Контакт

Свет

Раководител на руска компанија за сајбер-безбедност осомничен за предавство на државата

Објавено пред

Руските власти го уапсија Илја Сачков, директор на големата руска компанија за сајбер-безбедност „Груп ИБ“, под сомнение за велепредавство.

Судот во Москва објави дека Сачков ќе остане во притвор два месеца.

Компанијата објави дека руските безбедносни служби вчера извршиле претрес во нејзините канцеларии во Москва. Од „Груп ИБ“ сѐ уште не ги коментирале информациите и апсењето.

Таа е една од најистакнатите руски компании во сегментот на сајбер-безбедност. Компанијата е фокусирана на истрага за криминал од висока технологија и измама преку интернет.

Компанијата има клиенти во целиот свет, вклучувајќи банки, енергетски компании, телеком и Интерпол.

Адвокатот на Сачков во моментот не е достапен за коментар, а во овој момент не е јасно на што точно се однесуваат обвинувањата, пишуваат руските медиуми.

За велепредавство во Русија постои казна до 20 години затвор, а деталите од таквите случаи, како што пишуваат агенциите, ретко стигнуваат до јавноста поради нивната доверлива природа.

Свет

Премиерот на Луксембург е обвинет за плагијат

Објавено пред

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, се соочува со обвинувања за плагијат на завршниот дипломски труд на факултетот.

Бетел, на медиумите кои пишуваат за тоа, реагираше без јасно да ги отфрли обвинувањата.

„ Од денешна перспектива препознавам дека некои работи можеа да се направат поинаку, можеби требаше да се направат поинаку“, изјави премиерот на Луксембург за германската агенција ДПА.

Споменатата работа ја работел пред повеќе од 20 години, а, како што додава, тогаш ја работел со најголема совест.

Бетел реагираше на извештајот на онлајн магазинот „Репортер.лу“, во кој се наведува дека неговата работа од 1999 година за можни реформи на изборниот систем на Европскиот парламент, на 54 од 56 страници, се состои од преземање туѓи текстови.

Прикажи повеќе...

Свет

Во САД издаден првиот пасош на кој ознаката за род е означена со „Х“

Објавено пред

САД објавија дека го издале својот прв пасош со ознака на родот „Х“ на лице кое не се препознава себеси во традиционалниот „машки“ или „женски“ избор, во согласност со ветувањето на претседателот Џо Бајден дека повеќе ќе ги земе предвид правата на сексуалните малцинства.

„Стејт департментот додаде ознака Х за родот небинарен, за интерсексуалните луѓе и за сите оние кои не можат да се идентификуваат според родовите критериуми предложени досега“, рече портпаролот на Бајден, Нед Прајс.

„Новата можност ќе им биде понудена на сите апликанти за издавање пасоши од почетокот на 2022 година“, рече Прајс, истакнувајќи ја посветеноста на американската дипломатија за „промовирање на слободите, достоинството и еднаквоста на сите луѓе“.

Најмалку уште единаесет земји во светот, вклучувајќи ги Канада, Германија и Аргентина, но исто така и Индија и Пакистан, нудат опција за избор на „Х“ или „друго“ во нивните пасоши, според лондонската мрежа на работодавачи за еднаквост и инклузија.

Прикажи повеќе...

Европа

Полска казнета со милион евра дневно поради спорот со ЕУ

Објавено пред

Судот на правдата на Европската Унија објави дека ѝ наредил на Полска да плаќа глоба од милион евра дневно поради тоа што не го суспендирала Дисциплинскиот совет на Врховниот суд. Полска е во долготраен спор со Брисел за судските реформи, кои, според европските служби, ја поткопуваат независноста на судовите.

До разгорување на спорот дојде во јули кога Судот на ЕУ ѝ нареди на Полска да го суспендира Дисциплинскиот совет.

„Во пресудата објавена денеска потпретседателот на Судот ѝ наложува на Полска да плаќа глоба од еден милион евра дневно почнувајќи од датумот на доставување на оваа пресуда во Полска, па до исполнување на наредбата на Судот од 14 јули“, се вели во судското соопштение.

Полска се обврза дека ќе го укине Дисциплинскиот совет како дел од пошироките реформи, но сè уште не изнесе детаљни планови. Заменик-министерот за правда, Себастијан Калета, на „Твитер“ објави дека барањето на Судот е узурпација и уцена.

По барање на Европската комисија, на 14 јули Судот донесе привремена мерка во очекување на исходот од постапката против Полска, според која Варшава треба да го суспендира дејствувањето на Советот, но бидејќи тоа не беше направено, ЕК побара да се наложи полските власти да плаќаат дневна казна во износ што ќе ги натера да ја почитуваат привремената мерка.

Судот на ЕУ уште во април 2020 година побара од Полска веднаш да ја прекине работата на Советот бидејќи тој не е независно и непристрасно тело и е во спротивност со правото на ЕУ. Во 2017 година Полска усвои нови правила за дисциплинска постапка за судиите на Врховниот суд и редовните судови вклучувајќи го и формирањето на Дисциплинскиот совет задолжен за дисциплинска постапка против судиите на Врховниот суд и за жалбените постапки против судиите на редовните судови.

Но, ЕК во тужбата тврдеше дека новиот дисциплински режим не ги гарантира независноста и непристрасноста на Советот, чии членови се судии избрани од Националниот судски совет. Овој совет, пак, се состои од 15 судии избрани од Сејмот, долниот дом на полскиот парламент. Полска најави дека ќе го укине Дисциплинскиот совет како дел од пошироката судска реформа, но до денес не претстави никакви планови за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет6 часа

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија9 часа

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија9 часа

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија9 часа

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет11 час

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион11 час

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија12 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија12 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет12 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија22 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија23 часа

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија23 часа

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет24 часа

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија1 ден

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија1 ден

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија1 ден

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија1 ден

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Досие