Свет
Путин: Успешно пробно истрелување на хиперсонични ракети Циркон

Рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти дека успешно е тестирана хиперсонична ракета Циркон, тип на оружје што Москва го смета за „невидливо“ и кое е во центарот на трката во вооружување меѓу воените сили.
„Истрелана е салва на хиперсоничниот систем Циркон“, рече Путин, додавајќи дека операцијата била успешна. Станува збор, како што посочи рускиот претседал, за голем настан за земјата и значајна фаза во зајакнувањето на безбедносните и одбранбените капацитети на Русија.
Руските медиуми јавуваат дека ова е прв пат да биде истрелан Циркон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Претседателот на Замбија се надева дека заробените рудари се уште се живи

Претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема изјави дека се надева дека најмалку 25 рудари заробени пред четири дена од лизгање на земјиштето во отворен рудник за бакар се уште се живи, додека операцијата за спасување продолжува.
Рударите во рудникот Шесели во Чингола, на околу 400 километри северозападно од Лусака, останаа заробени на три локации откако обилните дождови ја поплавија јамата, соопшти владата.
Рудникот претходно беше во сопственост на рудниците за бакар Конкола на Веданта (KCM), но сега е во рацете на локална компанија која допрва треба да започне со рударство во очекување на безбедносни и еколошки одобренија, пренесува Ројтерс.
Свет
Путин утре патува надвор од Русија, ќе биде отсутен само 24 часа

Рускиот претседател Владимир Путин планира утре да ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, изјави неговиот портпарол, без да ги потврди гласините за можна посета на климатската конференција COP28 во Дубаи.
Еден ден подоцна, во четврток, Путин ќе биде домаќин на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Патувањето ќе трае само 24 часа“, изјави Песков за руската новинска агенција „Интерфакс“.
Работните посети на двете земји ќе бидат фокусирани на билатералните односи, но секако ќе се разговара и за натамошната координација на пазарот на нафта, додаде Песков.
Свет
Автобус во Германија удрил во плуг за чистење снег и излетал од патот, едно дете загина

Десетгодишен ученик загина, а 13 лица се повредени, од кои неколку потешко, во сообраќајна незгода во Саксонија во близина на границата со Чешка, кога автобусот излета од патот.
Како што информираа од полицијата во Сехматал на Ерзгебирге на истокот на Германија, до несреќата дошло кога автобус со ученици удрил во плуг за снег, по што возачот на автобусот изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што удрил во дрво.
На лице место загина 10-годишен ученик, а 13 лица се повредени. Возачот на автобусот и еден човек се тешко повредени. На децата од автобусот покрај лекарска помош им била укажана и психолошка помош. Според полицијата, патот по кој се движел автобусот е делумно покриен со мраз.
Јужните и југоисточните делови на Германија веќе неколку дена се зафатени од екстремни зимски услови со ниски температури и обилни снежни врнежи. Поради снегот и мразот, отежнат е железничкиот и авиосообраќајот, а аеродромот во Минхен привремено ги прекина сите летови поради замрзнатиот дожд.