Свет
Разорна експлозија во џамија во Кабул, скршени се прозорците на околните згради

Во денешната разорна експлозија за време на вечерната молитва во џамија во Кабул загинаа голем број луѓе, соопшти локалната полиција без да го наведе точниот број на жртви.
Талибански разузнавач, кој сакаше да остане анонимен, во разговор со новинарот на Ројтерс изјави дека дури 35 лица се ранети или убиени, но дека бројот на жртви може да биде поголем.
Во извештајот на Ал Џезира се вели дека талибанските власти соопштиле дека 20 лица ги загубиле животите.
Брзата помош во Кабул на Твитер објави дека примила 27 пациенти ранети во експлозијата, меѓу кои и седумгодишно дете.
At least a dozen people killed and over 20 injured in a huge blast in a mosque in the Afghan capital #Kabul this evening. pic.twitter.com/8pzm4ZxIMM
— Ahmer Khan (@ahmermkhan) August 17, 2022
Граѓаните на Кабул велат дека од силината на експлозијата во северниот дел на главниот град, искршени се стаклата на околните згради.
A massive explosion inside a madrasa in Afghanistan's capital city Kabul on Wednesday killed 20 people with at least 40 feared injured.#Kabul #Afghanistan pic.twitter.com/9x5Jh1Okpq
— ????️????️HIJIT ????️????️THAK ✍️ ???????? (@aajtakabhijit) August 17, 2022
Имамот на џамијата е меѓу загинатите, а бројот на жртви може да се зголеми, изјави анонимен извор на Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас: За размена на војници ќе треба да договориме нова рамка

Хамас вели дека е подготвен да започне преговори за ослободување на заробените израелски војници – откако ќе бидат ослободени сите жени и деца, објави „Ал Џезира“.
Сепак, велат дека војниците ќе бидат ослободени само под нови услови.
„Нашето раководство во Појасот Газа објави дека до овој момент сме размениле само заробени жени и деца. Подготвени сме да преговараме со други затвореници, од двете страни. Ние држиме заробени војници, како и доселеници. Подготвени сме да преговараме за нивна размена. Се разбира, размената на цивили и воени затвореници не е иста. Имавме основа за преговори кога станува збор за ослободување на цивили, но за размена на војници ќе треба да договориме нова рамка“, вели членот на политичкото крило на Хамас, Гази Хамад.
Европа
Медведев: На крајот нема да има ниту Украина, ниту Зеленски

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, смета дека одложувањето на претседателските избори во Украина може да биде поврзано со фактот дека на виделина би можеле да излезат нови случаи на неверојатна кражба, а Зеленски сака самостојно да управува со сите пари.
„Конечно паднаа маските. „Радата“ ги откажа претседателските избори. Зашто додека војната трае до последниот Украинец – нема избори, има само Зеленски. И обратно, изборите за нив се неславен крај, бидејќи е веројатна појавата на конкуренти, што е крајно опасно во услови на неуспешна „контра-офанзива“ со голем број жртви; ќе се откријат нови случаи на безобразна кражба; Странските спонзори ќе почнат да си ги ставаат јајцата во различни корпи, а тој ќе сака сам да управува со сите пари“, напиша Медведев на Телеграм.
Медведев нагласи дека на крајот таква „Украина“ нема да има „претседател“, ниту таков „претседател“ ќе има „Украина“.
Парламентарните избори требаше да се одржат на крајот на октомври, но нивното одржување беше невозможно, бидејќи од февруари минатата година во земјава беше воведена воена состојба и неколку пати беше продолжена.
Според уставот, претседателските избори во Украина треба да се одржат во пролетта 2024 година, но во украинските медиуми веќе подолго време се зборува за можноста за нивно откажување или одложување. Според процедурата, властите треба да распишат избори три месеци однапред, односно до крајот на декември.
Свет
Американец до смрт ја претепал сопругата: се скарале за трошоците за мачката

84-годишен маж од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинет за убиство на својата сопруга по расправија околу финансиските трошоци за ветеринарната нега на нивната мачка.
Бартон Селтман е уапсен откако полицијата ја пронашла неговата сопруга Маргарет Селтман (85) мртва, јавува „NBC News“.
„Двојката се расправаше за пари за ветеринарна нега на нивната мачка, а во еден момент конфликтот стана физички. Доказите пронајдени на местото на настанот укажуваат дека жртвата била удирана повеќе пати во главата додека лежела на подот во кујната“, соопшти полицијата.
Властите велат дека Селтман сам ги повикал властите по инцидентот. Кога пристигнале, полицајците нашле маж на задниот трем со крв на рацете, лицето и облеката.
Селтман првично рече дека некој ја претепал неговата сопруга, за подоцна да признае дека ја нападнал откако таа грабнала нож и му се заканила дека ќе го убие.
Селтман на полицијата и рекол дека грабнал стол и со него ја турнал сопругата, која потоа паднала и ја удрила главата на подот.