Контакт

Европа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Објавено пред

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за негово апсење по пресудата за каталонските сепаратистички политичари и активисти.

Како што соопштија од канцеларијата на Пучдемон, тој во придружба на неговите адвокати доброволно се појавил пред белгиските власти во врска со налогот за апсење. Во соопштението се наведува дека Пучдемон го отфрла налогот за апсење и се противи на каков било обид да биде вратен во Шпанија.

Пучдемон и неколку негови соработници избегаа во Белгија во октомври 2017 година кога беа повикани на суд поради обид за сецесија и одржаниот референдум за независност на Каталонија, кој шпанската влада го прогласи за нелегален.

Врховниот суд во Мадрид во понеделникот осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти на казни од девет до 13 години затвор поради нивната улога во неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година. Поранешниот потпретседател на каталонската влада, Ориол Жункерас, е осуден на 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавните фондови за организирање на референдумот за независност на Каталонија.

Пресудите предизвикаа протести низ Каталонија, а во Барселона ескалираа во насилство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

На Германија ѝ недостасуваат носачи на ковчези, празнините ги пополнуваат пензионери и ученици

Објавено пред

Носачите на ковчези се сè поретки во Германија, а празнините ги пополнуваат пензионери и ученици, предупредуваат погребниците.

Нивниот недостиг сè уште не довел до одложување на некој погреб, изјави Кристијан Јагер, директор на Здружението на погребници во Северна Рајна-Вестфалија.

Порано беше вообичаено пријателите или роднините да ја преземат оваа задача додека семејствата живееја близу, додаде тој.

Сега пензионери или студенти кои сакаат да заработат екстра пари работат како носачи на ковчези, рече Јагер.

Постарите носачи, сепак, имаат свои проблеми, вели Мајкл Ваш од погребалното претпријатие „Вебер“ во Дортмунд. Луѓето денес се многу потешки и, заедно со цвеќињата и ковчегот, шест носачи честопати треба да подигнат 200 килограми.

Во Германија погребалните претпријатија не ангажираат свои носачи затоа што тоа не им се исплати финансиски.

Покрај тоа, бројот на полагања на урни по кремирањето значително се зголеми на околу 70 проценти, соопшти Федералниот сојуз на германските погребници. Во овие случаи, урната обично ја носи свештеник или член на семејството.

Прикажи повеќе...

Европа

Медицинскиот персонал изложен на насилство

Објавено пред

Персоналот во виенските болници е изложен на насилство, покажува студијата на синдикатот на медицинскиот персонал.

Откако беше избоден кардиолог во болницата „Кајзер Франц Јозеф шпитал“, беше издадена наредба да се изработи студија за да се утврди колку медицинскиот персонал е изложен на насилство, при што се дошло до податок дека секој ден се пријавувало насилство врз медицинскиот персонал во Виена.

Дури 85,4 проценти изјавиле дека веќе доживеале агресија, а 61,6% рекле дека биле нападнати во последните 12 месеци.

Авторката на студијата Сабине Хан вели дека кога станува збор за напади, тоа се вербални напади, сексуални напади, закани и физички напади.

Најголем број напади врз медицинскиот персонал се забележани во амбулантата за итни случаи и на психијатрија.

Прикажи повеќе...

Европа

Четири лица загинаа во фабрика за пиротехника на Сицилија

Објавено пред

Најмалку четири лица загинаа во експлозија во фабрика за пиротехника на италијанскиот остров Сицилија.

Четири лица се повредени и се наоѓаат во критична состојба.

Семејството, кое ја води фабриката, ја купило компанијата пред нешто повеќе од 10 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Свет5 часа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обвинет за корупција

Израелски јавен обвинител го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху за мито, измама и кршење на довербата во три одделни случаи. За...

Македонија6 часа

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија7 часа

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија9 часа

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија9 часа

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Македонија12 часа

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија13 часа

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија15 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија15 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија15 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет16 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет16 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија16 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија1 ден

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија1 ден

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа1 ден

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија1 ден

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Досие