Контакт

Европа

Расте бројот на самоубиства меѓу француските полицајци

Објавено пред

Тројца членови на единицата за интервенции, еден постар офицер и наставник во Полициската академија, се меѓу осумте француски полицајци што неодамна извршиле самоубиство, со што бројот на вакви случаи во земјата годинава се искачи на 64.

Бројот на самоубиства меѓу француските полицајци сега е поголем од бројот на оние што загинале на должност, пренесе агенцијата АП.

И на заштитниците им е потребна заштита, велат полициските синдикати, кои бараат поголема помош во стопирањето на овој негативен тренд, најлош во последните 30 години.

Оние што избрале да посегнат по својот живот доаѓаат од сите делови на Франција и се на различна возраст.

Собраниското испитување објавено во јули покажува дека најчести причини за самоубиствата наводно биле стресот и очајот меѓу припадниците на француската полиција, меѓу другото, предизвикани и од прекувремената работа по серијата терористички напади од 2015 година, а честопати и од насилните антивладини протести од ноември минатата година.

Во извештајот се наведува дека бројот на полициските самоубиства е дури 36 проценти повисок од оној што се бележи кај целокупното француското население.

Самоубиствaта кај полицајците се проблем во многу земји, но во Франција бројот е исклучително голем.

Европа

Маж избоден со нож во џамија во Лондон, уапсен е осомничен

Објавено пред

Маж е уапсен по нападот со ладно оружје во џамија во центарот на Лондон во кој едно лице е повредено, соопшти лондонската полиција.

„Еден човек беше уапсен на лице место и осомничен за обид за убиство“, соопшти полицијата, додавајќи дека 70-годишен маж е повреден во инцидентот.

Нападнатиот маж е пронајден со повеќе повреди кога пристигнала брза помош и е однесен во болница од каде се наведува дека неговиот живот не е загрозен, јави Би-би-си.

Според очевидци, нападнат е мујезинот кој ја предводел молитвата.

Полицијата не верува дека станува збор за терористички напад.

Прикажи повеќе...

Европа

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Објавено пред

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е радикален десничар идентификуван како Тобијас Р.

По масакрот, полицијата го пронашла напаѓачот мртов во својот дом, каде што било пронајдено уште едно тело. Покрај неговото тело било пронајдено писмо, кое, како што објави „Билд“, било конфузно, но во него можеле да се забележат очигледни екстремно десничарски политички ставови.

Нападот се случи синоќа во два наргиле-бара во градот во близина на Франкфурт. Напаѓачот е германски државјанин.

Според првичните информации, некои од жртвите се Курди. Во текот на денот би требало да бидат познати повеќе информации, како и мотивот за нападот. Исто така, не е позната возраста на напаѓачот, ниту чие е телото што било пронајдено до него.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Кажав дека нема да се мешам во изборот за наследник

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема да се меша во изборот на нејзиниот наследник на чело на Христијанско-демократската партија (ЦДУ), откако Анегрет Крамп Каренбауер објави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата.

„Реков дека нема да се мешам во прашањето кој ќе ја води ЦДУ во иднина или кој ќе биде кандидат за канцелар“, рече Меркел на прес-конференција.

Крамп Карнбауер минатата недела изјави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата и се откажува од амбицијата да стане нов канцелар на Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврати...

Македонија2 часа

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија3 часа

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија3 часа

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава3 часа

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет4 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион4 часа

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет5 часа

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет5 часа

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет6 часа

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија16 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ21 час

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ24 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија1 ден

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија1 ден

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија1 ден

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија1 ден

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион1 ден

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа1 ден

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет1 ден

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Досие