Свет
Рекорден број на починати од Ковид-19 во Бразил

Бројот на починати на коронавирус во Бразил се зголеми за 3.251 во последните 24 часа, што е рекорден број на пријавени смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, анализираат медиумите во таа земја.
Досега вкупно 298.676 граѓани на Бразил починале како резултат на коронавирусот, пренесуваат агенциите.
Во последните 24 часа и во Украина се регистрирани 342 смртни случаи од последици на коронавирусот, што е највисоко од почетокот на пандемијата за еден ден.
Министерот за здравство, Максим Степанов, рече дека се пријавени нови 14.174 случаи на коронавирус, пренесува „Ројтерс“.
Во оваа земја, коронавирусот е регистриран кај 1,57 милиони луѓе, а починале 30.773 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кинеската вакцина е 50,7 проценти ефикасна против бразилскиот сој на Ковид-19

Вчера во Бразил од Ковид-19, починаа 1803 лица а големо истражување спроведено во таа земја покажа дека кинеската вакцина, која е главен избор во бразилската кампања за вакцинација, е 50,7 проценти ефикасна против новиот бразилски вид на коронавирусот.
Бразил, кој стана глобален епицентар на пандемијата на коронавирусот во последните неколку недели, забележа повеќе од 37.000 нови случаи, соопшти вчера Министерството за здравство.
Со повеќе од 353. 000 смртни случаи, најголемата латиноамериканска земја е втора по стапката на смртност од Ковид-19 во светот, по САД.
Ширењето на болеста неодамна влезе во најтешката фаза поради недостаток на државни мерки и несоодветна кампања за вакцинација.
Биомедицинскиот институт „Бутантан“ од Сао Паоло, кој ја тестираше и сега ја произведува вакцината „Коронавак“ од кинеската компанија „Синовак“, во неделата соопшти дека студија спроведена на 12.400 волонтери низ Бразил покажала дека вакцината е 50,7 проценти ефикасна во борбата против варијантата „П1“ и против помалку распространетиот вид познат како „П2“.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој изрази сомнеж за вакцината и е критикуван за справување со пандемијата, првично изјави дека неговата влада нема да ја купи вакцината на „Синовак“. Оттогаш владата направи пресврт и се обиде да обезбеди залихи, со што кинеската вакцина е најраспространета во земјата.
Свет
Блинкен: Кина ја влоши пандемијата криејќи податоци

Неуспехот на Кина да им обезбеди пристап на глобалните здравствени работници ја направи пандемијата на коронавирусот полоша отколку што требаше да биде, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Кина не им даде пристап на меѓународните експерти ниту размена на информации во реално време за да се обезбеди вистинска транспарентност, изјави Блинкен за Ен-би-си во неделата.
„Како резултат, вирусот излезе од контрола побрзо и, мислам, со многу посилни резултати отколку што инаку би можел“, рече Блинкен.
Тој додаде дека ваквите настани укажуваат на потреба од посилен глобален систем на здравствена заштита за да се осигура дека тоа нема да се повтори, објави „Ројтерс“.
Реформите мора да вклучуваат заложба за транспарентност, размена на информации и експертски пристап, и Кина мора да игра улога во тоа, додаде тој.
Блинкен рече дека е важно да се излезе со појасно објаснување за почетокот на пандемијата.
„Мораме да го сториме тоа прецизно за да разбереме целосно што се случило, за да имаме најдобар можен начин да спречиме да се повтори“, рече тој.
Острите зборови на првиот американски дипломат следеа по критиките од другите членови на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за недостаток на транспарентност во Пекинг во клучните рани денови на пандемијата.
Свет
Напад на нуклеарната централа Натанц во Иран, Техеран се закани со одмазда

Иранските власти го обвинија Израел за инцидент во подземната нуклеарна централа Нетанц и најавуваат одмазда, објави денеска иранската државна телевизија изјава на министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф.
Вчерашниот инцидент во нуклеарната централа Нетанц, официјален Техеран го опиша како акт на „нуклеарен тероризам“ и објави дека го задржува правото да преземе соодветни мерки против насилниците.
„ Ционистите сакаат да ни се одмаздат за напредокот што го правиме во укинувањето на санкциите. Тие јавно изјавија дека нема да ни го дозволат тоа. Но, ќе им се одмаздиме на ционистите“, најави Зариф.
Овој пат, израелските власти не го забранија медиумското известување за овој случај, како што беше пракса во претходните, слични ситуации.
Напротив, израелските медиуми во голем број известуваа за инцидентот во Нетанц, а израелскиот јавен радио сервис направи невообичаен чекор понатаму и објави дека израелскиот Мосад „игра централна улога“, објави претходно лондонски „Гардијан“.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш