Европа
Путин: Со заеднички напори ќе се одржи суверенитетот на Народна Република Луганск

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ќе го брани територијалниот интегритет и суверенитет на самопрогласената Луганска Народна Република заедно со луѓето што живеат таму обраќајќи му се на лидерот на Народна Република Луганск, Леонид Пашечник.
„Граѓаните на Народна Република Луганск го слават националниот празник под сложени околности – бранејќи ја својата татковина и држат оружје. Убеден сум дека заедничките напори ќе ги заштитат независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката, а договорот за пријателство, соработка и заемната помош, потпишан на 21 февруари, ќе послужи како добра основа за зајакнување на врските меѓу нашите земји“, изјави Путин, пренесува ТАС С.
Народна Република Луганск прогласи независност од Украина на 12 мај 2014 година, а на 21 февруари 2022 година Русија го призна нејзиниот суверенитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Полска: Ќе им помогнеме на Шведска и Финска доколку некој ги нападне

Полска ќе им помогне на Шведска и Финска доколку бидат нападнати уште пред да станат членки на НАТО, изјави денеска премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки.
„Приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО го сметам за важен сигнал за зајакнување на безбедноста во Европа“, рече Моравјецки, a пренесува „Ројтерс“.
Финска и Шведска официјално аплицираа за членство во НАТО во средата, поттикнати од руската инвазија на Украина.
„Сакам да ставам до знаење дека во случај на напад врз Шведска или Финска за време на нивниот пристапен процес, Полска ќе дојде на помош“, додаде Моравјецки.
Европа
Пукање во училиште во Германија, повредено едно лице

Германската полиција соопшти дека едно лице е повредено во пукање во средно училиште во северниот град Бремерхавен.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил рано во четвртокот во средно училиште и дека осомничениот бил приведен.
Портпаролот на полицијата изјави дека истрагата е во тек.
Европа
Уште двајца руски војници признаа вина за воени злосторства

Двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, признале вина за прекршување на правилата на војната и утрово се појавиле на суд.
Тие се обвинети за гранатирање цивилни области во Украина со проектили ГРАД, пренесува хрватски „Индекс“.
Russian soldiers Aleksandr Bobykin and Aleksandr Ivanov plead guilty to violating the rules of war in Ukrainian court. #ukraine pic.twitter.com/IQ4Vnk0ZBb
— Dominic Waghorn (@DominicWaghorn) May 19, 2022
За потсетување, Вадим Шишимарин, 21-годишен руски војник, вчера призна вина за убиство на невооружен цивил на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија.
Тој призна дека пукал во 62-годишен маж неколку дена по почетокот на инвазијата. Му се заканува доживотен затвор.