Свет
Рака опколена од меѓународната коалиција, деновиве операција против ИД
Францускиот министер за одбрана изјави дека офанзивата за ослободување на сирискиот град Рака од „Исламска држава” ќе започне “следните денови”, пренесе AFP.
Меѓународната коалиција, која се бори против терористичката група ИД многу брзо ќе отпочне со операција за ослободување на фортификациската тврдина на ИД – сирискиот град Рака. Тоа ќе се случи во текот на следните денови. Ова го изјави францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, пренесува AFP.
“Денес можеме да кажеме дека Рака е опколена и битката ќе започне деновиве”, изјави Дриан во петокот.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
