Европа
Путин ќе го посети Париз на 19 август

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска дека се во тек подготовките за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Париз на 19 август.
Песков на прес-конференција рече дека тоа е еднодневна посета, пишува ТАСС.
Путин на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз ќе разговара за Украина и идниот формат на Нормандија, како и за билатералната соработка, економските врски и меѓународните проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Премиерот на Етиопија ја доби Нобеловата награда за мир

На премиерот на Етиопија, Абиџ Ахмед, денеска во Осло му беше врачена Нобеловата награда за мир. Тој се заложи за единство и помирување изјавувајќи дека ние и тие не постојат.
Ахмед (43) е награден за помирувањето и договорот постигнат со Еритреја, со кој се стави крај на 20-годишниот конфликт меѓу двете држави.
„Нема ние и тие, туку само ние затоа што сите сме поврзани со заедничката судбина на љубовта, простувањето и помирувањето“, рече премиерот на Етиопија.
Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек на девет милиони круни (околу милион евра). Паричниот износ на наградата се дели ако има повеќе лауреати во една дисциплина.
Европа
Шести ден од штрајкот во Франција поради промена на пензискиот систем

Француските аеродромски работници, наставници и други работници му се приклучија на штрајкот на вработените во целата земја, а синдикатите го засилија притисокот врз владата да се откаже од најавените измени во националниот систем за пензионирање.
Полицијата нареди продавниците и рестораните да останат затворени во Париз плашејќи се од улично насилство за време на попладневниот марш, јави АП.
Француските синдикати ги повикаа работниците да го организираат еден од најголемите протести во изминатите децении со надеж дека на шестиот ден од штрајкот ќе го надминат бројот на 800.000 луѓе колку што излегоа на улиците минатата недела во знак на протест против реформата на пензискиот систем што го предложи францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува „Ројтерс“.
Патниците се соочија со прекин во сообраќајот, училиштата се затворени во Париз, а националната авиокомпанија „Ер Франс“ соопшти дека ги намалила домашните летови за 25 проценти.
Синдикатите не покажуваат никакви знаци на откажување и ги поттикнуваат железничките работници, лекарите, наставниците и другите вработени во јавните служби да му се спротивстават на Макрон пред неговата влада утре да предложи реформа во пензискиот систем.
Европа
Холандија го намали нивото за опасност од терористички напад

Холандската национална агенција за борба против тероризмот го намали нивото на тероризам во земјата, за прв пат од 2013 година.
Заканата е сега на трето ниво, на скала од еден до пет, што значи дека нападот е сè уште можен.
„Џихадистите продолжуваат да вршат напади на Запад, но ситуацијата не може да се спореди со периодот 2015-2017 година, кога имаше десетина напади во Европа секој ден“, наведе холандската агенција.
Минатиот месец, двајца мажи беа уапсени во Холандија под сомнение дека подготвуваат напад.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци