Контакт

Европа

Рекорден број на новозаразени во Шведска

Објавено пред

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шведска денеска достигна рекордни 1.474, а властите тврдат дека зголемувањето се должи на зголемениот обем на тестирања.

Вкупниот број на заразени изнесува 48.300, а бројот на смртни случаи, кој денеска се зголеми за 19, е 4.814, што е повеќекратно зголемување во однос на бројот на жители и во споредба со соседните нордиски земји, но исто така и помалку отколку во најтешко погодените европски земји како што се Шпанија, Велика Британија и Италија, пренесува „Ројтерс“.

Наместо да се изолира и да воведе строги мерки, Шведска се потпре на доброволна примена на заштитните мерки од страна на граѓаните, а главниот шведски епидемиолог минатата недела призна дека земјата можела да стори повеќе за да го заштити населението од вирусот.

Поради зголемената критика што доаѓа од опозицијата заради бавното зголемување на обемот на тестирање, шведската влада минатата недела вети дополнителни 639 милиони долари за таа намена, како и за следење на контактите на заразените.

Така, бројот на тестирани минатата недела достигна рекордни 49.200, додека неделата претходно биле тестирани 36.500 лица.

 

Европа

Повторно повеќе од 1.000 активни случаи на коронавирус во Австрија

Објавено пред

Во Австрија, бројот на луѓе кои се активно заразени со коронавирус, а врз основа на растот на новозаразените во последниве денови, повторно надмина илјада.

Според податоците на Министерството за здравство, во моментов има 1.012 активни случаи на коронавирус во Австрија.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 85 нови случаи на инфекција со коронавирус, што по три дена со трицифрен број на новозаразени е првиот ден кога тој број е двоцифрен.

Како и во претходните денови, најголем број новозаразени, дури 57, се регистрирани во Горна Австрија, 21 во Виена, пет во Долна Австрија, по еден случаи во Салцбург и Штаерска.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Австрија, вкупно 18.270 лица се позитивни, а 16.647 се излечени.

Во моментов, хоспитализирани се 78 пациенти, од кои 11 се во одделот за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, спроведени се вкупно 654.105 тестови за коронавирус.

Бројот на починати остана на 706.

Прикажи повеќе...

Европа

На Република Сан Марино ѝ се заканува опасност од банкрот и губење на независноста

Објавено пред

Република Сан Марино е во опасност да банкротира поради економската криза што се случи по пандемијата на Ковид-19.

Поради долгот, таа би можела да ја загуби својата 1.300-годишна независност, пишува весникот „Ил фато Квотиџијано“.

На почетокот на пандемијата Република Сан Марино се двоумеше да воведе карантин поради економски причини, но кога беа заразени 1.200 граѓани од вкупно 33.000 и процентуално скокна на првото место во однос на бројот на заразени во светот, надлежните беа принудени да воведат рестриктивни мерки.

Дури и пред пандемијата, банкарскиот систем на Републиката се распаѓаше, долговите на земјата пораснаа на 360 милиони евра, а сега, за да се избегне финансискиот колапс, надлежните во Сан Марино бараат помош од својот прв сосед Италија и од „Банкиталија“.

Република Сан Марино долго време беше даночен рај, идеално место за криење пари и траги на фирми чие богатство сопствениците не можеа да го докажат.

Од 11 банки, 6 банкротираа, загубите мораше да ги надомести државата, а една банка се национализира.

Во последните пет години богатството на Републиката е двојно намалено, домашниот бруто-производ пред пандемијата бил помал 28 отсто, а поради Ковид-19 и карантинот, се намалил уште 12 проценти.

За да ја ублажи економската криза, Република Сан Марино испечатила државни обврзници „титано“ во вредност од 500 милиони евра. Еден „титано“ вреди едно евро, но тоа не е доволно бидејќи недостигаат пари за исплата на пензии и за живот, пишува весникот.

Дури се размислува и за воведување ДДВ, што би претставувало преседан во историјата на најмалата држава на светот.

„Ил фато Квотиџијано“ пишува дека доколку не ѝ се помогне на Сан Марино, таа би можел да падне во рацете на кинескиот или рускиот капитал, а потоа тие земји би можеле да ја искористат за да купат гласови во меѓународни институции како ООН, ОБСЕ и слично.

Околу 10.000 Италијанци, кои имаат двојно државјанство, живеат во Сан Марино, така што ова е еден од мотивите што некои италијански политичари апелираат да помогнат затоа што ако Сан Марино не успее, тоа ќе биде трагедија и за Италијанците“, тврди членот на Демократската партија, Марко ди Мајо.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанија воведе карантин за уште 70.000 лица

Објавено пред

Официјални лица во северозападниот шпански регион Галиција повторно воведоа ограничувања за речиси 70.000 луѓе по избувнувањето на заразата.

Излегувањето и влегувањето во крајбрежната област А Марина е дозволено само за оние што одат на работа од недела на полноќ до петок, јавува Би-би-си.

Овој потег се случи само еден ден откако регионот Сегрија во Каталонија воведе слична блокада.

Во целата земја епидемијата на коронавирусот е ставена под контрола.

Шпанија забележа повеќе од четвртина милион случаи и најмалку 28.385 смртни случаи.

Во последните три недели земјата бележи едноцифрени бројки на смртни случаи.

Шпанија ги отвори своите граници кон другите земји од ЕУ, како и со Велика Британија.

Регионалните службеници за здравство соопштија дека патувањето до и од округот А Марина ќе биде строго ограничено на пет дена – иако луѓето останаа слободни да се движат во областа.

Собирите се ограничени на 10 лица, а носењето заштитни маски е задолжително надвор.

Официјални лица ги поврзаа епидемиите со баровите во регионот. Капацитетите во баровите и рестораните сега се ограничени на 50 проценти.

Во Галиција во моментот има 258 случаи на коронавирус, вклучувајќи 117 во провинцијата Луго, каде што се наоѓа Марина, соопштија официјалните лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Петмина починати и 78 новозаболени од ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија53 минути

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска Влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска Влада, Влада која ќе остане...

Регион2 часа

Косово го врати полицискиот час

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, соопшти дека од денеска во некои градови се воведува полициски час поради зголемениот број на...

Регион2 часа

(Видео) Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ3 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура3 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија3 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион18 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион19 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава20 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет20 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт21 час

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија22 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ22 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија1 ден

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Досие