Контакт

Европа

Разоткриена терористичка ќелија во Русија, планирани биле напади во Москва

Објавено пред

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) разоткрила терористичка ќелија на Исламска држава и уапсила шест нејзини членови, кои планирале да  извршат терористички напади во Москва, соопшти прес-службата на ФСБ.

Во соопштението се наведува дека шест членови на тајната ќелија поврзана со Исламската држава, која била водена од Сирија, денеска се уапсени.

Од ФСБ наведуваат дека при претрес е пронајдено огнено оружје, големи суми  пари, средства за комуникација, извештаи за подготовки и планирање терористички напади и упатства за изработки на бомби.

Според Федералната служба за безбедност, ќелијата, освен примање пари од странство, финансирала и лица за вршење на тешки кривични дела, а нејзините членови ги вложувале сите напори своите активности да ги спроведуваат во тајност и ги избегнувале агенциите за спроведување на законот.

По апсењето,  покрената е кривична истрага против членовите на терористичката ќелија.

Европа

Могерини: ЕУ има должност да ги штити правата на верските заедници

Објавено пред

Заштитата на слободата на мисла, свесност и религија е должност на ЕУ и нејзините земји членки, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија.

„Прогонот врз основа на верска определба директно се коси со меѓународното право, а ние мора да се бориме против тоа со здружени сили“, изјави Федерика Могерини.

Могерини додаде дека ЕУ отсекогаш била главен промотор и заштитник на верската слобода.

„Легислативата на ЕУ ги обврзува земјите членки да ги казнуваат јавните повици за насилство и омраза врз одредена група или поединци од група врз основа на религија или верска определба“, изјави Могерини.

„Маргинализирањето и издвојувањето на поединци кои припаѓаат на верски малцинства може да претставува знак за предупредување за многу посериозен прогон, како и показател дека треба да се преземат остри мерки во однос на целото општество“, додава таа.

Некои од земјите членки на ЕУ, како на пример, Грција, честопати трпат критика поради крешње на правата на малцинството Турци муслимани во нивните граници, а некои случаи се косат и со законите на Европскиот суд за човекови права.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел ќе разговара со Џонсон за полесен брегзит

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе разговара со Борис Џонсон во текот на денот за тоа како да обезбедат излегувањето на Велика Британија од Европската Унија да помине колку што е можно полесно.

„Денес ќе разговарам со британскиот премиер, кој доаѓа во посета, за тоа како можеме да го добиеме брегзит со што помалку проблеми затоа што треба да се бориме за нашиот економски раст“, рече Меркел на конференцијата за воздушен сообраќај, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Пијан Русин се заканувал дека ќе фрли бебе од третиот кат, полицаец успеал да го спаси

Објавено пред

Руски полицаец се качил на балкон низ прозорец на соседен стан за да спаси петмесечно девојче од нејзиниот татко, кој во пијана состојба се заканувал дека ќе ја фрли ќерка си од третиот кат.

Ужасниот случај на семејно насилство, кој, за среќа, завршил без жртви, се случил во градот Саранск, 500 километри источно од Москва, пренесе РТ.

Полицијата била повикана на местото на настанот кога пијаниот татко бил забележан како се заканува дека ќе ја фрли својата петмесечна ќерка од балконот. Дури и ја тресел во воздухот држејќи ја за нозете.

Полицијата успеала да го скроти човекот од балконот на соседниот стан кога лидерот на акцијата успеал да влезе во неговиот стан и да го спречи пијаниот маж да ја спроведе намерaта.

Се покажало дека 38-годишниот Русин има полициско досие и дека претходно истиот ден ја нападнал мајката на детето и ја исфрлил од станот облеана во крв.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија2 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион3 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија5 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија5 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија6 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија6 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија8 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија9 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ12 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион13 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет13 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија14 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион14 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија15 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech1 ден

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Досие