Контакт

Свет

Реакција на Трамп кога „Твитер“ спречи да се споделува новинарска стoрија за Бајден

Објавено пред

Интернет-гигантот „Твитер“ спречил корисниците да споделуваат или лајкуваат контроверзен напис на весникот „Њујорк пост“ за кандидатот за претседател на Демократската партија, Џо Бајден, и неговиот син Хантер.

Корисниците кои се обиделе да ја споделат статијата на социјалната мрежа добиле предупредувачка порака дека нивното барање не може да се исполни затоа што „Твитер“ и партнерите го препознаваат линкот како потенцијално штетен.

Предупредување добиле и корисници на „Твитер“ кои се обиделe да кликнат на линкот што води до статијата.

Во написот се наведува дека синот на Бајден, Хантер, запознал украински бизнисмен со татка си, а тој како потпретседател ги водел американските односи со Украина, односно дека постариот Бајден ја приспособувал својата дипломатија кон Киев за да им помогне на деловните интереси на својот син.

Се чини дека одлуката на „Твитер“ да ги спречи корисниците да ја споделуваат статијата е дел од напорите на компанијата да го ограничи ширењето на дезинформации на нејзината платформа пред претседателските избори во САД во ноември. „Фејсбук“ исто така најави дека ќе ја намали дистрибуцијата на статии додека не се провери точноста на фактите.

Претседателот Трамп вчера ја критикува одлуката на „Фејсбук“ и на „Твитер“ да ја ограничат дистрибуцијата на сторијата на „Њујорк пост“.

„Толку е страшно што ‘Фејсбук’ и ‘Твитер’ ја отстранија сторијата на ‘Њујорк пост’ за eлектронската комуникација на заспаниот Џо Бајден и неговиот син Хантер. Тоа е само почеток за нив. Нема ништо полошо од корумпиран политичар“, напиша Трамп на „Твитер“.

 

Европа

Во Италија 17.000 новозаразени, во Франција дневната бројка двојно помала од вчера

Објавено пред

Италија денеска регистрираше нешто повеќе од 17.000 нови случаи на Ковид-19, што е помалку од дневниот просек во последните неколку дена.

Сепак, во последните 24 часа беа тестирани десетина илјади луѓе помалку, што е вообичаено за викендот.

Вкупно 542.789 лица се заразиле во Италија од почетокот на пандемијата.

Во споредба со првите месеци кога избувна инфекцијата и повеќето случаи беа концентрирани во северна Италија, бројот на заразени сега расте низ целата земја, поради што владата наметна нови ограничувања кои стапија на сила денес, вклучително и затворање на вежбалниците, кината и скратено работно време за рестораните и кафулињата.

Во Франција, пак, во последните 24 часа потврдени се 26.771 нов случај на коронавирус, а како последица на Ковид-19 починале 257 лица.

Вкупниот број на случаи на коронавирус во Франција сега се искачи на 1.165.278, а 35.018 починале, пренесува „Ројтерс“.

Бројот на заразени е помал од вчера, кога беа забележани рекордни 52.010 нови случаи на инфекција за еден ден.

Франција во моментов е рангирана на петтото место во светот по бројот на заразени со коронавирус, по САД, Индија, Бразил и Русија.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден: Не ја потценувам можноста за победа на Трамп

Објавено пред

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека Доналд Трамп сепак може да победи поради обидот за делегитимирање на изборите, пренесува Си-ен-ен.

Јас сум од оние луѓе кои сметаат дека ништо не е готово сè додека не заврши, рече Бајден во интервју за Си-би-ес, додавајќи дека смета оти било кое од неговите предвидувања освен она дека претстои тешка борба би било суеверие.

Бајден рече дека не може да го потцени начинот на кој Трамп ја води борбата во предизборната трка.

„Трамп на некој начин се обидува да ги делегитимира изборите, а тие напори имаат за цел да ги натераат американските граѓани да се запрашаат дали воопшто треба да гласаат или не, дали вреди или не, а тоа е обид за заплашување“, оцени Бајден.

Тој истакна дека неговиот ривал веќе подолго време се обидува да ја доведе во прашање легитимноста на гласањето преку електронска пошта и дека повеќепати има изнесено неточни тврдења за овој начин на гласање и броење на гласовите.

„Она што навистина ме радува е високиот одзив во државите каде што веќе започна гласањето“, рече Бајден.

„Се надевам дека ќе има многу луѓе кои ќе гласаат за мене“, кажа Бајден, додавајќи дека разликата помеѓу него и неговиот ривал е многу голема, во однос на вредностите што тие ги претставуваат и нивниот поглед на светот.

Коментарите на Бајден дојдоа откако анкетите покажаа дека тој е фаворит на изборите.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Објавено пред

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата против коронавирусот.

„Не смееме да се предаваме“, рече Гебрејсус, кој призна дека по неколкумесечна борба со коронавирусот, од кој како последица починаа 1,1 милион луѓе ширум светот, постои одреден замор.

Генералниот директор на СЗО ова го изјави ден откако шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да ја контролираат пандемијата на коронавирусот.

„Еве што ќе направиме. Нема да ја контролираме пандемијата, ќе го контролираме тоа да имаме вакцина, терапија и други средства за ублажување на болеста”, изјави шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоус, за Си-ен-ен, додавајќи дека вирусот е заразен исто колку грипот.

Гебрејсус рече дека ширењето на вирусот може да се спречи само доколку службените и одговорни лица брзо реагираат.

Според последниот биланс, најмалку 1.155.301 лице починале од коронавирус ширум светот, а повеќе од 43.080.500 луѓе биле заразени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест за Ковид-19. „Би сакал да...

Свет7 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа8 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија10 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија14 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија14 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа15 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет15 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија15 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет16 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ16 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија17 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион18 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија19 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа19 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ19 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет20 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија1 ден

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет1 ден

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Досие