Европа
Путин се сретна со Пашинјан: Односите меѓу Русија и Ерменија се на многу високо ниво

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се сретна со ерменскиот премиер Никола Пашинјан во неговата резиденција кај Ново Огариово во близина на Москва.
Пашинјан рече дека Русија игра клучна улога во обезбедувањето стабилност и безбедност на Јужен Кавказ и дека односите меѓу Москва и Ереван се на многу високо ниво.
Рускиот претседател напомена дека со ерменскиот премиер во Карабах ќе разговара за безбедносни прашања додавајќи дека има многу проблеми, но дека тие се во постојан контакт во врска со нив.
„Секако, безбедносните прашања, вклучително и оние што се однесуваат на Карабах, исто така ќе бидат во центарот на нашето внимание. Во постојан контакт сме, разговараме на телефон секоја недела или на секои десет дена, а состаноците се редовни и покрај периодот на пандемијата“, рече Путин.
Тој потсети дека посетата на Пашинјан е темпирана да се совпадне со 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Ерменија и дека е планирано потпишување многубројни документи.
Според Путин, базата на документи создава добра можност за работа во речиси сите области.
Покрај тоа, претседателот ја нарече економијата една од водечките области на билатералната соработка.
„Во 2021 година имавме раст од 12,8 отсто според нашата статистика, а во првите месеци од годинава – уште 50 отсто. Ова е многу добар показател, особено во модерното време“, истакна Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.