Контакт

Европа

Разбиена банда што ограбувала банкомати во Германија, имале и центар за обука

Објавено пред

Полицијата во Холандија и Германија уапси девет члена на банда, одговорни за серија грабежи од банкомати во Германија. Тие се осомничени и дека формирале центри за обука за разнесување банкомати, објави денеска Европол.

Откривањето на тој импровизиран центар во холандскиот град Утрехт помогна да се открие бандата за време на 18-месечна прекугранична истрага, според Европол, а пренесува агенцијата АП.

Полицијата во северниот германски град Ознабрик соопшти дека почнале да се сомневаат кога 29-годишен Холанѓанец нарачал неколку банкомати наведувајќи дека се работи за уметнички проект во Холандија.

Наместо тоа, машините биле доставени до магацин во Утрехт, каде што две лица се обиделе да ги разнесат за да земат готовина од нив и да снимаат видеа од своите напори, соопшти Европол.

„Двојката нарача разни модели на банкомати и сними упатства за тоа како најлесно да се разнесат“, се вели во соопштението.

Полицијата во централна Холандија соопшти дека 29-годишникот на крајот починал во септември 2020 година додека тестирал експлозивна направа во центар за обука, а еден соучесник бил повреден и уапсен. Нивниот идентитет не беше откриен во согласност со холандските и германските закони за приватност.

Холандската полиција уапси тројца осомничени во вторникот и изврши претрес на седум имоти, каде што пронајде опрема што се користи за разнесување банкомати.

Полицијата во Ознабрик соопшти дека со последните апсења бројот на приведените за време на истрагата се зголемил на девет. Бандата е обвинета за минирање најмалку 15 банкомати во Германија предизвикувајќи штета од неколку милиони евра.

Европа

Москва воведува строги ковид-мерки

Објавено пред

Русија во главниот град Москва воведува ограничувачки мерки со цел да спречи ширење на Ковид-19.

Градоначалникот на Москва најави дека следната недела повторно ќе се почне со работа од дома, а вакцинацијата ќе биде задолжителна за работниците во услужните дејности.

Постарите луѓе што не се вакцинирани треба да останат дома

Сергеј Собјанин им нареди на работодавците најмалку 30 отсто од нивните вработени да работат од дома во следните четири месеци. Вакцинираните вработени и оние што неодамна заздравеле од Ковид-19 ќе бидат ослободени од оваа одредба.

На државјаните на Москва на возраст од 60 години и повеќе, како и на хронично болните жители, доколку не се вакцинирани или заболени од коронавирус, им е строго наложено да останат дома.

Рекорден број заразени и починати

Угостителските објекти во главниот град на Русија се должни да вакцинираат најмалку 80 проценти од својот персонал со првата доза до 1 декември, а втората до 1 јануари 2022 година.

„Свесен сум за тоа колку се непријатни овие ограничувања, но едноставно нема друг начин да ве заштитиме од сериозната болест. Ве молиме, вакцинирајте се. Ова ќе го заштити вашето здравје и ќе можете да продолжите со вообичаениот начин на живеење“, рече Собјанин.

Рекорден број заразени и смртни случаи се регистрирани во Русија во последните денови. Денес, пријавени се 33.740 новозаразени од Ковид-19 и 1.015 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Европа

Фон дер Лаен: Пресудата на полскиот суд е закана за ЕУ

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави дека одлуката на пресудата на полскиот Уставен суд, со која се оспорува приматот на законите на Европската Унија, претставува закана за основните вредности на европскиот блок.

Фон дер Лаен им рече на европратениците во Стразбур дека е длабоко загрижена за одлуката, за која таа тврди дека е директен предизвик за единството на ЕУ и која ја поткопува заштитата на независноста на судството, пренесуваат агенциите.

„Не можеме и нема да дозволиме да бидат загрозени нашите заеднички вредности. Владеењето на правото е лепилото што ја врзува нашата унија”, рече Лаен.

„Сакаме силна Полска во обединета Европа“, рече Фон дер Лаен, додавајќи дека е отворена за компромис.

Односите меѓу Полска и ЕУ го достигнаа најниското ниво претходно овој месец, откако полскиот суд одлучи дека полските закони имаат предност пред законите на блокот од 27 нации, на кои Полска се приклучи во 2004 година.

Ова доведе до ескалација на долгогодишните тензии околу демократските стандарди меѓу полските власти и бриселските институции.

Прикажи повеќе...

Европа

Латвија најави карантин по растот на нови случаи од коронавирус

Објавено пред

Латвија најави заклучување од 21 октомври до 15 ноември, во обид да го забави растот на инфекции со коронавирус во земјата.

Латвија е една од земјите со најмал број вакцинирани во однос на земјите од Европската Унија.

„Земјата е светски број еден по стапката на инфекции со коронавирус“, им рече министерот за здравство Даниелс Павлутс на новинарите по вонредниот состанок на владата, пренесуваат агенциите.

Продавниците, рестораните и училиштата ќе бидат затворени, а само основните услуги ќе им бидат достапни на луѓето, рече тој, додавајќи дека мерките од затворањето ќе бидат поблаги само за вакцинираните лица.

„Нашиот здравствен систем е во опасност“, рече премиерот Кристијанис Каринс, обвинувајќи ја за тоа ниската стапка на вакцинација во неговата земја и скокот на хоспитализации.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ42 минути

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет1 час

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет1 час

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена „Truth Social“, откако во јануари беше...

Свет1 час

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сe...

Економија12 часа

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет15 часа

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија16 часа

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ18 часа

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија19 часа

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија20 часа

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија20 часа

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет21 час

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија22 часа

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија22 часа

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија23 часа

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт1 ден

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Македонија2 дена

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија2 дена

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија2 дена

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Досие