска со брегзит.

„Во оваа фаза уште сме на мртва точка. Не постои напредок“, рекла претседателката на Литванија, Далија Грибаускајте, за „Ројтерс“ по синоќешната вечера, со која почна дводневниот неформален самит. Ова беше потврдено од страна на словачкиот премиер, Петер Пелегрини, кој рече дека по прашањето за границите нема напредок.

Британската премиерка, Тереза ​​Меј, синоќа директно ги повика лидерите на ЕУ да се воздржат од неприфатливи барања во врска со повлекувањето на земјата од блокот, кои, како што наведе, би можеле да доведат до распад на Велика Британија.

Таа ја повика Унијата соодветно да одговори на нејзината сериозна и изводлива агенда. Лидерите на ЕУ учтиво ја слушаа, но потоа изјавија дека ќор-сокакот во врска со ирската граница сè уште е тука.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Путин го испроба новиот снајпер од „Калашников“

Објавено пред

Од

Руската телевизија „Раша тудеј“ објави снимка од претседателот Владимир Путин, кој на изложба на оружје од фабриката „Калашников“ го испроба најновиот модел на снајперска пушка. Како што наведува телевизијата, Путин гаѓал цел на оддалеченост од 600 метри.

Имено, во средата Путин ја посетил изложбата на „Калашников“, во предградие на Москва, но покрај тоа што го разгледувал оружјето, одлучил и лично да тестира еден од производите, односно најновиот модел на снајпер SVCh.

Снајперската пушка SVCh се базира на познатата руска пушка – SVD, но и на другo помалку познато оружје дизајнирано од Евгениј Драгунов. Моделот претставува прототип на компактна пушка.

Со комбинација на најдобрите концепти од двете оружја, SVCh, како што е наведено од страна на оние кои ја направиле, е попрецизна и помалку склона кон дислокација на оптиката, што било случај кај претходниот модел SVD.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија2 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија2 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија2 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет4 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија13 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија16 часа

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија16 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија19 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија19 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток23 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ23 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија24 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 ден

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток1 ден

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести1 ден

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија1 ден

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Досие