Контакт

Свет

Рахмат Бахри, човекот што преживеа две цунами

Објавено пред

Рахмат Саифул Бахри го преживеа цунамито што во 2004 година ја погоди индонезиската провинција Ачех, а потоа и земјотресот и цунамито што на 28 септември ја погодија областа Палу.

Бахри раскажа дека за време на земјотресот бил во хотел, се туширал и помислил да земе маица и панталони и да истрча на петтиот кат.

„Знаев дека ќе дојде голем бран. Заминав на повисок кат за да бидам на врвот ако зградата се сруши“, раскажува Бахри, пренесе Би-би-си.

Тоа искуство го стекнал за време на земјотресот и цунамито во Ачех.

„Најважно е да не паничите“, порача Бахри додавајќи дека видел што се случило со неговите пријатели, кои слегле на пониските катови и ги зафатил бранот.

Како што рече, во таква ситуација треба да се остане смирен и трезвено да се размислува. Додаде дека му е благодарен на Бог бидејќи ги преживеал двата земјотреса и цунамито.

Европа

Пожар во Фиренца предизвика хаос во железничкиот сообраќај

Објавено пред

Италијанските патници се соочија со доцнења и откажувања на над дваесет железнички услуги во понеделникот откако пожар ја зафати инфраструктурата околу Фиренца.

Пожарот избувна во раните утрински часови во мрежна контролна единица, а првичните индикации покажаа дека веројатно се работи за подметнат пожар, рече железничката компанија „РФИ“ во своето соопштение.

Инцидентот влијаеше на железничкиот сообраќај низ целата земја, вклучувајќи ги и поголемите градови, во време кога кога транспортните синдикати веќе најавија штрајкови за среда и петок.

Возовите околу Фиренца првично беа запрени за да им се овозможи на властите да ја спроведат својата истрага. Оттогаш, возовите повторно беа пуштени во сообраќај, но со просечно одложување од три часа. Дваесет и пет брзи возови беа откажани, се додава во соопштението на „РФИ“.

Прикажи повеќе...

Свет

Индија успешно лансираше ракета на Месечината

Објавено пред

Индија успешно ја лансираше својата втора ракета на Месечината, една недела по откажувањето на планираното лансирање поради технички проблеми.

Чандрајан 2 беше лансирана во 14:43 часот по локално време од вселенската станица Шрихарикоте.

Индија се надева дека мисијата, вредна 150 милиони долари, ќе биде првата која слетала на јужниот пол на Месечината. Настанот бил емитуван во живо на телевизија и следел громогласен аплауз во контролната соба на индиската истражувачка организација.

За првпат во историјата на Индија експедицијата е изведена од страна на две жени – Матаја Ванита, проект-менаџер и Риту Каридал, шеф на мисијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Најавени низа оставки во британската Влада, една веќе поднесена утрово

Објавено пред

Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, утрово поднесе оставка. Се очекува вкупно 12 министри неделава да ја напуштат британската Влада.

„Алан Данкан даде оставка. Ја предаде утрово“, објави уредникот на политичката рубрика на „Тајмс“. Истовремено, британски „Телеграф“ објави дека тоа ќе го сторат уште 12 министри, и тоа од денес до среда.

Оставката на Данкан следи во пресрет на гласањето на Конзервативната партија за нов лидер, а со самото тоа и за британски премиер, а најверојатно тоа ќе биде Борис Џонсон, лутиот противник на досегашната премиерка Тереза Меј.

Членови на британската владејачка Конзервативна партија имаат рок до 17 часот по локално време да испратат поштенски гласачки ливчиња на чија основа утре ќе се прогласи победникот помеѓу Борис Џонсон и Џереми Хант.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет4 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет4 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет4 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет5 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет5 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет5 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија16 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија17 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион19 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија21 час

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија22 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија1 ден

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет1 ден

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет2 дена

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет2 дена

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Досие